Да, судот е под влијание на власта, а таа повеќе пати докажала дека има двојни аршини.
За тоа и всушност најмногу пишувам. Затоа и ќе добијат по 15 години, а после 8 ќе излезат, као да ништа није било. Исто како што хашките злосторници шетаат ослободени, а Јохан одлежи. Исто како во случајот со Кале, кога Албанците веднаш беа ослободени, а Комитите завршија со кривични. Исто како во било кој случај на спроведување на законите. Дали се работи за плаќање даноци, вода, струја и што и да е. Едните плаќаат другите не. Едните биваат малтретирани за најбезначајни сообраќајни прекршоци, дури и во најбедните провинции, додека само на 500 метра од воинот на коњ, во калифатот на Меџити, паркира кој кај сака и вози како сака. Но им се може, пошто ниту УЈП не ги задева, да не ги вознемири....
Уф, заморно е и можам до утре да набројувам примери, како државата има двојни аршини.
Овој случај по стоти пат тоа ќе го покаже, кога ќе излезе на виделина конечната пресуда, кога точно ќе знаеме колку ќе лежат. Тогаш ќе ги нема партиските триумфалисти на форумов, кои беа убер гласни кога пресудава беше изречена. Но, нив ги боли уво за народот Македонски, иначе до сега немаше да дозволат да ни ги правите континуирано тие нешта кои ни ги правите.