Фан Клуб: РК Макс Струмица

  • Креатор на темата Креатор на темата Xfire
  • Време на започнување Време на започнување
Факт е дека Струмица е одбојкарски, а не ракометен град... Факт е и дека Струмичани го сакаат спортот, но сакаат конкурентен спорт, а не спорт каде однапред знаат дека нивниот тим ке изгуби со 10-15 голови разлика... Ракометот кај нас опстојува долго време, но тим реално имаме во последните 3-4 години и пред тоа кога Супера беше спонзор... Но за публиката јасно беше дека со Монпеље ке има малку луѓе... Си отиде Раде, си отидоа позајмените од Вардар, Кукоски и Терзиќ и останавме да играме со Јоцо, Везенковски и Чантурија заедно со пикерите Трена и Павловски... Струмичани сакаат да бидат конкурентни... Пример ти ги спомна и Бриџер натпреварите со Архус еве ке го спомнам и Скјерн како и натпреварот со Макаби... Салата беше преполна... Имавме конкурентен тим и имаше зошто да се полни салата... Ако утре пример и Вардар и Металург немаат конкурентни тимови или не играат со конкурентни противници исто и нивните натпревари нема да бидат посетени... Пример Вардар кога не играше ЛШ, повеке луѓе имаше само на натпреварот против Металург, а Металург ако знаеме дека повекето фанови му се од внатрешноста пак замисли колку би имал ако не игра ЛШ... Тоа е кога имаш конкурентен тим ке имаш и публика... Така да ако оваа сезона направат, а како што гледаме и прават конкурентен тим натпреварите посебно од ЕХФ купот ке бидат доста посетени....

ПС. Да го спомнам и моменталниот состав

голмани- Стојановски и Трајкоски
десни крила- Чантурија и Стојанов
леви крила- Атанасов и Босеовски
лев бек- Стојановиќ, Младеновски, К. Митрески
среден бек- Везенковски и Спировски
десен бек-Милосавлевиќ
пикер- Игор Павловски

Тоа е засега официјално... Според мене ке донесат уште еден десен бек и еден пикер и евентуално плус Пецаковски... Веројатно во одбрана би играле Спировски и Кире Митрески
Ќе треба лево крило да се земе многу проблем си имаме на таа позиција. Што е проблемот не знаат од каде да најдат ??[DOUBLEPOST=1404498560][/DOUBLEPOST]http://www.strumicanet.com/index.ph...-nema-povtorno-kje-pokrie-marjan-andonov.html
Стојановиќ заменик тренер ? Ако биди тоа :tapp:..
 
Последно уредено:
Ќе треба лево крило да се земе многу проблем си имаме на таа позиција. Што е проблемот не знаат од каде да најдат ??[DOUBLEPOST=1404498560][/DOUBLEPOST]http://www.strumicanet.com/index.ph...-nema-povtorno-kje-pokrie-marjan-andonov.html
Стојановиќ заменик тренер ? Ако биди тоа :tapp:..

Другар слушни го интервјуто на Славе Гошев... Ке се форсира Павлето да игра лево крило, според мене оправдан потег, ако сака у иднина да произведува играче мора да се дава шанса на младите... Замена десно ке биде уште едно дете производ на РК Струмица Стојан Стојанов плус ке се придодадат уште неколку од младинскио погон и ке се комплетира екипата
 
Другар слушни го интервјуто на Славе Гошев... Ке се форсира Павлето да игра лево крило, според мене оправдан потег, ако сака у иднина да произведува играче мора да се дава шанса на младите... Замена десно ке биде уште едно дете производ на РК Струмица Стојан Стојанов плус ке се придодадат уште неколку од младинскио погон и ке се комплетира екипата
Па да јас викам дека тоа е проблемот не дека не се добри туку дека искуството преовладува.. Ама ајде и онака Зомимак ретко шутира од лево крило уште кога беше и Шалевски главно бековите и пикер. А сакав да прашам ќе има пријателски натпревари или прво ќе има подготовки ?
 
Ја ви од Пецако ништо а слушам и за Раде некој маабете и за буџето оти е значително намален.
http://ekipa.mk/petsakovski-prodolzhuva-vo-dubai/
Абе и играчите овде претеруваат,бараат нереални пари за вакви лига,за кои утакмици?за Тинекс,Радовиш,Охрид,Јуниор...
Реално ниту еден играч не вреди да му плаќаш над 1000 евра плата,па кој сака нека е...(освен тие во Вардар и Металург)..
За две утакмици со Вардар и Металург дома,кои секако ќе се изгубат...
Малку и газдите претеруваат,јас да сум на местото на тој газдата ваш нема шанси за 35 годишен играч да давам по 3,4 К месечно,играч кој при прва шанса пак ќе избега некаде во Катар,Матар или друга вукојебина...
За тие пари ќе зеам 2 млади играчи,салам(еден куп ги има низ Балканот),кои ќе бидат перспективни,на договори од неколку години,не година за година како со Раде и компанија,па врз нив ќе ја правам екипата,сто пати поисплатливо,ем ќе се докажуваат,ем ако се покажат ќе можат да се шитнат некаде,и клубот ќар и играчите ќар...
Ама кај нас газдите сакаат успех преќу ноќ,е не оди така...
 
Иначе Радето си оди колку знам али ќе видиме
 
Како бе си оди , нели потпиша за вас пред некоја недела ??
Исто и тој имаше изјавено дека потпишал за вас...:confused:
 
Има потпишано али колку знам има клауза ако стигне понуда од странски клуб да си оди
 
Пак сте го зеле Нахас:pos:
Комедии ми е циганчево три лета ги тера во Македонија и никако да заигра:icon_lol:
 
ХОДОР НАХАС СТИГНА ВО СТРУМИЦА

20140719165135_nahas.slave.jpg


Либанецот Ходор Нахас е најновото засилување за Зомимак-М оваа сезона. 30-годишниот десен бек од вчера е во Струмица и ќе има доволно време да се прилагоди до почетокот на првиот собир кој е закажан за почетокот на август.

„Договор со Зомимак-М имав потпишано уште минатата сезона, но поради лични причини не можев договорот да го испочитувам и се договоривме да од следната сезона се приклучам на тимот. Сега веќе сум во Струмица и презадоволен сум од гостопримството на луѓето од управата на клубот. Желен сум да ги покажам моите квалитети на струмичката публика.“ - изјави Ходор Нахас.

Десниот бек стави потпис на едногодишен договор и оваа сезона конечно ќе заигра за „рисовите“.

http://www.rkstrumica.mk/view_vest.php?id=224

Еве и официјално... Само незнам дали му е завршена суспензијата или повторно како лани ке дојде во Струмица да се прошета само летото... Инаку очекувано десен бек, па очекувам само уште еден пикер како замена за Павловски

 
Зошто Колев го пуштиле за овој од Радовиш? Колев за него е Омејер :D
 
Зошто Колев го пуштиле за овој од Радовиш? Колев за него е Омејер :D
Биди сигурен дека не е :D. Колев има 35-6 години, на залез на кариера, Благојче во најдобри години, плус и во Куманово и во Радовиш главен играч во екипата во однос на перформанси и континуитет во формата :)
 
Нахас е тежок психопат,толку нестабилен играч неам видено....
И сам не знае шо сака,сака да игра во Европа,па после наеднаш го фаќа носталгија,сака да се врати во Либан(женска имал таму):pos:па не му се игра,па после пак му се игра па преку ФБ ќе ги моли од управа да го вратат..
Настрана шо има проблем со конзумирање недозволени супстанции...:vozbud:
Абе Арап и ракомет:icon_lol:fucked up situation....:гик:
 
Ама за десно ќе го биде ептен е темпераментен и пргав :)

Sent from my GT-I9195 using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom