Земав компјутер од АМЦ и веке долго го користам ама графичката беше ужас Point Of View GeForce GT630 2GB SDDR3-скоро сите игри ги играв на најслабо и пак кочеа затоа решив да ја сменам.Сакав да земам некоја како GTX 650 ама во амц ми рекоа дека имам слабо напојување 400W и дека можело да се расипе.Јас не сакав да идам на ризик па затоа земав од новите Р7 графички од АМД Sapphire R7 250 2GB GDDR3 W/b.....Сега за 720п монитор што го користам веке повеќе од 5 години Asus VW192s Splendid дали ќе беше подобро да земам некоја ддр5 графичка ?
Оваа R7 250 што ја имам е добра според мене иако е GDDR3 бидејќи на 720p 1400x900 скоро сите нови игри ги играм на најако на махимум без кочење и лаг.
Еве ПЦ и дали е добар ?
CPU: Intel Core i5 3470 3.6 GHz
RAM: 6GB Kingston HyperX Black
MB: Foxcon H61-MXE-V
GPU: Sapphire Radeon R7 250 2GB GDDR3
PSU: 400W
Имаш ѕверска RAM меморија и дефинитивно си требал да ја купиш таа графичка картица GeForce GTX 650, бидејќи доаѓа со GDDR5 RAM меморија.
Јас имам GeForce GTX 650 Ti BOOST графичка картица со 1GB GDDR5 RAM меморија, а напојувањето ми е со моќност од 500 вати, иако препорачливо е напојување од 600 вати.
Во целост сум задоволен од графичката картица и немам причини за поплаки.
Матичната плоча ти е стара и со слаби спецификации, но сепак поддржува максимум 16 GB DDR3 RAM меморија - ова е системската меморија, а не меморијата на графичката картица. Но сепак твојата матична плоча поддржува i7 процесори, па останува отворена вратата за појачување во иднина со понов процесор.
На Интернет страницата кон која води наредниот линк, можеш да видиш листа на процесори кои ги поддржува твојата матична плоча.
http://www.foxconnsupport.com/cpusupportlist.aspx?type=mb&socket=Socket 1155&model=H61MXE-V&cputype=Intel
Доколку компјутерот сеуште е под гаранција, можеш да купиш добро напојување од Cooler Master со моќност од 500 вати или од 600 вати од СЕТ Компјутери или од Анхоч, па да ги однесеш куќиштето и новото напојување во АМЦ и таму да го извадат сегашното напојување и да го вградат новото напојување, со цел да не ти биде поништена гаранцијата поради отворање на куќиштето од неовластено лице.
А доколку гаранцијата на компјутерот е истечена, слободно можеш да го смениш напојувањето на куќиштето кога сакаш и каде сакаш, но најдобро ќе биде да го оставиш тоа на некој кој се разбира од компјутери и кој нема да ти направи беља.
Се разбира, ново напојување ќе те чини пари, квалитетните напојувања се продаваат по цени од 2.500 денари па нагоре, но тоа е еднократна инвестиција која ќе ти биде од огромна корист на долгорочен план.