Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата Креатор на темата templar55
  • Време на започнување Време на започнување
Колку што знам авионот летал во меѓународен простор а не забранета зона..
 
Па цело време вадиш статии од руски сајтови коишто во вакви ситуации не можат да не бидат пристрасни.
Истите твитер акаунти кои пред недела дена се фалеа за срушениот воен авион, денеска во исто време со рушењето на патничкиот авион се фалеа дека срушиле уште еден воен авион.
Исто така ја имаш избришаната изјава на Стрелков од денеска пола саат после рушењето на малезискиот авион.
Имаш и слики дека руските сепаратисти имаат БУК тенк кој може да собори патнички авион на таа височина.

Каков заклучок очекуваш да донесам?

Се надевам дека БУК-от е украински, оставен кога украинските војници ги напуштија териториите на сепаратистите, а не БУК донесен од Русија, затоа што тогаш би можело да биде позаебано.

Една слика само за трасата ми беше од Руски сајт. Пред тоа сите цитати ми беа од Британски Телеграф. И за сведочењата од лице место и за зоната каде што британски пилот вели дека не би требало да се лета над таа зона.
 
Има разлика од не би требало, и забрането летање.
 
Да, ама не би требало и не смее се две сосема различни работи.
Во принцип, меѓународните правила велат дека нема ‘забранета‘ зона за патнички авиони, дури ни во места каде што се војува затоа што се смета дека освен официјални државни војски, никој друг нема технологија да сруши патнички авион. Што е сосема погрешно, како што можеме да видиме.

Локалните жители кажуваат дека црната кутија е најдена.
 
И што ако ја најдат? Ќе им каже некој на пилотите дека ќе ги уништат за неколку секунди?
 
И што ако ја најдат? Ќе им каже некој на пилотите дека ќе ги уништат за неколку секунди?
Не е само црната кутија за радио преносите, има и flight data recorder, сигурно ќе помогне во истрагата.
 
Никаква забрана немаше за прелети над Украина. Во текот на кризата неколку пати ја користев flightradar24.com и патнички авиони си прелетуваа над источна Украина. Дури и чудно ми беше. Единствено од како се разгорија битките некои компании Луфтханза, Ерфранс почнаа да ја избегнуваат источна Украина, но други компании сеуште прелетуваа.

Денес уште пред да се објави веста за авионот, русите на твитер и по форуми започнаа да се фалат како собориле украински АН-26.

Исто претходно се фалеа дека имаат БУК-ови. Денес сите твитови се избришани.

Еве линк од избришаниот твит.
https://twitter.com/dnrpress/status/483248037629018112
https://twitter.com/dnrpress/status/483248037629018112
Ако пребарате со Google cache сеуште си е тука.
http://webcache.googleusercontent.c...witter.com/dnrpress/status/483248037629018112

Еве и скриншот.
KJ0h3nZ.png
 
Има разлика од не би требало, и забрането летање.

Тоа е вина на некој кој е одоговорен за безбедноста на земјата.
Сепак мене ми нема логика изменувањето на трасата без пред тоа да се известат управата на летање на Украина или Русија.

Црната кутија е во рацете на припадниците на трупите на ДНР и ЛНР.
 
Не е само црната кутија за радио преносите, има и flight data recorder, сигурно ќе помогне во истрагата.
FDR-от може да прикажи инстантен прекин во напојувањето, односно дека се работи за удар од проектил. Истото е и со остатоците, кои би требало да имаат видливи хемиски траги од ексползив.

Прашањето е кој пукал? И вечно ќе си остане мистерија.

Во игра е тешка геополитика.
 
Црната кутија е во рацете на припадниците на трупите на ДНР и ЛНР.
Сега ќе излезе проблем кој да ја спроведе истрагата, Украинците немаат пристап а овие од ДНР не ги признаваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom