The needs of the many outweigh the needs of the few. `~ Spock
Нажалост, во релативно примитивно општество како нашето ваквите "небулози" ќе останат во
книжевната и филмската индустрија. Ќе продолжиме да сонуваме за власт која ќе работи во полза народот
ослободување од догматските пранги и зонското паркирање ќе продолжи да го монополизира народното трпение
и капитал.
Идеологиите, односно притисикот кој го емитираат преку луѓето кои ги држат исто така влијае на многу нивоа и аспекти.
Познато како менталитет на стадо, станува збор за феномен кој опишува како луѓето се подложни на пукање
под тој притисок кој им го врши стадото и воедно наведувајќи ги и самите да почнат да следат одреден тренд, верување или идеологија.
За примери можеме да земеме разни феномени од многу сфери,
од суеверија до берзни трендови.
Специфично, кога станува збор за партиски идеологии на неколкумина, самото наметнување на овие идеолошки компоненти
се врши пропагандно. Интересно е како самиот термин пропаганда кој денес се користи исклучиво во негативна конотација
како дескрипција на сет од акции кои се користат за манипулирање толпи на луѓе или
оправдување на други инаку неоправдливи акции како геноцид, тероризам и слично.
Таков е случајот со националистичките конфликти во нашата земја.
Постојат многу техники на пропагирање на идеологии и во глобала сите од нив користат
некаков вид на аргументативни заблуди за да функционират.
На пример, интересен пример е дијаметралноста на ВМРО - СДСМ и верувањето на толпата дека
нивниот избор треба да одлучи единствено "помеѓу тие две зла".
Случајот за кој е отворена темава се нарекува argument from authority. Во припцип, станува збор за обид
да се воспостави статистички силогизам кој ќе ја поткрепи самата идеологија.
Ваквите манипулатори/пропагатори се хранат со слабостите во човечката психологија.
Специфично, argument from authority својата заднина ја наоѓа во феномен наречен Asch Effect.
http://en.wikipedia.org/wiki/Asch_effect
Екстензивни експерименти на база на Asch Ефектот покажале дека испитаниците
имаат поголеми тенденции да го прифатат мислењето на индивидуи со повисок статус иако
често нивниот избор бил очигледно грешен.
Интересно е како еволуцијата придонесува до оваа феноменологија, односно себичноста на луѓето
и нивното бескруполозно искористување на тие статусно под нив.
Во денешно време, се смета дека луѓето во минатото често делувале кооперативно и
се групирале со цел да исполнат разни цели како лов, риболов и заштита од диви животни.
Се разбира дека ова е сосем логично, бидејќи и денес луѓето имаат таква тенденција
на групирање, формирање социјални врски како пријателства и слично.
Како и да е, самото групирање било форсирано од невозможноста да се преживее како индивидуална единка,
и алтрузимот еволутивно сепак настанал од себични причини.
Луѓето сакаат да контролираат. Да поседуваат бидејќи тоа го храни чувството на воспоставена контрола
кое, in turn стимулира чувство на сигурност, комплетност, функционалност и предвидливост на настаните.
Всушност луѓето не се до толку зависни од самата воспоставена контрола туку чувството на сигурност кое го нуди.
Контролата отсекогаш била дел од човечкиот живот.
Нашите претци правеле разни магиски ритуали со цел да доминираат врз некој аспект од нивните или туѓите животи, предмети и слично.
Значи, контролата работи како превентивен/дефанзивен механизам.
Луѓето се штитат од психофизичка болка така што ги контролираат работите кои можат да ја нанесат,
моќта им дава чувство на контрола и сигурност и така натаму.
Како заклучок, би рекол дека сосема нормално е идеологиите на малкумина да влијаат врз разни аспекти од психолошката слика на многумина
но сепак сметам дека за таа цел не треба да се користат манипулативни техники кои се базираат на експлоатација на
слабости од човечкиот психолошки склоп.
"The public sucks. Fuck hope." ~ George Carlin