Скапи испити и често повеќекратно полагање за возачка дозвола

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
До колку коња може да се вози во првите 2 год?
Во првите 2 години (односно 3 години, доколку положиш на 18 години), смееш да возиш автомобил што има максимум 75 киловати.
Законот е според киловатите, значи 75 киловати максимум ... тоа пресметано во коњи ќе му дојде околу 99/100 коњи.

Мене досега само еднаш ме има застанато полиција, а мојот автомобил има 80 киловати (109 коњи), али не ме казнија :)
 
Ги активираше врските а ххх положив на 19 год значи треба до 21 да чекам.
 
Во првите 2 години (односно 3 години, доколку положиш на 18 години), смееш да возиш автомобил што има максимум 75 киловати.
Законот е според киловатите, значи 75 киловати максимум ... тоа пресметано во коњи ќе му дојде околу 99/100 коњи.

Мене досега само еднаш ме има застанато полиција, а мојот автомобил има 80 киловати (109 коњи), али не ме казнија :)
Среќа. Си го начекала полицаецот расположен :D Јас имам слична случка, колата ми беше паркирана на недозволен простор, јас тркнав до продавница и кога се враќам гледам пајак дошол и наместил такви рачки на сите 4 тркала спремни да ја дигаат :) Се затрчав до полицаецот, го замолив и им рече тргајте рачките, а мене ми вика ајде бегај побрзо :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Чекај,шо,сериозно е ова ?! Дај потврди ,навистина го вратиле,од кога ?! :)
Посериозно неможи да биди. Има година и пол, можи и поќе кај шо е вратен.
 
55. ,,Возач-почетник” е секој возач на моторно возило во период од две години по добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство. Возач-почетник е и возач на моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија;

Од законот за безбедност во сообраќајот

Никаде не е наведено до 21 година (претходно беше)
55. "Возач-почетник" е секој возач на моторно возило до 21 година
возраст
, кaкo и возач на моторно возило во период од две години по
добивањето на возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во
Република Македонија или во странство. Возач - почетник е и возач на
моторно возило во периодот од две години по добивањето на возачката
дозвола од одредена категорија, независно дали поседува возачка дозвола
за друга категорија;
 
можеш да ми го најдеш оној дел за ограничување на силата на моторот за почетници ?

Член 240
(1) Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите ,,А”, ,,Б”
и ,,Ц”, односно од поткатегориите ,,А1” и ,,Ц1”, не смее да управува со возило со
брзина поголема од 60 километри на час на јавен пат, односно со брзина
поголема од 80 километри/час на пат наменет исклучиво за сообраќај на
моторни возила, односно со брзина поголема од 100 километри/час на автопат,
а со велосипед со мотор повеќе од 40 километри/час, ниту смее со возилото да
влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две
години од денот на издавање на возачката дозвола.
(2) Возачот од ставот (1) на овој член, не смее да управува возило во
патниот сообраќај во времето од 23 часот до 05 часот, освен ако со него во
возилото се наоѓа лице –возач постаро од 25 години, на кое не му е изрекувана
прекршочна санкција забрана за управување со моторно возило.
(3) Возачот од ставот (1) на овој член, кој поседува возачка дозвола од ,,А”
категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25
киловати.
(4) Возачот од ставот (1) на овој член кој поседува возачка дозвола од ,,Б”
категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 75
киловати.
(5) Глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возачот кој постапува спротивно на одредбите од ставовите од (1) до
(4) на овој член.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom