Не знам у кој филм си влезен,али ако ти зимаш 1000евра плата и можеш да си дозволиш аплицирање преку коузон кое не ти гарантира работа,и кое обично е за студенти и за 3 месеци работа у америка,немаат сите пари да издвојат за тоа.
Туку зашо не идеш у дубаи?знаеш таму што убаво е за христијани,не смееш ова,не смееш она,не смееш вака,не смееш така,у затвор повеќе слобода имаш отколку кај арапине.
Не знам зашо не сфатиш дека тие што работат у дрексл или џонсон немаат факултет,немаат 5000евра на сметка,немаат услови за од град да испаднат а не па од држава.
Успут од лично искуство да ти кажам дека и за бг пасош треба нешто над 1000евра(јбг знам за тебе ова е ситница,али за луѓено од дрексл тоа се 6 месеци работење без да трошат на ништо,само за пасош да ги дадат).
Учењето јазик не е научна фантастика ако си го учел на време,али има многу што не го учеле.ете у мое време некои учеа англиски,некои француски,некои дури руски и колку што се сеќавам немаше опција да бираш туку што ќе ти се падне тоа ќе учиш.
Има решение и за повеќето од овие проблеми. Еве како јас би постапил да сум во таа ситуација.
(Следново е под услов да се откочат работите со бг пасошот, кои како што знаете се искомплицираа од минатата година.)
Работа на брод за почеток. Да, ти требаат нешто над 1000 евра за да отидеш, но тоа е единствената пречка.
Мислам дека повеќето луѓе можат да најдат толку. Ќе заштедат нешто, ќе позајмат нешто, ќе продадат нешто...
Некои не можат, јеби га, но сепак не е тоа нереална сума.
За одење на брод не мора да си студент, ако си под 40 не би требало да имаш проблеми. За некои работни позиции (чистач и сл.) ти треба многу, многу малку јазик.
Секој може да поднаучи малку за многу кратко време. Знам вистински ќутуци што не знаеја да склопат две реченици кои сепак отидоа.
Кога веќе отидеш еден пат, ќе почнеш да штедиш пари и да го учиш англискиот додека си на бродот (таму ќе немаш баш избор и многу побргу ќе оди).
Кога ќе се вратиш, ќе ги вратиш парите што си ги позајмил и ќе го финансираш следното одење.
Ако не си се пијанчил многу по Бахамите, ќе имаш и доволно за да аплицираш за бг пасош (севкупно ме фати 450-500 евра, не 1000...и не се даваат сите пари одеднаш; на почетокот дадов само 200 евра).
Во меѓувреме ќе направиш уште две тури на брод се додека не ти излезе пасошот.
Значи, отприлика околу 2-2.5 години од првото стапнување на брод, после направени 3 тури и поднесено за бг пасош,
ќе имаш неколку илјади евра во банка, ќе имаш бугарски пасош и испечен англиски јазик.
Правец - Обединетото Кралство.
Ова не е воопшто нереално, знам луѓе кои го имаат направено.