Стравот е проекција на нашиот ум. Се плашиме дали ќе паднеме. Ако паднеме, се плашиме дали силно ќе удриме на земјата. Потоа се плашиме дали ќе сме лошо повредени, дали ќе сме инвалиди итн. Значи можеме да кажеме, дека стравот е заснован на нешто што се уште не се случило, претставувајќи фантазија на нашиот ум, а не факт.
Некои личности го сакаат стравот бидејќи се зависници од адреналин. На пример активности од типот на банџи скокови, скокови со падобран и така натаму.
Будистите го нарекуваат стравот облик на страдање. Треба да сме внимателни, будни, да го разбереме стравот и да реагираме најдобро во дадената ситуација. Ако стравот ја преземе контролата стануваме беспомошни. Процесот на стравот кој се претвара во фобија е сличен во будистичката психологија, како кога бесот се претвара во слепа омраза, и кога вкусното чоколадо се претвара во зависност. Во почетокот бесот или стравот имаат корисна функција во животот (да не заштитат од страдање). Кога тие проекции ќе израснат во фобија, умот претерано реагира на таа ситуација. Во тој случај умот го претвара пајакот во чудовиште, а висината од балконот во провалија. Фобиите не се лечат со лекови, треба умот да започне да реагира нормално.
Треба да се види дека стравот е форма на страдање, и да се воспостави контрола над умот. Добар лек против стравот е да се испровоцира истиот активно. Ако се плашите да изгубите нешто, дајте го тоа. Ако се плашите од висина, качете се на високо место. Тоа е наједноставниот начин. Крајниот страв е стравот од смртта, губењето на нашето его и се што имаме. Во тој смисол стравот не е ништо друго освен облик на " ВРЗАНОСТ ", во овој случај врзаност за начиот живот, за се што поседуваме, наш концепт за " СЕБЕ ."
Преземање на одговорност за своите проблеми. Признајте ги своите страдања заради своите стравови. Не дозволувајте стравот од стравот да го претвори животот во беда. Соочете се, во спротивно ќе се чувствувате бедно до крајот на животот