Многу ме бендисува виндоус мобиле како оперативен систем. Би ве замолил искрено кога ќе дојде време да си купам нов телефон приближно за 4 месеци кој од моменталниве понуди е најдобар виндоус мобиле или да чекам некој нов да се појави наредниве месеци? Исто така бидејќи бев корисник на андроид а факт е дека врие од апликации таму, дали нешто ќе ми недостасува од апликациите и општо дали би ми фалел андроид? Фала однапред и поздрав.
Во глобала зависи што очекуваш од Виндоусот како оперативен систем.
Јас сум корисник на виндоус фон од 14-15 февруари и до сега сум задоволен од ОС. Најбитните апликации ги имам како Viber, WhatsUp, Skype, Tapatalk (мада не ја користам многу многу), Facebook, Office, Adobe. Oвие ти ги кажувам што најмногу ми се потребни. Покрај нив има уште мал милион што се вика апликации ама има и далеку далеку помалце од андроид.
За телефон имаш време, за 3-4 месеци ке излезат сигурно нови. Во перформанси не очекувам да е голема разликата (зборам за среднобуџетен телефон) ама модел ко модел ке е понов и секако дека поубаво ти е да имаш од поновите.
Јас за да земам Виндоус фон се одлучив од денес за утре и да ти кажам дека не згрешив. Претходно и јас бев на Андроид и моментално ми фалат само две апликации кои ги нема за WP, а тоа се:
1. Data Manager - да ти води сметка колку интернет трошиш без да проверуваш со пораки и логирња кај операторот. Нокиите имаат Data Sense во телефонот ама само нокиите, јас имам Самсунг и за жал оваа можност сеуште ја немам. Се надевам од крајот на месецов со 8.1 ќе дојде со самиот апдејт.
2. Control calls - да ти води евиденција колку повици си направил во определен период и исто за пораки. Битноста на апликацијава зависи од тоа на кој оператор си претплатник. Јас сум на Оне и имам глупа претплата а тоа е имам 5000 минути кон сите мрежи ама распоредени ми се во 200 повици. Ако си од оние претплати каде што имаш 1000+ минути без ограничување на повици ондак оваа апликација не ти треба.
Во глобала тоа е тоа. Во секој случај првата реченица е најбитна.