Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 26.413
- Поени од реакции
- 35.093
На друга тема прочитав неколку размислувања за гласањето и претстојните избори. Меѓу другото некои таму спомнаа идеја дека гласањето со закон треба да се направи да биде задолжително во вид на обврска за секој граѓанин. Почнав да пишувам мое мислење таму, но текстот испадна долг и сето тоа понатаму почна да ми изгледа како добра идеја за одделна тема. И така, еве сме тука.
Задолжително гласање е нонсенс.
Гласањето траба да е привилегија, а не обврска.
Jaс дури мислам дека право на гласање би требало да биде заслужено на некој начин, а не стекнато со возраст.
Проблемот е како да се направи да со политика професионално да се занимаваат само социјално одговорни, морално и етички исправни луѓе. Пошто реалната состојба е дека денес со политика се занимаваат скоро исклучиво бескрупулозни и неетички луѓе (ќе бидам политички коректен и нема да употребам по...тешки зборови).
Второ, проблемот е давање на еднакво право на одлучување на сите, без никаква дискриминација по основа на социјалната одговорност, моралните вредности и заслугата на гласачот.
Пред да ме распнете на крст (или на нешто полошо), сослушајте ме (или ок, прочитајте ме).
Најдобра идеја за тоа како да се реши погореопишаниот проблем, на мое тогашно изненадување имам прочитано во книга од жанрот на научна фантастика (прикладно нели, чим веќе се бара одговорност, морал и етика во политиката).
Се работи за книга од Роберт А. ХејнЛејн:
http://en.wikipedia.org/wiki/Starship_Troopers#Politics
Наспроти насловот, жанрот и се друго што прво ќе помислите... концептот на управување на државата претставен во оваа книга е прилично добар.
Право да гласаат и да се занимаваат со политика и управување со државата во имагинарниот свет на Роберт А. ХејнЛејн, имаат само воените ветерани што отслужиле барем 15тина години воена служба. Тоа е незадолжителна служба за која тие примаат минимална плата, немаат слободно време ни да ја потрошат ни таа плата, и претходно имаат толку тешка и долга обука да 95% од волонтерите се откажуваат пред да ја завршат обуката.
Воената служба не е обврзителна и напротив, волонтерот може да се откаже во секој момент, без никакви последици (освен што го губи правото пак да волонтира).
Идејата е дека само некој што практично жртвувал барем 15 години и го ризикувал животот за својата татковина, само таков човек може да биде само социјално одговорен и целосно посветен на добросостојбата на татковината.
Мене концептот ми звучи многу исправно.
Утопистички, да. Но многу праведен и исправен концепт кој кога некако би се остварил, секако добро би функционирал.
Замислете што се случува денес во светот со денешниве „демократии„.
Прво тие демократии се само привидно демократски (нема да го елаборирам ова), а второ дури и кога ќе се изгласа некој популарен закон, најчесто тој закон не може да опстои.
Пример?
Не можам да смислам подобар пример од престојниот референдум во Швајцарија, каде ќе се гласа за воведување за минимален гарантиран приход. Тоа практично значи плата за сите, без разлика дали работат нешто или не.
Ох да, звучи феноменално, нели. Повеќето од нас веќе размислуваат колку би било супер целото време да се поминува во забава, со фамилијата и/или со некоја рекреација по избор.
Според предлогот од швајцарскиот референдум, кој е задоволен со минималниот гарантиран приход (2.5 до 3 илјади швајцарски франци им е предлогот), тој не мора да работи... а кој сака повеќе тој ќе треба да работи некоја поплатена работа.
Но реалноста е дека во денешната фаза на развојот на науката и техниката, ова не може да функционира. За доволно време дури и дебелиот трезор на Швајцарија ќе се испразни. Грешат затоа што ги потценуваат капацитетите за џаболебарење на луѓето.
Посебно сега откако барем четвртина од наслението им се емигранти од сиромашни (џаболебарски) држави.
Нејсе. Што ми беше поентата со швајцарскиот пример?
Дека социјално неодговорни и морално незрели луѓе гласаат за социјално неодговорни и морално незрели политичари, и гласаат за социјално неодговорни и морално незрели закони.
Ова е реалноста денес, и причината зошто во светот постојано се случуваат лоши работи.

Последно уредено: