Закони за оружје

Строги или лабави закони за оружје?

  • Строги-оружјето е за војската и полицијата

    Гласови: 36 40,4%
  • лабави-секој има право на оружје

    Гласови: 53 59,6%

  • Вкупно гласачи
    89
он топик: гласав за строги закони оти уште тоа ни фали и ке се испоубиеме сите
оф топик: една случка, се ближеше нова година и како што е ред да се купуваат петарди и огномет и ај да земиме-помал бев и со татко ми видовме на тезга продаваа, купивме што купивме, си плативме и тој продавачот му вика на татко ми: сакаш нешто појако???
ние поима си немаме што е тоа појако и му викаме: не доста е.
тој: абе нешто појако, види (ја крева јакната малце и оп пиштол) и му вика: размисли пак, имам што сакаш, цената не е скапа и може да се договориме :vozbud:
татко ми му вика: а калаш имаш?
тој? да
татко ми: колку е??
тој: 100 евра :helou: :zver:
 
zdravo, 4len sum na strelacko drustvo i pukam so vozdusna pcp puska.E sega dali znae nekoj dali e mozno da izvadam dozvola za malokalibarka?
 
Не се толку строги законите колку што јас знам... Вујко ми има тетејац со дозвола а има дебело криминално досие...
 
Јас пред една недела си купив калашников од Тинекс само лична карта ми побараа и реков дека ја заборавив и не ми правеа проблем :tv:
Колку е цената на еден калашников?
--- надополнето: Jun 28, 2011 1:46 PM ---
img0001hb.jpg
 
кажете нешто во врска со вадење ва дозвола за пиштол колку кошта дали без врски може да се извади кај да се праша да ти обраснат најубаво
 
Не се толку строги законите колку што јас знам... Вујко ми има тетејац со дозвола а има дебело криминално досие...

Мој познаник, не може да добие дозвола. Мирен, чисто досие- ама има некоја закачка со некој од комисијата и не може да добие. :D
Зависи дали ги имаш луѓето за оваа работа. :)
 
Ако може некој да ми одговорите....имам наследено ловечки пушки од татко ми, тој почина годинава али не сум бил во полиција да се распрашам што треба како треба за да ги префрлам на мое име. Јасно ми е дека немам дозвола за нивно користење али да си ги имам како сувенир барем дома, немам намера да ги продавам.
 
Значи прво што треба да се направи е да направите оставинска постапка за целиот имот во тоа и вклучително да ги ставиш и пушките - кога ќе одиш на нотар ќе ги земеш дозволите од татко ти.
Второ во рок од два месеца од завршување на оставинската постапка и ако пушките ги добиеш ти треба да конкурираш за дозволи за истите.
За да конкурираш за дозвооли ти треба положен испит за оружје во штип, ловечки испит или потврда од спортско друштво, потврда од суд, здравствено и потврда од центар за социјални работи, треба да го приложиш и наследното решение.
За сето ова време за да бидеш најсигурен треба пушките привремено да ги онеспособиш - ги носиш во микеи на камник и привремено ги онеспособуваат кошта 1000 денари по пушка - тоа ти е законска обврска за недајбоже ако ти дојде контрола дома.

Ова последново направи го на почеток да имаш мирна глава бидејќи дозволите на твое име ќе ги добиеш за една до две години дури.... ако ги добиеш :))))
 
Вака...татко ми пред неколку години ,имаше ловечка пушка и со неа имаше и дозвола,но ја продаде...сега ме интересира,дали уште му важи таа дозвола или како и да се вика,или штом го продал оружјето повеќе не важи ?
 
Ново одобрение треба да извади
 
Ново одобрение треба да извади

Ама пушката му е од по одамна,уште кога не се полагале испити,ни ништо...нема врска тоа,или ? пошто сега знам се полагаат различни испити курци палци...
 
Ама пушката му е од по одамна,уште кога не се полагале испити,ни ништо...нема врска тоа,или ? пошто сега знам се полагаат различни испити курци палци...

Нема везе порано,мора одобрение да си извади сега и со тоа одобрение да си купи нова пушка
 
Нема везе порано,мора одобрение да си извади сега и со тоа одобрение да си купи нова пушка

100% сигурен ? бидејќи прашав на друг форум,ми кажаа дека сега ќе требало да полага све отпоново...башка он нема кај себе дозвола,кога ја продал пушката ја дал и дозволата...извини што замарам,ама ме интересира премногу :D
 
Друже како што ти кажав,ако татко ти планира да купува ловечка пушка таа дозвола од пред неколку години не му важи,значи мора да оди и да поднесе дозвола за купување на нова ловна пушка. Остави тоа што си читал по други форуми,слушај ме мене.
 
Да,јасно тоа,ама дали ќе полага све наново,бидејќи кога ја земал он дозволата,се давале "така" дозволите,односно немало испити ни ништо...? и каде да оди за да побара потврда или нова дозвола за купување ? полициска станица или ? и фала многу друже :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom