Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

D

Daedalus

Гостин
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 03:21 ---...
Можеби мисли дека си фин и ок, али не е сигурна дали и се допаѓаш како дечко или како другар. Сака да се тргне од бившиот, од мемориите што ги има со него и пробуе да створи врска со тебе али сеуште не знае што осеќа за тебе.

Е сеа другата варијанта е дека почнала да се заљубува во тебе. Ако си сигурен дека е второто, ондак има една многу битна "тактика", ако може да се каже така, која бар на мене ми палела. Не се оддалечувај од нејзе и не оставај простор да олади тоа што е меѓу вас. Биди цело време покрај нејзе, у нејзина близина и во нејзиниот живот дур е чувствителна и може да попушти со нејзината одбрана и емотивна блокада која ја ствара за да се заштити дур е ранлива.

Е сеа, не ти кажувам да ја сталкаш или да ја замараш :X3: туку суптилно и со осет да го праиш тоа. Евентуално, ако навистина почнала да чувствува нешто за тебе, ќе попушти и ќе ти дозволи да допреш до нејзе.
Ако не, времето ќе си покаже. Бар мое мислење е тоа. :)

Лошо е што си чекал 2 месеца. Не дозволувај да поминува уште време. Не пробувај да расчистиш со нејзе и да ја ставаш во небрано. Дај и го осетот дека бира и дека ја оставаш слободна али дека си тука покрај нејзе воедно, прво како другар а потоа како дечко, али пази да не влезеш у френд зоната. Покажи си ги јасно намерите и не се задоволувај со некое другарство кое ќе трае вечно и во кое она ќе ти раскажува за нејзините бивши и сегашни. Веруј ми, колку и да ја сакаш, ако забележиш таква ствар, тргни се на време, поздраво е за тебе и твоите емоции првенствено.

Со среќа!
 
Последно уредено од модератор:

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 03:21 ---
Уште подолга е приказнава но ќе гледам да ја скратам.Прво бевме многу добри пријатели и кога и да ме видеше и светнуваа очите незнам дали имате приметено тоа е ефект кога на некој му е мило шо те гледа.Знаев да ја насмеам и расположам и кога и да идеме на кафе и да праиме муабет се чувствуваше како само јас и таа да постоиме и никој друг,но тоа не беше многу често пошо имаше дечко во тоа време а кога и да ја видев знаев дека не е среќна со него,но сепак таа многу го сакаше.Раскинаа по некое време типот отиде со друга и нејзе и беше многу тешко падна во депресија и се тргна од сите се затвори во себе.Јас цело тоа време бев заљубен во неа но никојпат не и кажав и ми беше тешко што пати но никако не можев да допрам до неа поради што се повлеков.Ја немав видено 5 месеци(не прашувајте како е можно)незнаев ништо за неа и си терав животот и не очекував да ја видам никојпат повеќе.После 5 месеци ми пиша порака како си,што има кај тебе,дека ме сонувала и сака да се видиме.И јас викам ок нема проблем не очекував ништо да се случи.Бевме на кафе и после кафето ме викна кај неа дома сама била во станот па да и правам друштво што беше неочекувано од моја страна пошо ја знам дека не е таква.Отидов кај неа во станот,она почна да збори без престан ништо не можев да кажам од неа,така никојпат ја неам видено тремосана :) и кога и да и кажев касно е да си идам таа ми викаше остани уше малце.Знаев дека очекува од мене да преземам нешто.Тоа не го направив,не сакав да се осети евтино.Си отидов се поздравивме при што ја бакнав во уста.Ајде да скратам малце.Почнавме да се гледаме заедно,ни беше убаво но сепак немаше емоции кај неа.После некое време и ги открив моите чувства дека сум заљубен во неа веќе долго време(што мислам дека беше лош потег но емоциите ме преовладоа) при што ми рече мило ми е но мене ми треба време,пошо заклучив дека или уште е вљубена во бившиот и неможе да го заборави или пак има страв од врзување.После ова се тргна наопаку.Почна да ми зборува за него,демек неможеш да го имаш секојпат тоа што го сакаш во животот ке свртела нова страница и почна полека да ме одалечува од себе, а знам дека почна да ме засакува го осетив тоа и некојпат си мислам дека тоа ја исплаши.Почна да не ми крева на телефон,и пишав порака што е проблемот извини ако ти згрешив нешто,при што ми врати не е до тебе до мене е не си ти ништо крив јас сум за никаде сакам да бидеш среќен тоа е тоа,се најдобро и тоа ми го пиша на денот на нова година 31.не и вратив ништо.Ова ме скрши пошо веќе бев премногу заљубен во неа.Почна да ми станува опсесија ништо немаше смисла без неа паднав во депресија.Сеуште секој ден мислам на неа а веќе 2 месеци поминаа од кога ја немам видено.И пишав пред некој ден порака ништо ми нема вратено.Се би дал да бидам со неа но не знам што и се дешава во главата и што мисли и дали има шанси за тоа.Дајте ве молам објективни мислења за ситуацијава и дали мислите дека можеме да бидеме пак заедно,знам дека нема да ми помогнат но барем ке утешат.

Дали сте се секснале? Ако не, затоа е ова. И нејзе не ѝ недостасува бившиот - ѝ недостасува сексот со него.

Најди начин да се сретнеш со неа, да ја залапаш, задрапаш и посексаш. Па после тоа нека не ти одговара на пораките.

Без тоа, таа ќе секса друг, а и ти ќе сексаш друга и една супер љубов ќе пропадне. Види дали тоа ти одговара.


Поздрав и со лесно.
 
Последно уредено од модератор:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Никогаш нема да дозволам да се заљубам ! :)
душичка малечка, еден ден ќе сфатиш дека ни вардар ни дунав ни егеј ни јадран, не се доволни да го изгаснат огнот кој може една жена да го запали во тебе. Уживај си уште некое време вака млад и невин
 
W

Werther

Гостин
Дали сте се секснале? Ако не, затоа е ова. И нејзе не ѝ недостасува бившиот - ѝ недостасува сексот со него.

Најди начин да се сретнеш со неа, да ја залапаш, задрапаш и посексаш. Па после тоа нека не ти одговара на пораките.

Без тоа, таа ќе секса друг, а и ти ќе сексаш друга и една супер љубов ќе пропадне. Види дали тоа ти одговара.


Поздрав и со лесно.
:cuc:
 
D

Daedalus

Гостин
душичка малечка, еден ден ќе сфатиш дека ни вардар ни дунав ни егеј ни јадран, не се доволни да го изгаснат огнот кој може една жена да го запали во тебе. Уживај си уште некое време вака млад и невин
Повише ми изгледа FrOzen како да алудира на тоа дека више бил заљубен ама се заебал и нејќе да му се повтори тоа за да не се заебе пак.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Плишано мене или срце е најлош поклон, за мене. Тоа значи дека се нема креативност, дека се мисли како сите останати.
А од каде знаеш какви се останатите? Сите си ги пробала?
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
--- надополнето: 15 февруари 2014 во 03:21 ---
Уште подолга е приказнава но ќе гледам да ја скратам....

.Почнавме да се гледаме заедно,ни беше убаво но сепак немаше емоции кај неа....

После ова се тргна наопаку.Почна да ми зборува за него,демек неможеш да го имаш секојпат тоа што го сакаш во животот ке свртела нова страница и почна полека да ме одалечува од себе, а знам дека почна да ме засакува го осетив тоа и некојпат си мислам дека тоа ја исплаши.Почна да не ми крева на телефон,и пишав порака што е проблемот извини ако ти згрешив нешто,при што ми врати не е до тебе до мене е не си ти ништо крив јас сум за никаде сакам да бидеш среќен тоа е тоа,се најдобро и тоа ми го пиша на денот на нова година 31.не и вратив ништо.Дајте ве молам објективни мислења за ситуацијава и дали мислите дека можеме да бидеме пак заедно,знам дека нема да ми помогнат но барем ке утешат.
Девојката не те сака како дечко. Мислела дека е можно, зашто сте блиски, ама кога сте почнале да се гледате, сфатила дека не оди, дека може да те сака како пријател, ама не како нешто повеќе.
Подвлеченото и болдираното покажува дека се обидува да те оттргне најбезболно, но за некои нешта не постои лесен начин. Се чувствува виновна што иницирала врска и сфатила дека нема ништо од тоа, па затоа вели дека е до неа, не е до тебе.

Никакво сексање и драпање. Тргни се од неа и откажи се дека ќе бидете заедно. Треба да мине малку време да оладиш од неа.
 
Последно уредено од модератор:
N

Nessa Alcarin

Гостин
^ Да можев два лајка ќе и турев на Ланѓето. И јас го делам нејзиното мислење.
@BASHKAMEN остави го девојчето на мира, не и пишувај повеќе. Мислам дека со тоа што повеќе не ти враќа и те игнорира, јасна е пораката. Не сака да биде со тебе.
Ќе си најдеш подобра, нека помине време. ;)
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Ја би рекол да не прифаќа пријателство или нешто помалце и да пробува да најде начин. Вака ништо не добива, не за друго туку реално ќе му треба мнооогу време да се откаже скроз ако толку време ја сакал, а може и нема никад да се откаже туку-така освен ако не добие ладен туш. Ја бар сум сигурен дека побрзиот начин да се откаже е уствари потешкиот, со еден тежок удар, а пак ако само пробува да се оддалечи од неа ќе си ја мачи душата секој ден по малце што често може да биде катастрофално. А зашто пак да добие туш, може и постои начин, никад не се знае...

Такада од мене @BASHKAMEN друже, не се откажувај, жал ми е што не можам да ти дадам подобар совет.
 
D

Daedalus

Гостин
^ Да можев два лајка ќе и турев на Ланѓето. И јас го делам нејзиното мислење.
@BASHKAMEN остави го девојчето на мира, не и пишувај повеќе. Мислам дека со тоа што повеќе не ти враќа и те игнорира, јасна е пораката. Не сака да биде со тебе.
Ќе си најдеш подобра, нека помине време. ;)
Абе не можете со сигурност да знаете што чувствува типката за него. Не е тоа некој 100% сигурен знак. Можда он ги интерпретира лошо нејзините постапки, можда типката нејќе да и се развијат емоции кон другар, можда стварно не осеќа ништо за него.
Никој не може да знае сем она, што она осеќа за него, така да мора да бидат покриени сите опции. :)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Абе не можете со сигурност да знаете што чувствува типката за него. Не е тоа некој 100% сигурен знак. Можда он ги интерпретира лошо нејзините постапки, можда типката нејќе да и се развијат емоции кон другар, можда стварно не осеќа ништо за него.
Никој не може да знае сем она, што она осеќа за него, така да мора да бидат покриени сите опции. :)
абе, слушај ги жените, они се најверодостојни “хадиси“ ;) тоа ние ко мУжи може да се филмаме до 1001 и назад, и пак да не го изгледаме филмот. така да БАШКАМЕН, тури и пепел :cautious:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
hail to the susaro posts.
Cause there are not enough men in kajgana?

Сериозно?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom