Најубавите стихови во Библијата

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
988
.

Ниедни скапоцени бисери, дијаманти, брилијанти, ... немаат таква убавина, каква што ја имаат најубавите стихови на Библијата.

Кои стихови, за вас лично, се најубавите?

Јас би почнал со следниве:




Во тоа време, Исус одговори и рече: ​
​
„Те фалам, Татко, Господи на небото и на земјата, ​
зашто си го скрил тоа од мудрите и разумните, ​
а си го открил на младенците. ​
Да, Татко, зашто така беше угодно пред Тебе. ​
Сè Ми е предадено од Мојот Татко, ​
и никој не Го познава Синот, освен Таткото; ​
ниту некој Го познава Таткото, освен Синот, ​
и оној кому Синот сака да му открие.”​
​
​
​
”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, ​
и Јас ќе ви дадам одмор. ​
Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, ​
зашто Јас сум кроток и понизен по срце; ​
и ќе најдете одмор на своите души; ​
зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.”​
​
(Според известувањето на Св.Апостол Матеј 11:25+) ​
​
​
​
​
healthy-kids.jpg
​
​
​
 
- And God said, Let there be light : and there was light.
And God saw the light, that it was good : and God divided the light
from the darkness.
Пошто ме потсеќа на трака од Астрал Проџекшн а со тоа и на еден прекрасен период од младоста
old.gif
 
.

Сите сте Божји чеда преку верата во Христа Исуса,​
зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа.​
Нема веќе ни јудеец ни грк, нема веќе ни роб ни слободен,​
нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте Едно​
во Христа Исуса.​
(Галат 3:26+)​
​
​

ChildrenOfGod.jpg
​
.
 
.
Господ БОГ ме имаше во почетокот на Својот пат,​
пред Своите созданија, многу одамна.​
Вообличена сум уште од вечноста, од почеток,​
пред создавањето на земјата.​
Се родив кога уште немаше бездни, ​
додека немаше извори на изобилни води.​
Се родив пред да бидат основани горите, пред бреговите;​
кога уште не ги имаше создадено земјата ни полињата,​
ни почетокот на земниот прав.​
Кога ги создаваше небесата, бев присутна,​
кога распростираше свод над лицето на бездната;​
кога ги зацврстуваше облаците во височината ​
и кога ја одреди силата на изворот на прадлабочината.​
Кога му ги поставуваше на морето неговите граници,​
за да не му се прелеат водите преку бреговите, ​
кога ги поставуваше основите на земјата,​
бев покрај Него, како градежничка,​
бев радосна, од ден на ден,​
радувајќи се пред Него сето време:​
Се радував по почвата на Неговата земја, ​
и мојата радост се човечките синови.​
Така, деца, послушајте ме, ​
блазе им на оние кои ги чуваат моите патишта.​
Послушајте ја поуката, за да добиете Mудрост и не ја отфрлајте.​
Блазе му на човекот што ме слуша,​
и бдее пред моите врати секој ден, ​
и кој ги чува моите довратници.​
Зашто кој ме наоѓа мене, го наоѓа животот ​
и добива Mилост од Господа БОГА.​
А ако згреши кон мене, и пакости на својата душа:​
Сите што ме мразат мене, ја љубат смртта.”​
​
.(Мудр. изреки 8:22-36)​


Value-of-inspiration.jpg
​
​
.​
 
.

Бог толку го возљуби светот, ​
што за него Го даде Своето Уникатно Чедо,​
та секој, кој верува во Него, да не загине,​
туку да има Вечен Живот.​
(Ев.Јован 3:16)​
​
12580809-hands-of-senior-mann-und-baby-halten-die-erde-gegen-einen-regenbogen-im-fr-hjahr-okologie-konzept.jpg
​
 
.

Во почеток беше Словото,​
и Словото беше во Бога,​
и Словото беше (Едно со) Бог.​
Тоа беше во почетокот во Бога.​
Сè стана преку Него, и ништо, што стана, не стана без Него.​
...​
И Словото стана тело и се настани меѓу нас​
и ја видовме Неговата слава,​
славата што ја има како Единороден од Таткото​
полн со Милост и Вистина.​
(Ев.Јован 1 : 1-3+14)​
​
​
​
1024_diverse_04.jpg
​
 
.


1Во почеток *Бог ги создаде небото и земјата.​
2Земјата беше пуста и празна; ​
темнината се простираше над бездната,​
и *Божјиот Дух се движеше над водите.​
3И *Бог Рече: „Нека биде светлина!”​
И бидна светлина.​
​
(Првите три стиха на Библијата кои прекрасно сведочат за​
*БОГА, *БОЖЈИОТ Дух и *БОЖЈАТА Реч)​
​



BigBang%5B1%5D.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
.

Може ли жена да го заборави породот свој,​
а да не се смилува на чедото од утробата своја? ​
А и кога би го заборавила,​
Јас тебе нема да те заборавам!​
(Исаија 49:15) ​
​
nena12.jpg
​
 
.

​
„Ќе ја запознаете вистината, ​
и вистината ќе ве ослободи“ ​
(Јован 8:32)​
​
m.jpg
​
 
.
.
Јас и Отецот; Едно сме!​
(Јован 10:30)​


freedom.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
​
​
Во Љубовта страв нема,​
туку Совршената Љубов го изгонува стравот​
(1 Јован. 4:18)​
​
​
LoveofGod.jpg
 
.


Бог е Дух, ​
и кои Му се поклонуваат, треба да Му се поклонуваат во дух и вистина.​
​
(Ев.Јован 4:24)​


God-is-a-Spirit.jpg
 
Back
На врв Bottom