Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
Како бе две отворени? Лани тие што слушале рекоа дека имало само на заокружување со еден точен и есеј.. не спомнаа отворени..
Јас лани го полагав и немање отворени прашања. Имаше околу 30 на заокружување со 1 точен одговор, и тоа некои 3 или 4 прашања се повторуваа неколку пати и имаше да се напише есеј на кој темата беше позната 2 или 3 недели порано од полагањето. Многу лесен предмет најниската оценка беше 8, а имаше многу 9 и 10, јас за 2 поени немав 10ка
 
Kој од овие предмети е најлесен за изборен:
Економика на внатрешна трговија
Сметководствени контролни сестеми
Теорија на одлучување
Економска статистика ?
 
Дали е возможно да се смени изборен предмет од трет семестар сега на упис во четврт ?
 
Јас лани го полагав и немање отворени прашања. Имаше околу 30 на заокружување со 1 точен одговор, и тоа некои 3 или 4 прашања се повторуваа неколку пати и имаше да се напише есеј на кој темата беше позната 2 или 3 недели порано од полагањето. Многу лесен предмет најниската оценка беше 8, а имаше многу 9 и 10, јас за 2 поени немав 10ка


Колку страници е материјалот? И кој го предава предметов?
 
Колку страници е материјалот? И кој го предава предметов?

Ристо Христов предава, како што слушнав за прв колоквиум имало 250 стр, а за втор многу помалку.

МЧР продава некој ?
 
Ве молам ако некој знае како се симнуваат некои си ПАКЕТИ од интернет по Економетрија да ми го напише линкот
 
Колку страници е материјалот? И кој го предава предметов?
Предава Ристо Христов, книгата е така околу 300 страни но не се учи цела. Доволно е да се знаат тие основните дефиниции кои се дадени во речникот позади, и прашањата од Либро скоро сите се паѓаат
 
Некое инфо за предметиве : Менаџмент на мал бизнис ,Мчр и еколошки менаџмент?
 
Ke moze nekoj da mi kaze 2-3-4-5-6 zbora za organizacisko odnesuvanje, statistika za biznis i ekonomija i ekonomika na pretprijatie... ?? fala kolegi i koleshki :icon_mrgr:
 
Ke moze nekoj da mi kaze 2-3-4-5-6 zbora za organizacisko odnesuvanje, statistika za biznis i ekonomija i ekonomika na pretprijatie... ?? fala kolegi i koleshki :icon_mrgr:

Организациско - еден од најлесните изборни предмети. Има две скрипти за полагање, не се големи, на полагање дава со повеќекратен избор прашања и во главно најбитното, набројуванки поглавни, и дефениции. Предавањата не ти се морални, но пушта списоци понекогаш па така да ако сакаш поголема оцена може да одиш. Исто се правеа и трудови за тие што сакат плус поени.

Економика - за мене најгрд предмет досега што сум го учел. Книгата е доста голема, обемна, но на полагање само набројуванки ти требат, а ги има милион, така да мој предлог земи си скрипта од Либро се ти е одвоено, се положува само со тоа, има и прашања во Либро, за втор колоквиум се паднаа неколку, за прв потешко беше.

Статистика - е тука морам да ти кажам дека Драган Тевдовски предаваше феноменално, и буквално цел материјал можеш да го сфатиш на предавања, задачите, теоријата, ама моментално е во странство и најверојатно Славе Ристевски ќе предава или евентуално асистентката Марија. Предметот не е тежок, ако седниш убаво да го сфатиш, има некои битни работи што треба да се научат на почеток и после полесно ќе ти биде до крај, кратки се задачите но логички и барат малце труд. Јас одев на приватни часови кај Баже и повеќето прашања кои ни ги даде теорија се паднаа, ама верувај не ти треба приватни за тоа што теоријата лесно се уче, за мене еден од поинтересните предмети што сум ги учел, обавезно на предавања, уопште не е досадно. А да и на крајот дават правење на труд за поголема оцена.
 
Како бе организациско лесен, а економика тежок? :icon_mrgr:

Мене баш обратно ми беше.
Економика ми беше милина од предмет и за учење и за полагање. За еден бод ми избега 10ка. Јас од книга учев и немав никаков проблем.

Организациско го земав изборен во прва, ми го посочија како лесен, ама се зезнавме сите. :cautious: Го положив на колоквиуми, ама ептен беше тежок. Материјалот не беше толку тежок за учење, ама Дракулевски ги имаше прашањата извадено од најзабутаните делови од скриптата и книгата.
 
Како бе организациско лесен, а економика тежок? :icon_mrgr:

Зависи коа генерација си полагал, порано различно полагале, ете и за еколошки така викаа, па прелесно беше, Пеце ептен ферски испадна со сите студенти, и за оценување и за полагање најсоџваканото го даде од материјалот, а памтам на форумов што не изначитав од поранешни години кои уште го влечат како предмет.

А инаку јас не знам која е логиката да се учат такви напамет работи како економика на факултетот, сите тие набројуванки милион што ги има нема никогаш да ни влезат трајно во главата, и безвеза само го учиме предметот, организациско за разлика од економика има поинтересна содржина и нешто што е вредно да ти остане во главата.
 
За економика имам слушнато дека бил полесен претходно, со стариот професор, ама лани беше доста потешко, посебно првиот колоквиум. Некои збутани работи од книга, дефиниции, слични понудени одговори, беше доста зезнато. Вториот го направија полесен, ги имаше само главните работи и скоро сите поминаа. Да не зборувам дека како предмет е многу досаден, глуп, неинтересен, а од предавања немаш никаква корист.

Организациско ми беше многу лесно, на колоквиум ги имаше главните набројуванки и по некоја дефиниција, сепак имаше неколку прашања што беа така поставени да не можеш да ги одговориш, ако не ти е убаво прочитано и сфатено. Предавањата беа интересни, Дракулевски е одличен професор, можеш и да презентираш за плус поени.
 
Ајде уште еднаш да прашам оти гледам никој нема абер да му одговоре на колегата, а и мене исто ме занима - Економска статистика каде да се оди кај Билбиловска или Габер?

Малку поконкретно која како предава, полагањата како им се.

Гукните...
 
Нема потреба од оригинални книги за втор семестар (-> не требаат кејсови и глупости за полагање)?

И тоа нешто што имало статистика формули, можеме сами да си ископираме и да ги носиме, така? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom