Се додека некој друг, у овој случај државата, ќе ја притиска фирмата да ја покачи платата, нема да не биде. Не гледам како државата е таа што ќе ми одреди мене у мојата фирма колкава ќе биде најниската плата. Како да државата секој ден е у мојата фирма и гледа колку некој работи? Еве ги у Алкалоид земаат јака плата, ама тоа е оти е успешна фирма и оти некој е заслужен. А ако некоја фирма врзува крај со крај, и државата те присилува да му зголемиш плата некому, а тој некој у реалност не е толку заслужен за да ја зема толкавата плата, пошто поинаку фирмата не би била на дереџе нели, пошто работниците ја прават фирмата, тогаш единственото нешто шо се случува со минималните плати и сличните тракатанции е отпуштања од работа. Да не се сфатиме погрешно. Ама ако некој работник е доволно добар, и не му се допаѓа платата шо ја добива у одредена фирма, а придонесува за неа многу, газдата нозете ќе му ги мие и водата ќе му ја пие, само за да остане работникот у фирмата. И ако нели, не ја зема заслужената плата, а е доволно добар, ќе ја напушти фирмата, и у наредните пола саат ќе најде работа у друга фирма, пошто таму ќе му ги ценат квалитетите, а он е тој кој бил квалитетен.
Законите со минималец се ко предлог законот на швајцарските социјалисти за најплатениот да не биде 12 пати повеќе платен од најмалку платениот. Боже сачувај.