Мајката на сите гревови

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување
1. Знаејќи го изводот што се случило после слушањето на змијата јасно е дека сакајќи(сигурно) или несакајќи ги излажала.
2.На нив им било јасно кажано што единствено не треба да прават тука не станува збор за распознавање, а за непослушност и немање доверба. Немале потреба да распознаваат ништо а само да имаат доверба но така ИЗБРАЛЕ
1. Змијата им вели - "Ќе ви се отворат очите и ќе станете како богови, распознавајќи добро и зло!"
Еве што се случило:
Битие 3:
22 И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото.
Каде е лагата?

2. Безразлика што им било кажано, без разлика што избрале, останува фактот дека им било ускратено сознанието за добро и зло, без него, неможеле да знаат дали нивните постапки се добри или не. Очите им се отвориле и станале свесни за своите постапки, откако се здобиле со сознанието!
 
Во целост е вака
И Господ, Бог, рече: „Еве, човекот стана како еден од Нас, знаејќи го доброто и злото. Да не ја испружи сега раката, и да набере од дрвото на животот па да јаде и да живее вечно!”
Толкувањето е многу лесно ’’да не ја испружи раката’’ значи се мисли дека бил како Бог пред да непослуша.
 
И што објаснува ова? Дека ги казнува не затоа што се виновни, туку поради страв да не се здобијат со бесмртност?
 
Се согласувам-навистина интересно мислење. Ако оваа заповед е исполнета(Да го вољубиме Господа) тогаш 10те и другите заповеди доаѓаат сами по себе.:)
--- надополнето: 14 јануари 2014 во 18:29 ---

Ништо не значи тоа е змијата-ги лаже

.
Генијален е Оној Кој што го има Клучот, зар не? (Исаија 22:22+ Откровение 3:7)(y)

Мудроста (Милоста) БОЖЈА чиста (отелотворена за спасение на сите кои што ќе Ја прифатат во Господа Исуса Христа) е всушност Дрвото на Вистината и Животот, Кое се наоѓа во средината на градината, исто како и дрвото на дуалистичкото сознание, кое за луѓето всушност е дрвото на лагата, смртта и маките!

Ете тоа змијата (диаволот = најголемиот лажго и убиец) ги прелажа луѓето:

„Навистина, нема да умрете (и нема да се мачите)!
(Битие 3:4 )

И што имаме од тој плод до ден денешен?o_O

Затоа:
За Милоста БОЖЈА, за Христа,
јас сакам само да знам,
за Неговата бескрајна Љубов, ...!(y)

п.с. Градината е и во нашите гради, како што и двете можности на избор кој што ги има секој од нас. Да слушаме само на Христовиот глас, бидејќи Тој е Вистината и Животот, нашиот Вистински Спас! (y)

.
 
И што објаснува ова? Дека ги казнува не затоа што се виновни, туку поради страв да не се здобијат со бесмртност?

Ги казнува затоа што не го послушале. Дрвото не ни чудотворно ни отровно а е тест за послушноста и ДОВЕРБАТА КОН БОГ
 
А кое е тоа дрво,каков плод каснале Адам и Ева,и кој плод може да има психофармаколошки ефект за да им се отворат очите,односно очите на умот.Значи они се до тогаш до каснувањето од тој свет плод,живееле како животни,нивната психа била за едно еволуциско скалило подоле.
 
Живееле многу поарно одколку потоа.
 
Живееле многу поарно одколку потоа.

Во право си,во сите тие митови и легенди на сите народи во светот е прикажана таа човечка психологија дека човекот како битие има потреба од диктаторско владеење,на цар,свештеник,бог или некое вонземјанско битие.Кој ја има моќта да му пружи на човекот и храна и заштита се со цел човекот мрзоволно да ужива,да служи,без да има потреба да го активира својот интелект за да ја истражува својата околина,за да го унапреди својот живот. П.С.Ова"Живееле многу поарно одколку потоа"ми звучи како да ми кажуваш за Маршалот.На многумина им недостига тоа време,кога некој друг мислел место нив.
 
Требало да имаат само Доверба кон оној што ги создал. Ти сакаш да кажеш дека на само во Бог а во секого треба да имаме нодоверба, страв, да го гледаме како потенциален диктатор, без разлика што прави тој за нас Па токму таа недоверба и стравови од се и сешто се основата на несреќата.И како може да го нарекуваш диктаторско владеење на Бога врз Адам и Ева кога тој ги создаде и им даде толку блага.
 
Сеуште не постои одговор на тоа прашање,ниту религијата(а тука не е само христијанството) има 100% доказ дека Бог го створил човекот,а ниту пак науката може да докаже дека Човекот го створил бог.И затоа поминуваат илјадници години од човечката историја и цивилизација и се останува само во сферата на шпекулацијата,а најголема придобивка од сето тоа имаат само свештениците како професија за нивниот опстанок,сега за сега додека не се докаже спротивното.Се дотогаш тие ќе перат милиони мозоци кои ќе им донесуваат огромна материјална добивка.
 
Ги казнува затоа што не го послушале. Дрвото не ни чудотворно ни отровно а е тест за послушноста и ДОВЕРБАТА КОН БОГ

.
Всушност нее БОГ Тој што искушува и казнува, туку нивната (нашата) непослушност и нашето одфрлање на Неговиот Совет (Неговата Мудрост), е тоа што не’ казнува!

.
 
Ги казнува затоа што не го послушале. Дрвото не ни чудотворно ни отровно а е тест за послушноста и ДОВЕРБАТА КОН БОГ
Тој самиот им го забранил сознанието за добро и зло, како може да знаеш дали постапуваш исправно или погрешно ако немаш сознание за добро или зло? И уште пострашно - како може да бараш одговорност од некој што ти самиот си го создал без сознание за добро и зло?
 
Требало да имаат само Доверба кон оној што ги создал. Ти сакаш да кажеш дека на само во Бог а во секого треба да имаме нодоверба, страв, да го гледаме како потенциален диктатор, без разлика што прави тој за нас Па токму таа недоверба и стравови од се и сешто се основата на несреќата.И како може да го нарекуваш диктаторско владеење на Бога врз Адам и Ева кога тој ги создаде и им даде толку блага.
Не ќе да е твојот бог кој гои створил Адама и Ева (ако воопшто ги создал).
 
Тој самиот им го забранил сознанието за добро и зло, како може да знаеш дали постапуваш исправно или погрешно ако немаш сознание за добро или зло? И уште пострашно - како може да бараш одговорност од некој што ти самиот си го создал без сознание за добро и зло?

Да но тој им кажал дека НЕ треба да јадат зошто тука е потребно распознавање на добро и зло тука е потребен разум(кој го имале) и доверба(кој ја немале) и искушението на змијата кое било де факто посилно од нивната доверба.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 18:19 ---
Не ќе да е твојот бог кој гои створил Адама и Ева (ако воопшто ги создал).

Нема мој твој БОГ Е ЕДЕН.
 
Да но тој им кажал дека НЕ треба да јадат зошто тука е потребно распознавање на добро и зло тука е потребен разум(кој го имале) и доверба(кој ја немале) и искушението на змијата кое било де факто посилно од нивната доверба.
Тоа не го менува фактот дека тие немале сознание за добро и зло, убаво си пишува дека очите им се отвориле и за прв пат почуствувале срам и страв одкако се здобиле со сознанието за добро и зло.
Да бараш одговорност од некој кој самиот си го создал да не распознава добро и зло, е апсурдно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom