ford escort cosworth

  • Креатор на темата Креатор на темата zakaculko
  • Време на започнување Време на започнување

zakaculko

skinhead '03
Член од
24 март 2009
Мислења
201
Поени од реакции
33
Возраст
37
дали може да се најде вакво нешто во Македонија за купување???
 
Сериозен си за ова? :eek:
Знај дека се многу ретки примероци и според тоа држат релативно висока цена. Рачунај на најмалце 20к евра и нагоре.
Пред отприлика 5 години гледав еден црн во Капиштец, спроти Беверли, кај што е сега новиот кружен... шо бидна со него после не знам, ама го снема оттука.
Како и да е, ова количе ми е едно од омилените. Додадено ми е во bucket list, еднаш во животот барем морам да го имам. :cool:
 
зар ова бугарите не можат да најдат некое за евтини парици??? :icon_mrgr:
 
дали може да се најде вакво нешто во Македонија за купување???

Има, ама не баш Cosworth, во Бугарија имам видено многу што се слични на Cosworth, ама за жал носат обично 1.8 агрегатче од 115 коња..
 
шо цена се?

И да најдеш не ми се верува дека ке можеш да го увезеш бидејки се постари возила.Ескорт се произведуваше до 94-та.
Единствениот Косворт кој беше до скоро време единствен на територијата на бивша Ју беше продаден во Загреб и тоа нов ганц,е Фокус Косворт за кој е искеширано повеке од 100К евра....
 
Баш ме интересира кој е тој единстевен Focus Cosworth за над 100.000 ЕУР во ZG. Сигурно мислиш на RS варијантата, кој го има и во SK (2 модела - зелени) кои чинеа (нови) неполни 40.000 ЕУР по парче. :)
 
И да најдеш не ми се верува дека ке можеш да го увезеш бидејки се постари возила.Ескорт се произведуваше до 94-та.
Единствениот Косворт кој беше до скоро време единствен на територијата на бивша Ју беше продаден во Загреб и тоа нов ганц,е Фокус Косворт за кој е искеширано повеке од 100К евра....
Ескорт се произведува до 1999-2000, а косвортот до 1996 ако не се лажам. И да, увоз не е можен бидејќи сите носат Euro1 мотор.
Имаше косворти и во Скопје и на авто изложбата пред некоја година кај салата БТ. И тоа 2-3 ескорти беа. Имаше слики мислам и на кајгана.
 
како и да е значи ќе треба да се задоволиме со обично ескортче :mad:
 
Сериозен си за ова? :eek:
Знај дека се многу ретки примероци и според тоа држат релативно висока цена. Рачунај на најмалце 20к евра и нагоре.
Пред отприлика 5 години гледав еден црн во Капиштец, спроти Беверли, кај што е сега новиот кружен... шо бидна со него после не знам, ама го снема оттука.
Како и да е, ова количе ми е едно од омилените. Додадено ми е во bucket list, еднаш во животот барем морам да го имам. :cool:

Мислам дека на Чонгур е црниот, а исто и бел има. За белиот сум сигурен дека е 100% на Чонгур. :cool:
 
Точно... сега се сетив дека негови беа.
Колите да му ги имам, умот да му го немам.

како и да е значи ќе треба да се задоволиме со обично ескортче :mad:
Имаш и поевтина варијанта, како RS2000 или пак XR3i (Првиот е 150 bhp, вториот 130 bhp).
Ама и овие се прашање дали воопшто ги има во Македонија да се најдат. Е сега, последниот модел RS2000 (од 1995 натаму) мислам дека има Euro2 мотор, па не би било проблем да се увези ако до толку ти е мерак. Истото се однесува и за XR3i.
 
како и да е значи ќе треба да се задоволиме со обично ескортче :mad:

А шо толку љубав у колава ако може да знам? Јас Форд како марка не го признавам ако под хауба не носи V8.. Ford Escort од секад ми било одвратна кола, добро сега тоа си е твое, различен вкус, ама сепак ти кажувам најевтина варијанта е таа, да најдеш класичен ескорт со cosworth bodykit.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom