Предлог за филм со кратка рецензија

Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.674
Поени од реакции
4.205
Rush

Визуелирана приказната на ривалството помегу Џејмс Хант и Ники Лауда.
Приказната е прекрасно доловена и екранизирана и покрај тоа што буџетот за филмов е просечен,за адаптација на ваква приказна е потробен поголем буџет од 38 милиони долари,да беше американска приказна ке имаше сигурно 80 милиони минимум но како и да е ја сум презадоволен од тоа како Рон Хауард ја адаптирал приказната на филм.
Од документарци што сум гледал уште пред филмов приказната е многу прецизна,мислам дека највеке што може,реалноста ми се свига премногу и ја доловува бруталноста на Формула 1 и во седумдесетите одлично.

Глумата е дефинитивно над просек и ликовите на Хант и Лауда се предобро одглумени,Daniel Bruhl го немам гледано освен во Goodbye Lenin каде што одглуми одлично и во Inglorious Bastards каде што немаше некаква улога за докажување но перформансот негов во RUSH е предобар и ептен го доловува ликот на Лауда,мртво сериозен,ладен и како што калкулира на патеката исто калкулира и во животот.
Џејмс Хант што го толкува Chris Hemsworth според мене имаше послаб перформанс но сепак над просекот и улогата на Хант што е британски плејбој кој не го интересира ништо освен забава и мотоспорт улогата му стоеше премногу добро и додека Лауда по предпазлив возач од него и сака да калкулира,Хант е сосема спротивното и не се замара со калкулации и сака само чисто сурово хардкор тркање,многу различни карактери каде што единствено заедничко им е љубовта кон мотоспортот.
Љубовните сцени се солидно прикажани како мотоспортот и нивниот карактер им влијае на тој животен план.
9/10
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Flatliners (1990)



Се мислев дали да го стаам во „Потценети и преценети“, па ај викам препорака, пошо сигурно има многу луѓе што не го гледале. Филмов го имам гледано повеќе пати. Не го најдов на форумов нешто многу да е дискутиран (на пример еден Fight club е дотеран до култно ниво :eek: , а овој е еднаш или двапати само спомнат, може не го гледале модераториве :rolleyes: ). Има многу течно раскажана приказна, напнати моменти и добра глума. Режија е на Joel Schumacher, по мене засекогаш ќе остане како режисер со најтапа-бетмен филм, ама па актерската екипа е одлична: Julia Roberts, Kiefer Sutherland, Kevin Bacon, William Baldwin и Oliver Platt - група студенти, кои ги (зло)употребуваат условите на болницата во која се на пракса и предизвикуваат таканаречен NDE момент - near death experience и со реанимација се враќаат во живот. Сите имаат различна животна приказна и начин на живеење и ефектите кај секого се различни (не се спојлери ова). Покрај другото филмот има со себе и некои филозофски пораки, размислувања - многу интересно склопени.
Една јака 9ка од мене.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Flatliners (1990)



^ Откако го прочитав ова од Dave решив да го изгледам , го препорачувам задолжително да го изгледате.
Одличен филм со извонредна екипа актери и сценарио одлична глума на Бејкон , а за да не откривам многу од филмот само ќе изведам кратка поента - Секој треба да се соочи со своите гревови а и со гревовите на своите блиски лица и да се обиде да ги исправи и најважно да прости.

9.5/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Понесен од потреба за малку feel-good филмче додека ми се симнува цела колекција на Вес Андерсон за маратонско гледање на сите негови филмови неделава, а и од потребата да ја видам претпоследната улога на легендата Џејмс Гандолфини го изгледав Enough Said. На моменти се почувствував како да ја гледам Before... трилогијата, двајца залутани луѓе, со туку речи исти животни проблеми се наоѓаат случајно на една забава, тргнати со цел да најдат нов партнер по средовечната криза, и влегуваат во една интересна авантура.

Џејмс и Џулија Луис се одлична спојка во филмот, изобилува со квалитетно сценарио и интересни реплики филмот, посебно ми се допадната сцената на првиот состанок во ресторанот. Сопрано во улога на разведен маж, сега самохран татко на тинејџерка е право освежување во кариериата на Џејмс, и жално што го гледаме така како сјајно глуми знаејќи дека веќе не може ништо да нѝ понуди на нас гледачите. Од друга страна Џулија ја гледаме во улогата на Ева, масерка, исто разведена жена која се бори со една од најголемите предизвици во нејзиниот живот, праќањето на единствената ќерка на факултет далеку од неа. Една од моите омилени актерки, Тони Колет ја гледаме исто во интересна улога, секогаш ми е одлична и драга. Уживав додека го гледав, препорака од мене до љубителите на добра релаксирачка драма со доза на интелегентен хумор.

[8/10]

 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Морам да признаам дека немав читано досега за оваа силна и жена-борец за политиката, но сепак после неколку препораки а и привлечен трејлер решив да го изгледам филмот. Барбара Сукова која ја игра Хана Арент ја има можеби една од подобрите интерпретирани ликови последниве години во Европската кинематографија а особено кога треба да долови лик од реалниот живот. Интересно е како филмот се стреми да биде и биографски, да ни покаже поголем осврт за нејзиниот живот и нејзиниот карактер, и да се центрира на најважниот настан од нејзиниот живот, присуствувањето на судењето на Ајнхам во Ерусалим. Всушност сите тие случки од нејзиниот живот, како една Еврејка која доста пропатила, ја направиле таква силна политичарка, интересен е нејзиниот став за злото, за најголемото зло направено во човештвото, и што всушност добива или губи од нејзините ставови гледајќи ја приказната во САД каде што таа е универзитетски професор на Принстон по филозофија. Кој сака една квалитетна политичко биографска германско-англиска драма, под итно да гледа, јас и давам [8/10].

Секоја чест за рецензијата на off.net.mk

 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Unknown (2006)



Само што го кликнав иксот од BSplayer-от.

Пет души се заробени во добро заштитен магацин. Сите патат од амнезија. 3ца од нив се одврзани, а 2ца се заврзани. Имаат половина ден да откријат на која страна од законот се, да откријат која е нивната цел и што ќе им се случи. Крајот е вистински мајндфак.

Го препорачувам на сите љубители на one room филмови, мистерии и тајни кои се откриваат на крајот.
Интересно е што филмов е low-budget, просечни глумци, но неверојатна глума.

Нема што да се збори за филмов, се друго би било вртење во круг. Изгасете светло, показалец екран и уживајте.

9/10
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.915
Поени од реакции
84.324
her
Дали сте подготвени за една поинаква романтична приказна ? Дали сте подготвени за филм што ќе ве стави на тест за вашите перцепции за тоа што е морално а што не ? Ако на прашањава одговоривте негативно тогаш најверојатно ќе пропуштите еден од подобрите филмови за 2013тата година- Her. Her е романтичен научно-фантастичен драма убав филм со Хоакин Феникс во главната улога. Во време кога зборот "убав/а/о" се расфрла наоколу како жежок костен, најдобар комплимент што можам да му го дадам на овој филм е токму тоа- убав. Настаните во овој филм се случуваат во време во кое технологијата го заменува човекот, во време во истиот момент можете да зборувате со илјадници луѓе а без притоа да изговорите збор, во време во кое можете да имате илјадници пријатели без да излезете од вашиот дом. Не 2014 не е годината во која се случуваат настаните во овој филм. Не толку далечната иднина чиј што почеток е веќе насекаде околу нас е времето во кое се запознаваме со Теодор, просечен човек што го сака тоа што сите ние го сакаме пари моќ секс љубов среќа, нешто што Теодор навидум го има изгубено за секогаш после одлуката да се разделат со неговата сакана сопруга. Ова води кон период во животот на Теодор во кој што тагата и желбата за нова љубов се зголемуваат со поминувањето на секој изминат ден од неговиот просечен живот. Но сепак модерното време не би било модерно доколку не ни понуди решение на секој наш проблем. Теодор пронаоѓа оперативен систем кој што станува најдобриот пријател што Теодор го видел.
Со текот на времето нашиот просечен писател на љубовни писма влегува во не толку секој дневна љубовна романса со неговиот оперативен систем Саманта. Но дали може навистина да постои љубов помеѓу човек и оперативен систем ? Дали љубов се дефинира како взаемни чувства на две свесни индивидуи за своите чувства ? Дали е морално прифатлива врска помеѓу OS и Хомо сапиенс ? Дали компјутерите се способни да сакаат ?
Без сомнеж her е феноменален филм на Spike Jonze кој што преку брилијантната режија,сценографија и пред се фантастичното глумење на Хоакин Феникс кој што на совршен начин ни ги пренесува емоциите низ кои поминува симпатично чудниот мустаќлија произведе модерна приказна која што ќе ве натера да размислувате за многу дилеми кои што токму "Her" ќе ви ги наметне.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Festen (Dogme #1) [1998]



Дански филм, постар малку....
Скандинавскиве филмови се некоја посебна уметност. Толку чудно и поинакво размислување и однесување на луѓето, толку различно од нас, па и од остатокот од светот. За приказната минимално - богато, многу богато семејство се собира на имотот за да го прослави 60-тиот роденден на најстариот во семејството и почнува да се одмотува (понатаму све е спојлер).
Интересна динамика има филмот, поинаков пристап во самото снимање, некои кадри се како од камери за надгледување....од друга страна па, малку и наликува некогаш на театарска претстава...интересен пристап...

Филмов има добиено специјална награда на Кан и поплава од други награди, најдобро рангиран дански филм од домашната публика на ИМДБ исл. - што на некого не мора ништо да му значи (и јас дознав отпосле, кога го пишувам постов).....

Добра 9-ка од мене. За љубители на европски, скандинавски филм - задолжително да се гледа....
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.334
Поени од реакции
27.892
Trust (2010)



Го гледав пред некој ден и ми остави добар впечаток.
Филмов уствари се труди да го долови проблемот на 21 век - интернетот. Ја прикажува темната страна, во буквална смисла ни кажува како лесно се перат мозоци, и можноста да се претставуваш со лажен идентитет. Интересна е приказната, а особено крајот. Не верував и не ни помислив на таков крај, малку чуден беше али ни на крај памет не ми текнуваше нешто такво.

Едина замерка ми е што таткото (КлајФ Оуен) некако не ми се вклопуваше во целиот филм, имал многу подобри изданија за разлика од овде каде што некако беше без реални емоции. И секако целите односи во фамилијата некако не беа прикажани како што треба поготово на релацијата брат - сестра.

Верувам дека ќе ви се свиЏа.

Моја оценка: 7/10
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Rounders (1998)




Одличен филм со Мет Дејмон, Едвард Нортон и Џон Малкович. Филмот го следи животот на покерашот Мајк Мекдермот (Мет Дејмон), кој се одлучува за студии по право после дебаклот кој го доживува на еден покер натпревар. Неговиот план за нормален живот го уништува негивиот пријател „Црвот„-Едвард Нортон, кој после излегувањето од затвор сака да направи брза пара заедно со Мајк и да го отплати долгот према мафијата...

Одличен филм
10/10
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Интересно е тоа како секогаш пред да изгледам филм предност им давам пак на најновите што сум ги симнал, секогаш се ситам со нешто ново што ќе го дознаам, оставајќи ги настрана постарите во хард дискот кои ја чекат светлината од денот да бидат изгледани. Легендата зборува дека секој филм што не ми привлекол внимание, симнат туку-така, после видени некои рецензии, или во најмала рака име на режисер, излегува ремек дело. Денес го гледав, останав шокиран од тоа колку пак не ја научив лекцијата. Филмот е ремек дело, кога зборувам така не сакам да користам никакви суперлативи, бидејќи филмот може да се објасни само со тој еден збор. Вистинско уметничко филмско парче, тука можам да го додадам и зборот музичко, бидејќи сме сведоци на прекрасни нумери од Sigur Ros, и секако насловната нумера Café de Flore.
Две приказни - до крајот гледаме како се спојуваат во една целина. Успешен ди-џеј со две ќерки ја остава неговата љубов од детството, и се заљубува во друга личност. Самохрана мајка со син кој има Даунов Синдром прави сé што може да му обезбеди почовечки и нормален живот на нејзиниот син. Колку е силна љубовта во двете приказни? Дали минатиот живот остава последици во сегашноста?

Симпатичната музичарка Ванеса Парадис, со сладок размак меѓу забите. За потсетување филмот е на истиот режисер, Жан Марк Вале, кој сведоци сме дека ги направи еднакво одличните The Young Victoria и најновиот Dallas Buyers Club. Со ова дело се искачува во листата на мои омилени режисери.

A must. (клик на сликата за одлична нумера)

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.698
@Mondonico @Сладоледџија, и сите останати незналици... читајте.

(1988)​

Викенд На Мртовци е Македонски филм, снимен во 1988 година, по бројните театарски престави, конечно дочекал да биде прикажан и на малите екрани. Оваа (одпрво) театарска претстава заедно со Солунски Патрдии и Бегалка е најдолго прикажуваните престави во Драмскиот Театар.
Ај малце за неупатените да пишам неколку реда рецензија
Еден ден Тасе добива повик од Скопје, каде што му соопштуваат дека неговата жена Ката починала во една од клиниките во градот. И како што е редот сите роднини се собираат кај него дома да ја испратат жената кон нејзиното вечно почивалиште. Додека го чекаат ковчегот да пристигне од Скопје, во домот доаѓа Директорот на фирмата кај што работи Тасе и неговата секретарка. Тие 10-15 минути додека Директорот е кај Тасе се најепик момент во цел филм, се мочав од смеење додека го гледав филмот. Кога пристига ковчегот во куќата, Ката е пречекана со зурли и тапани.... одспротива комшиите прават свадба, и кога го носат дома ковчегот што да видат... Ката ја нема, во ковчегот се наоѓа друга жена.
- Доста е со рецензијава, ќе оставам на незналиците да одберат дали ќе го гледаат филмов или не. Во филмов ќе најдете премногу епик добри реплики, кои цел живот ќе ги паметите, како на пример најомилената на Мондонико "Е, ај да плачеме сега", па потоа "Ако ме прашаш мене, па би и го свирнал двапати","Сите ќе умрете, некој после, некој сега, никој не живее вечно" итн, итн...

Причина повеќе да го ѕирнете, или да се потсетите на ремек делово е тоа што во филмов глумат плејада Македонски актерски легенди:
Димче Мешковски, Гоце Тодоровски, Благоја Чоревски, Владимир Ангеловски - Дади, Игор Џамбазов, Ѓорѓи Јолевски, Бата Живојновиќ, Катерина Коцевска,Тодорка Кондова и Јелисавета Саблиќ (Кај нас позната како Баба Зумбула)...


Бујрум цел филм...:cuc:
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
„Андреј Рубљов“ на маестралниот Тарковски
Со ова уметничко дело Андреј Тарковски се обидува да му го промени животот на луѓето. Филмот не се работи само за еден талентиран монах од Русија, туку самоиот Рубљов е еден значаен симбол во филмот, бидејќи тој живеел во време кога тој самиот лично бил сведок на две од клучните елементи во развојот на културата во Русија, а тоа е растечката сила на византиската црква и монголско – татарските инвазии. Покрај тоа што тој е уметник и мислител тој е искусен и успешен во тие тешки времиња во Русија. Сопствените конфликти на Рубљов му дозволуваат на Тарковски да ги расветли неговите размислувања за паганството и светото, природата на уметноста, односнот на уметникот кон државата, што значи да се биде русин и што значи тоа да се биде човек. Филмот е навистина убав, мистичен, длабок, но направен е со инспиративна естетика кои режисерот ги направил со комплетна магична техника. Лично јас не разбирам како се снимени некои сцени од филмот. Како на пример во еден кадар без рез, пред црквата се случува нападот на татарските окупатори, има акција на повеќе локации, камерата се движи во различни ракурси, во точен тајминг се појавуваат стотици артисти и коњи. Ова сепак е еден тежок филм за следење. Па дури и по проучувањето на творештвото на Тарковски, гледајќи други негови дела, читајќи негови коментари за филмот, сеуште филмот во себе крие доста метафори и симболи кои со наредните гледања на филмот би ги открил.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
Shutter Island (2010)



Фантастичен Американски психолошки трилер од 2010 година со Леонардо Ди Каприо и Бен Кинсли во главните улоги. Режисер е Мартин Скорсезе.
Дејството на филмот се одвива на островот Шатер, на кој е сместена институција за ментално пореметени криминалци. Иако филмот цело време ве држи во неизвесност, сепак крајот ќе ви биди доста интересен, а епилогот неочекуван.
Кој го нема гледано филмот, моја препорака е да не го пропушти. Ќе бидете задоволни од истиот.
Оценка 10/10.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
The Road (2009)



Прекрасна пост-апокалиптична драма во која татко и син се борат да преживеат во САД која е ненадејно зафатена од катаклизма. За време на нивниот обид да стигнат до потоплите краеви и да пронајдат нова цивилизација, тие ќе мора да се борат со суровата природа, но и канибалските пламиња.
Филмот е со одлична тематика, номиниран е за награда во повеќе категории, од кое како победник е во класата на најдобар актер, фотограф и кинематограф.
Мора да се погледне.
Оценка 10/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom