Не ме разбра,размислувам воопшто да не ти одговарам на прашањата
Едноставно нема потреба да ти одговарам на прашањата, а и навистина не ми е јасно со која цел ги поставуваш.
Или,запознај го противникот за да се бориш против него а?
Позз.
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 02:27 ---
Разликата е што,во Исламот гревот на Адем а.с. си е негов грев кој Аллах му го простил,но изваден е од џеннетот и спуштен на Земјата.
Додека во христијанството, гревот на Адем а.с. го носат сите,па така и познатото дека децата се грешни поради родителите итн итн.. што не е ниту фер ниту логично.
Зошто моето дете да носи грев заради мене?? навистина апсурдно.
Мухаммед а.с. рекол: Сите потомци на Адем се грешници,а најдобри се оние кои се покајуваат, и бараат прошка од Аллах.
За тоа дека се раѓаат безгрешни па стануваат грешни е затоа што на детето во Исламот не му се пишуваат гревови додека не стане полнолетно,бидејќи Мухаммед с.а.в.с. рекол: Перото на мелеците е кренато од тројца:
Човек кој спие,додека не се разбуди
Неразумен(психички) додека не му се врати разумот
и дете додека не достигне полова зрелост(полнолетство)
Па така додека не достигне полова зрелост,на детето во исламот не му се пишуваат гревови и не е должно да обавува ниту една исламска обврска(намаз,пост итн итн) се до оној момент кога ќе ја достигне половата зрелост.
--- надополнето: 10 јануари 2014 во 02:28 ---
Инаку не ми е јасно како ги стави хомеини и абдул вехаб и талибаните во еден кош