- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
- Возраст
- 71
Секогаш ќе има разлика помеѓу историчар и љубител на историјата.
Историчарот има можност пред се правилно да се насочува учејќи од историчари доктори на науки (кои цел живот го посветуваат на таа наука, истражување, трудови итн.). Да учи од врвна литература, да истражува, да добива насоки како да се гради и надградува во науката и да биде оценуван за тоа.
Со ова длабоко се согласувам. Затоа и посакувам да читам мислења кои ги напишале тие кои се стручни. Од такви мислења можам да ги проширам моите знаења.
Но и тие кои пишуваат на овој Форум треба да се свесни, дека пишуваат за мене кој сум лаик и да своето ниво на излагање треба да го прилагодат кон моите знаења.
Во постот 14 јас напишав една равенка, која на многумина не им е јасна ( ако не ја познават термодинамиката и вишата математика ). Но истата равенка јас можам да ја објаснам многу просто.
Додека материјата преминува од една агрегатна состојба во друга - температурата не се менува.
Ако во една чаша со вода, ставиме коцка мраз, тепературата ќе остане иста се додека и последното парче мраз не се истопи.
А ова може да го потврди секој кој пиел пијалок со мраз
Ете гледаш колку лесно и достапно ја објаснив оваа равенка