Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Грчко-албанската граница од 1 јануари засилено ќе биде набљудувана од вооружените сили на грчката војска, чии единици беа инсталирани таму уште кон средината на септември за да изведуваат вежби за неутрализација на Ослободителната народна армија (УЧK) и Војската за ослободување на Чамерија (УЧЧ), пренесе албанскиот портал „Шќиптарја“.
Заштита од избегани затвореници и од наркодилери
Од грчкото Министерство за одбрана известија дека по последните случувања во Преспа, каде што еден грчки и двајца албански државјани го загубија животот, но и поради проблемите со наркодилерите, официјална Атина решила да испрати војска за набљудување на границата. Извори блиски до грчкото Министерство велат дека воените сили најпрвин ќе бидат дислоцирани во зоната на Преспа, каде што наскоро ќе се отворат две караули, а потоа слични вакви точки ќе се подигнат и долж 600 километри долгата граница меѓу двете земји, пренесува албанскиот портал.
Информациите што ќе се собираат во нив ќе се пренесуваат до полициските патроли, кои ќе дејствуваат на терен. Грчките војници ќе го набљудуваат и оштетувањето на шумите и незаконскиот лов во природните резервати во Преспа и планината Грамос. Граничната зона меѓу Албанија и Грција се наоѓа меѓу шуми и високи планини и таа околност се искористува од дилерите на оружје и дрога.
Грчките војници на готовс
Сепак, грчките воени сили се инсталирани на границата уште од средината на септември годинава. Таму тие имале вежби за неутрализација на УЧK и на УЧЧ. Според грчките медиуми, вежбите се одвивале во селото Дипотамија (Ревани), село во близина на Kостур, некогаш населено со Албанци, а потоа нив ги иселуваат и на нивно место доаѓаат маџири. Истите биле предводени од началникот на Генералштабот на грчката армија, Михалис Kостаракос, а наводно доаѓаат по шпекулациите дека затворениците што избегаа од затворот во Трикала се поврзани со УЧK, но и со инцидентите во Пермет во врска со православната црква. „Шќиптарја“, повикувајќи се на грчки медиуми, пишува и дека според службеници на грчката тајна служба, УЧЧ е под директна контрола на УЧK, дека нејзиниот центар се наоѓа на југот на Албанија и дека УЧЧ има околу пет илјади вооружени членови кои се подготвени за герилска војна во Грција. По Скопје, цел на УЧK, наводно, е активирање на УЧЧ во Епир, пишува албанскиот портал.
Изминатиов период на грчко-албанската граница се забележани десетина инциденти кои почнаа со бегањето на 11-те затвореници од Трикала, чие фаќање ги чинеше Грците еден милион евра, преминувањето на границата на тројца избегани затвореници од Дренова, Албанија, а и престрелката во преспанското село Вронтеро, каде што беа убиени двајца Албанци и еден грчки полицаец.
БилJана Арсовска
Златна зора бараше минирање на границата
Златна зора на почетокот на декември побара од грчката влада блокирање на границата со Албанија со враќање на војската таму, подигање кампови, па дури и поставување мини. Златнозорците бараа засилување на војската во, како што ја нарекуваат тие, западна Македонија, враќање на 15. бригада во Kостур, повторно отворање на камповите за собирање на емигрантите, специјалните единици на војската на граничните зони да се дислоцираат во напуштените кампови, распределување мини на границата со Албанија, опремување на грчката војска и на полицијата со блиндирани возила и со панцири, прогонување на албанските емигранти, запирање на нивното сезонско вработување и максимална казна за сите илегални емигранти што вршат криминал во Грција. Неонацистите повикаа на запирање на албанските банди, кои се тешко вооружени и тренирани по герилските тактики на УЧK, пренесе „Шќиптарја“.http://www.dnevnik.mk/?ItemID=3AB157F6C635AC4BAFF0764F6575A315