- Член од
- 15 април 2012
- Мислења
- 1.341
- Поени од реакции
- 2.211
Добро, само мене ли ми оди на нерви веќе темава? Ок, сфативме, младите сакаат да живеат надвор, има одлив на мозоци. Ама наместо сите експертски да дрднаат и САМО да дрднаат, нека преземат конкретни мерки. Сите само кукаат, никој ништо не прави. Да, огромен е проблемот со администрацијата и партиските книшки, hello captain Obvious, али дај нека кажат (пошто повеќето се самодекларирани експерти) со помош на нивната ценета експертиза што да се направи, некој КОНКРЕТЕН предлог за подобрување на ситуацијата, а не само да пишуваат колумни и да продаваат ветер и магла.
И искрено, исто муабетите со просеците ми е преку глава. Во систем каде се наградува само учењето на памет, во еден катастрофален образовен систем како нашиот, не гледам што има воодушевувачки во висок просек. Лично сум сведочела дечки и девојки со пониски просеци како попродуктивно и поуспешно работат од оние со висок просек.
Сега знам дека ќе биде непопуларно мислењево и сите ќе ми се фрлат со контра-реплики, али ич не ми е гајле.
Хмм, и јас би сакал да знам кое решение би било одлично и применливо за да речеме, најпрвин, минималната плата биде тродупло повисока него денешната, да има работа за (скоро 90%) сите, да не се натегаме секојдневно за политички теми, да не поделува населениево што повеќе на екстра богати и просечно до екстремно сиромашни.
Еве, кое е решението?