Што НЕ треба да носите со себе кога патувате во земјите од ЕУ или некои други држави

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Се ближат празници и одмори, верувам доста од Р. Македонија ќе заминат на пат надвор од државава во некоја од земјите во Европската Унија ( воедно и пријатен пат на тие што ќе идат).
Последниве денови стигаат информации дека во баш овие земји се казнува лудо и за една кутија цигари што не е произведна на ЕУ можете да го испразните џебот и над 200 EUR. Деновиве посебно на Унгарската граница биле запрени поголем број на Македонци и Срби и биле казнети баш поради таа причина. Зетот мој го изеде калапот, денеска си дојде и објасни се и за однесувањето на граничарите.. Унгарците се ваделе дека закачиле предупредувања на самиот граничен премин, но меѓутоа од тоа ни к***ц, по што очигледно е дека ЕУ земјите си нашле начин како да си го полнат буџетот предновогодишно... Приговор тешко, а можете и да завршите и во притвор.

Споделувајте и други работи што не треба да се внесуваат, пред да се опрчи уште некој.
 
Ако некој има намера да иде за Италија, повеќе од една штека цигари не смее да носи со него.
 
Во Унгарија не смее да се носи штека цигари како во другите земји, само една кутија за себе. Иначе стандардно не смее да се носи голем дел храна, месо, млечни производи и за лекови е опасно. Знам во Хрватска многу гледаат на лекови, посебно Диазепам и други јаки средства само со потврда од лекар и нормални количини.
 
Лексилиум, дијазепам, хелекс строго со потврда од леакр. Никад се не зна.
Од искуство на мој напатен комшија.
Ракијата прошла ама Хелексот не... :(
 
Што сакаш носи ако си махер да прекриеш може да си понесеш што сакаш од Шпанија се пренесов нож во куферот без проблем и пијалоци прекриј ги добро нема проблем.Таткоми Црна Гора Македонија и обратно си носи што сака еднаш знам летоске пренесе толку цигари што можеше да се отвори пиљара ама добро ги криел по ногавици по блузи на сите страни само цигари.Така да пишувам од мое искуство не тропам глупости.Добро скриено без проблем проваѓа они тони и тони шверц на дрога се прави ти да не можеш да скриеш некои работи.
 
Махер немахер, секој мора за себе да знае колку да ризикува. 100 пати може да поминеш без да најдат нешто ама еднаш ќе се зафркнеш. И плус не секој има живци да се тресе по границите.
 
Со авион многу работи не. Течности, шишенца и туби до 100 (мислам до толку беше) мл, ноже. Пастата за заби и за бричење да е до 75 мл, парфем, спреј не купувајте поголеми од наведената големина.
Ова со пасти спрејови и туби не важи за чекиран багаж туку само за личен кој го носите со себе во авион.
И за во авион чисти чорапи или хулахопки без дупче и не многу широки панталони. На секоја царина мора да се вади каишот а често и чевли се собуваат.
 
Колку алкохол е дозволено? У шишиња изразено. :D
Србија/Косово/Црнагора премините специфично..
 
Литар по особа, е сега во колку шишиња ќе го сместиш... тоа е ваљда твоја работа. ;)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Се ближат празници и одмори, верувам доста од Р. Македонија ќе заминат на пат надвор од државава во некоја од земјите во Европската Унија ( воедно и пријатен пат на тие што ќе идат).
Да ти кажам искрено, тие на Хоргош се може најкорумпираните цариници во цел свет. Не знам каква била ситуацијата, ама многу се поткупливи. Затоа и нашиве црни сограѓани го пикираат најмногу за влез во ЕУ во еден правец.
Не дека поддржувам такви активности, ама сакам да кажам кои све народи се „големи европјани“....
 
Пошо ја сум фотограф. Има ли забрана колку максимум опрема можам да понесам со себе?
 
Да не отварам нова тема сакам да прашам дали ќе ми прават проблем на наша граница за оружја (воздушни пушки , катани и останати орудија) ако ги купам од друга држава и дали е потребен некаков документ (за косовска граница знам дека нема да прават :D ).
 
Да не отварам нова тема сакам да прашам дали ќе ми прават проблем на наша граница за оружја (воздушни пушки , катани и останати орудија) ако ги купам од друга држава и дали е потребен некаков документ (за косовска граница знам дека нема да прават :D ).

Ти треба одобрување од нивно МВР за да дојдеш до наша граница. На наша страна, прво треба одобрение за набавка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom