Ај да ти одговорам. Не мора да значи дека ова е дефиницијата, ова е само мое мислење. Извинете за оф топик.
Бад бој ти е дечко кој е еден од главните фраери во градот. Секој пат кога ќе го видиш има женска до него и секој пат е различна. Поседува харизма, шарм со кои може да и го растопе срцето на било која девојка. Знае како да заведе за да те заинтересира за него, ама знае и како да те откаче од кога ќе те издегустира. Репутацијата најчесто ја стекнал уште од раната младост, кога бил главно фраерче во одделение и сигурно бил првиот или меѓу првите од врсниците кои фатиле женска. Може да има добра кола, но и не мора. Секогаш е добро дотеран, со гелосано фризурче. Не жали пари за частење на девојки, оти тоа му е еден од начините со кои мисле дека шармира. Има историја на тепачки позади себе, по кои е познат. И физичката градба му е крупна(значи не мислам дека е некој батка како овие што се од обезбедување) и има тетоважа некаде на себе. Жените кои ги „фака“ му претставуваат само трофеи. Колку поголема бројка, толку е повеќе „фраер“. Само не знам во чии очи. Со една иста не бил повеќе од еден месец. Додека трае гледањето со некоја, тогаш ја прави кралица и е најдобар кон неа. Кога ќе му здосади, фино лепо, престанува да ја бара. Ама кога ќе се зацапа во некоја, е тогаш веќе станува лигуш, па ако оваа не му возврати, најчесто насилник...
И ова ќе го заборавев. Обично има некаква поврзаност со нешто што не е легално.