Последен гледан филм со кратка рецензија

G

Geezer

Гостин



Нема да должам многу. Одличен филм, многу ми се допадна. Тотално се поистоветував со Френк и ги делам сите негови мислења и ставови. За трулиот свет во кој живееме и општеството изградено врз темелите на просечноста и погрешните вредности, кои за жал секојдневно ги впиваме и ги прифаќаме, како да се работи за нешто сосема нормално. Опширна тема е, сигурен сум дека има луѓе кои мислат на истиот начин, ама за жал се малцинство и не можат многу да променат.

Девојчето и Френк ми беа толку компактибилни, како да глумеле заедно 100 години. Е сега, јас не би се дрзнал да делувам толку радикално како Френк, но секој со својот фитил.

Препорачувам, висока оценка од мене.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169
Curse Of Chucky


Како голем фан на серијалов уште од мали години, решив и овој да го изгледам. Искрено, не очекував ништо посебно од филмов, со оглед на тоа што е излезен Direct-to-video. Обично таквите филмови се осудени на пропаст, или се направени со многу мал буџет. Ми се допадна тоа што Бред Дуриф сеуште му го позајмува гласот на Чаки.
Малце рецензија:
Како што кажав не очекував ништо посебно од филмов, уште на старт видов дека актерите се аматери. Приказната беше навидум иста, поштарот донесува пакет, фамилијата го прима пакетот, внатре се наоѓа Чаки и.... почнуваат убиствата. Стандардно. Но додека го гледате филмот, сваќате дека има допирни точки со предходните делови, искрено ниту јас не го очекував тоа. Филмов мислев дека ќе биде глуп како предходните два дела (Seed of Chucky и Bride of Chucky), но ме демантираше. И крајот ме изненади, но сепак можеле подобар да го направат... и да сосема на крајот се појавува и вистинскиот Енди од првите два дела, овојпат како возрасен човек.

Се на се оценката на IMDB му е реална. И јас би му дал 5.6/10. Сепак не беше се така црно како што мислев :icon_lol:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169
Морав да се самоцитирам, синоќа го даваа на Едо ТВ :X3:

Dances With Wolves ( IMDB )
Dances With Wolves ( Rotten Tomatoes )



Досега го немав гледано овој филм, заради тоа што ми велеа дека траел 3 часа ( А мене не ме држи место да седам/лежам на креветот толку време ), и го избегнував, иако често се даваше на ЕДО ТВ.
Дејството се случува во 1865 за време на граѓанската војна во Америка. Џон Дунбар ( подоцна именуван како Šuŋgmánit Tȟáŋka Ób Wačhí :icon_mrgr: ) е поручник на армијата на унијата, кој бара место каде што би основал воена пошта со која би им помогнал на своите луѓе во војната. Тој наоѓа една запустена куќарка со езерце среде пустелија и решава таму да се смести. Но по некое време ќе има проблеми со Американските Староседелци ( Индијанците ), кои не го пожелуваат во своја близина. Доста беше од рецензијата, за тие што го гледале филмов, знаат за каква класика станува збор. Додека пак за тие што не го имаат гледано... ВЕДНАШ ДА ГО СИМНАТ И ДА ГО ИЗГЛЕДААТ!!!
Оценката на ИМДБ е 8.0, додека на Rotten Tomateos е 78%.
Јас му давам 10/10 оценка и 100% томатометар :vozbud:


Класика нема што, во еден здив го изгледав филмов :cuc:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
The Last days on Mars


Имаше сличен старт како и Riddick и веднаш помислив дека е исто срање но подоцна се уверив и дека не е толку лош филм.

Синоќа имаше 7.1 на имдб и гледам полека паѓа оценката сега е 6.9 и се надевам нема да паѓа повеќе.
Актерската екипа ми беше сосема анонимна, единствено Liev Schreiber го препознав во тек на филмот. Одлична глума од сите актери (y), звучните елементи во филмот се одлични (y) единствено не ми се допадна во филмот е глупиот крај. Незнам до толку неможеа да направам подобар крај? :confused:

Годинава е преплавена од вакви филмови со вакви приказни (не исти, секако).

7/10 или 6,5/10 - реална оценка за филмот. Гледајте го ви го препорачувам
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Captain Philips (2013)



Базиран на вистинска случка. Баш ми текнува за ова кога известуваа на вести пред некоја година. Иако го знаев крајот, цел филм од нешто повеќе од 2 саати помина во еден миг.

Рич Филипс (Том Хенкс) е капетан на карго брод кој минува низ јужниот дел на Африка. Тој период, многу бродови во близина на Сомалија се нападнати од пирати, па истата приказна го следи и Алабама бродот. Херојството на Капетанот е она што се издвојува, иако сите членови на посадата ги гледа за прв пат во својот живот. Уште од стартот на заложништвото, започнуваат интересните дијалози меѓу Филипс и лидерот на пиратите - Муз. Почит, разбирање и хумор, на кратко меѓу нив.

Напет до самиот крај. На секого радо им го препорачувам.

8.5/10.

P.S. I love America. :pos:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Oldboy.




И оди песмата од Мерлин Мансон :icon_lol:.

Филмов е од 2003 а јас го гледав дури вчера. Можеби така би требало да биде затоа што да го гледав тогаш немаше да го разберам како сега :icon_lol:. Спајк Ли прави римејк или веќе го има направено ама бил само бедна копија :icon_lol:.

Филмов ти е школски пример како илуминатите работат на дело прикажано низ фикција или филм, значи сите мачења и манипулации што во реален живот им се правени и тие луѓе имаат просведочено за тоа се изнесени во овај филм. Јако моќно, на моменти тешко и гадно филмче, страшна работа опасно за гледање, и кога ќе речат за илуминатите и нивната магија како зема моќ преку тоа што сакаат да го пренесат што си прават себе и на своите блиски низ филмови, овај филм е еден пример за тоа.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Sound of Noise



Кога Ајнштајн вселената и глупоста ги изделил како бесконечни нешта, заборавил на музиката. Заборавил на сите можности што ги нудат нотите, звуците, тоновите, заборавил на бесконечните комбинации кои произлегуваат од музичките инструменти. А инструмент може да биде и човекот, касите во банките, жиците што висат на бандерите. Овој филм е токму за тоа, за рушење на сите бариери преку музиката.

Овој филм ги крши границите на тоа што е легално, а што „девијантно“ однесување и внесува еден нов тип на уметност, еден сосема креативен пристап, пристап во кој уметноста не се затвора во четири ѕида и не се редат суперлативи наменети кон оној кој ја создал, туку се прима, се живее и се ужива со сите сетила.

Класифициран е како Swedish-French comedy-crime, но е многу повеќе од комедија и многу повеќе од крими. Тој отворено ќе ви ја прикаже залудноста на сите ласкања упатени кон големите уметници, кога „големото дело“ на уметникот ќе оживее и ќе го смени погледот кон музиката.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
The Perks of Being a Wallflower

Многу ретко пишувам на темава. Кога пишувам, значи некој филм навистина ме допрел. Последен пат мислам дека пишував за Midnight in Paris. Е толку време помина. Не знам ни како да почнам. Прв филм по којзнае колку време што ме трогна, ме расплака, толку многу емоции, толку убаво напишан, толку убави мисли, толку убаво доловени ликови и одглумени.

Не сум најголемиот обожавател на филмови и ретко гледам. Повеќе сум по серииве. Ама кога ќе се приврзам за филм, можам да го гледам 25 пати. Филмов не заслужува рецензија, филмов заслужува поклонување до земја. Оригинално направен во истоимената книга, но писателот е во исто време и сценарист на филмот така да не се сомневам дека одлично е направена адаптацијата. (Книга која ќе ја прочитам во најкус можен рок)

За циниците, ова ќе биде навидум уште еден средношколски филм за срамежливо момче кое нема пријатели и кое сосема случајно запознава група тинејџери од неговото школо, но малку постари т.е матуранти. Но, овој филм е многу повеќе од тоа. Позадинската приказна, која се открива малку подоцна во филмот носи многу тежина со себе, но е на многу емотивен начин прикажана и претставена.

Ова е филм за емоции, филм за индивидуалноста, за внатрешните борби кои сите ги имаме, особено кога сме најкршливи и нежни. Филм за тоа како може да ги победиме нашите демони, да се избориме за себе и за она што го сакаме. Се покажува комплицираноста на човековите емоции.

Истовремено тажен, меланхоличен, но и инспиративен филм. Филм кој секој тинејџер треба да го погледне, но и луѓе кои се далеку од тинејџери. Филм кој ретко кого ќе остави рамнодушен.

Плус поени носи и фактот што има одличен саундтрак и одлични песни во текот на целиот филм.

Можам да пишувам на долго и широко за филмов, но ќе застанам тука, затоа што уште имам измешани емоции.

Само ќе завршам со следниот цитат, со кој неверојатно многу се согласувам:

 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.585
Поени од реакции
81.169


Пред некое време членот Бојан Ван Бурен го побара филмов на темава, и ме потсети повторно да го изгледам, после подолго време.

Значи вака...има некои филмови кои ги гледаш 1000 пати, и не ти здосадуваат. Овој е еден од нив (барем според мене). Филмов е пародија на филмовите што ги правел Елвис Присли на времето, и филмовите што ја обработуваат темата за Втората Светска Војна. Приказната е јасна, Ник Риверс е американски рокенрол пејач, кој оди во Источна Германија да биде дел од некоја си културна манифестација. Но тој таму се соочува со проблеми од Германските војници, и несакајќи (на некој начин) се здружува со Францускиот Отпор.
Несакам многу да должам, филмов е антологија. Буквално во секоја сцена постои некаква глупост кога ќе те изнасмее до солзи.

И како што е редот, морам да го изберам мојот омилен лик во филмот... Шоколет Мус... Црната верзија на Терминаторот
П.С. 1:40 Оној момент кога сваќаш дека во Германската Армија имаат црнец за војник :pos:
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246


Ова ќе го препастирам од пп :icon_lol:

Ни Midnight in Paris не беше добар, освен што имаше малце егзотика во кадрите од Париз и во Овен Вилсон, а и Vicky Christina Barcelona не беше нешто посебно.

Но, од друга страна, дали заради снимањето многу години наназад (црно-бело, стилот на филмот/актерите, музиката ... ), зошто беа подраматични, или зошто тие филмови ги гледав први од Вуди Ален, многу подобри беа Annie Hall, Manhattan, Manhattan Murder Mistery, и поновиов Whatever works. :)

Највише сакам драми коа не се дешава ништо особено освен бескрајни разговори меѓу ликовите, и затоа Вуди Ален ми спаѓа во океј режисерите, и тоа уште пред да дознаам дека е идол на хипсерите.:) Али проблематиката се повторува во неговите филмови, плус ако се во ова време/место/без егзотика/без драматичност, ондак е толку лошо што боље ќе беше да гледавме турска серија. :D



Now we are talking. :)
СПОЈЛЕР е цитираново, damn, заборавив како да ставам спојлер :
Овој филм ја опишува вистинската љубов (ослободена од можните заблуди кои ги дава физичкиот контакт), но освен вистинска, и реална, заради тоа што без разлика дали двајца се многу слични меѓу себе, може да се доволни една, две засебни карактеристики кои секој од нив ги поседува, за да решат да намалат/снемаат контакт.
Малце имаме хинтови за вистинскиот живот, малце холивудско филмање зошто е сепак филм, малце хипстање зошто сепак ќе се допаѓа на таа публика. Се` на се`, лесен и интересен, но ако се помисли или бар според мене, истовремено длабок филм.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Bhaag Milkha Bhaag



Очекував многу од филмов и го добив тоа што го очекував. 4тата десетка за филм излезен во 2013 доделена и не очекувам многу од други филмови оваа година, уште Гравити можеби.

Филмов имаше одличен старт, Милка трча на ОИ во Рим 60 мислам беше и таман пред крајот се сеќава на некои морничави траги од детстово, тоа му се случува неколку пати во текот на филмот

3 саати одлична приказна, не мрднав. Најмногу ми се допадна моментот кога со девојкму си фрлаа праски (мислам беа) и внатре со писмиња, или пак кога овој ги тераше децата да полнат вода и потоа да и ја носи на девојката. Музиката (y), ГлуматА(y) Ефектите (y) и уште мнгоу (y) од мене има. Благо ви го препорачувам да го гледата за сите кои што обожавате вакви филмови со тркање и пресврти.

Оцена 10/10 сосема заслужено :cool:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618

Документарецот на Мајкл Барнет и ги пукна ноздрите на мојата совест. Ако, така и ми треба кога дозволив предрасуди да ми ја милуваат каросеријата. „Јенките медиумски форсираат дебили, од дебилите чинат херои“ разбијао сам чаше из плафоне на мотово, од шо сум бил убеден у неговата точност.

Мајкл кокетира со тоа на почеток, пратејќи го животот на „Master Legend”, „Mr.Xtreme” и „Life“ самопрогласени ексцентрични суперхерои кои ги чуваат улиците од апгрејд на криминалот. Кога ги запознаваш на почеток си викаш ова е шизофренија без деминутив, во прво лице. Уствари нели дека си праиме муабет искрен до јаја и до краја, тоа мислење ќе ме напушти до крајот на филмот. Јас успеав да ја ампутирам мојата осудувачка перцепција, но сепак предрасудите ќе пливаат на површина благодарение на коментарите на психијатрите и популарниот Stan Lee кои воглавно загрижувачки и исмејувачки го набљудуваат овој феномен – улични суперхерои.

Но...

„Master Legend”, „Mr.Xtreme” и „Life“ се и автостопери на гравитација и продолжена рака на кармата, кои ги амортизираат гребнатините на светов, ги кастрираат стравовите кои не жуљаат, го ревитализираат уморниот кислород и тоа се додека кумовата слама спие. Не можеш да не ги засакаш.

Повеќето од нив се со ментални заболувања, злостовувани и малтретирани како мали, имале проблем со пороците што веројатно е резултат на нивното кревко постоење и неможноста да се адаптираат на светот и неговото сивило.

Кога ќе гребнеш малку подлабоко под смешните и идиотски костими на аверсот ќе видиш и монашка љубов кон правдата, набрекнати асфалт херои кои ги чуваат ноќите од кариес, кои го ставаат небото под јастокот на детските соништа, кои ја прозиваат рамнодушноста во која се давиме, кои се совеста на нашето постоење...

И одеднаш ја снемува насмевката на твоето лице. Одеднаш знаеш дека се во право. Робин Худ говна да јаде. Светот има нужна потреба од постоење на што е можно повеќе јунаци како тие на Барнет.

Приказната е без наратор, пропратена со чат-пат анимации, но натопена е со монолози и лични емоции. Каде се изгубивме како луѓе? Кога заборавивме на човекот покрај нас? Што стана со алтруизмот, несебичноста, хуманоста ? Тоа се само дел од моралните прашања со кои не соочувавт „суперхероите“.Топла препорака.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543


Temptation: Confessions of a Marriage Counselor (2013)


Го препорачувам на љубителите на класичната и типична драма, значи лесен за гледање со приказна којашто е веќе обработувана во филмови и доста поучна...Нема на овој филм што да се анализира многу...Една од споредните улоги е доделена на Ким Кардашиан, која воопшто не ме воодушеви...Нека проба да се реализира во други води, бидејќи во актерскиве е катастрофа...
И не беше нешто посебно изборот на главната глумица, а посебно нејзините криви нозе, а во неа се заљубува згоден милијардер...
Филмов го вади клише приказната која ја обработува и јакиот емотивен набој во истата...За опуштање во недела навечер, со пуканки е феноменален...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.341
Поени од реакции
7.453


FROZEN

Повеќе да се пофалам дека сум меѓу првите кои го гледале филмот отколку што ми се пишува на темава :)
Уште една дизниева обработка на приказна од Ханс Кристијан Андерсен, овојпат Снежната Кралица. За жал ја немам читано приказната па не можам да направам споредба, но можам да кажам дека Дизни навистина добро екранизира приказни, и од содржински, визуелен аспект и аудио аспект (комотно филмов може да се смести во жанр мјузикли, падна и муабет со луѓето од театарот на Дизни Фентази дека филмов комотно може да се адаптира во театарско шоу во Бродвеј стил). Патем да не заборавам да пишам дека во овој филм го видов еден од најсимпатичните карактери кои некогаш ги имам видено на филм, снешкото Олаф. Солзи ми потекоа од смеење на некои од неговите реплики.

п.с. има кратка сцена после одјавната шпица која не смеете да ја пропуштите.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Многу фалби од другар, импресии и од форумов, знаев дека филмов ќе ми се допадне. Но сепак, не допре до мене колку што очекував. Мислев ќе биде на некое рамниште со Mr. Nobody.​
Во една болница, пациент почнува да и раскажува интересна и епска приказна на едно мало девојче, прикаска во која 5 хероји одат да му се одмаздат на лошиот Одиус. Девојчето навидум приглупо, премногу ја заинтересира приказната и не сака да се одвои од раскажувачот. Нешто чудно се случува во оваа болница. Приказната се меша со реалноста.​
Филмот е визуелно преубав. Уживаш во сите кадри, без разлика дали е делот во фантастичниот и имагинарен свет од приказната или во 1920 година во болницата. Има мали ситни моменти кои што ти ја исполнуваат душичката. Девојчето е многу интересно, трча наоколу, не збори убаво англиски затоа што не и е мајчин јазик и обожува да лиже лед :D
Дали сите приказни имаат среќен крај?​
7/10​
 

Kajgana Shop

На врв Bottom