Суровоста и гневот Божји

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
Темава е за библискиот бог, цитатите кои се претставени како пример за таа суровост се од стариот завет.
Што значи дека или неговата сила, суровост и гнев важеле само во минатото, или дека неговата сила, суровост и гнев па и самиот тој постои единствено во имагинацијата на верниците, имагинација која нема моќ да ги казни или спречи останатите да дискутираат за него, затоа што дискутантите за разлика од богов, се надвор од имагинацијата на верниците.
.

Суровоста и гневот БОЖЈИ од секогаш биле и ќе останат (преку злоупотреба на слободната волја) самопричинета консеквенца поради одбивањето на Неговата Првородена Мудрост (Милост) чиста, Која што Тој пред (околу) 2000 години - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исуса Христа!

Среќни и Блажени се сите кои вистински ќе се разбудат и го отворат срцето за Неа/Него!(y)

Господ БОГ ме имаше во почетокот на Својот Пат, пред Своите созданија, многу одамна.
Вообличена сум уште од вечноста, од почеток, пред создавањето на земјата.
Се родив кога уште немаше бездни, додека немаше извори на изобилни води.
Се родив пред да бидат основани горите, пред бреговите;
кога Господ БОГ уште не беше ја создал земјата, ни полињата, ниту првите прашинки на вселената.
Кога ги создаваше небесата, бев присутна, кога распростираше свод над лицето на бездната;
кога ги зацврстуваше облаците во височината и кога ја одреди силата на изворот на прадлабочината.
Кога му ги поставуваше на морето неговите граници, за да не му се прелеат водите преку бреговите, кога ги поставуваше основите на земјата,
бев покрај Него, како градежничка, бев радосна, од ден на ден, радувајќи се пред Него сето време:
Се радував по почвата на Неговата земја, и мојата радост се човечките синови.
Така, деца, послушајте ме, блазе им на оние кои ги чуваат моите патишта.
Послушајте ја поуката, за да добиете мудрост и не ја отфрлајте.
Блазе му на човекот што ме слуша, и бдее пред моите врати секој ден, и кој ги чува моите довратници.
Зашто кој ме наоѓа мене, го наоѓа животот и добива Милост од Господа БОГА.
А ако згреши кон мене, и’ пакости на својата душа:
Сите што ме мразат мене, ја љубат смртта.”

(Мудр. Изреки 8:22+)

Подобро позади задниците на курејшиите, отколку пред предницата на Попот. :D
.
Еден ден - Иншалах - ќе сфатите, дека во Совршената Вера и Вистина не постои друг посредник, свештеник, раби, имам, ...
освен Единиствениот, во кого е Совршениот !(y)

Еден Имам имаме
Во срцето Го носиме
За Него живот даваме
Исус (Иса) Совршениот Селам е!

А што вика Исламот зошто сите пророци, пратеници итн сите потекнувале од Израилот ...
.
144 000 на број! (y)

.

.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
.
.
144 000 на број! (y)

Спирос одлично ги шибаш овие со Совршениот Ислам.
Но...
Библиските пророци и избраници се многу добро запишани и овековеченини но што врска имаат овие 144 000 не се минати пророци аи нема ниту да се наречат пророци во иднина?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
.
.

Суровоста и гневот БОЖЈИ од секогаш биле и ќе останат (преку злоупотреба на слободната волја) самопричинета консеквенца поради одбивањето на Неговата Првородена Мудрост (Милост) чиста, Која што Тој пред (околу) 2000 години - за спасение на сите - Ја отелотвори во Исуса Христа!

Среќни и Блажени се сите кои вистински ќе се разбудат и го отворат срцето за Неа/Него!(y)
Слободната волја одсекогаш била, е и ќе остане неубедливо алиби за глупоста човечка како консеквенца на стравот, кој како главна причина ,отелотворена во симболот на Исуса Христа, бил, е и ќе биде вечно сведоштво за отелотворување на слепилото кое засекогаш ќе остане пред Вистината - дека Човекот неможе вечно да се крие од Одговорноста за своите постапки барајќи спасители и месии, да ги носат неговите грешки и да ги земат врз себе неговите Искушенија!
Амин!
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
spirsissimus бе............... :pos: :pos::pos::pos::pos: Кај ти текна, да не пукниш, до сабајле ќе се смеам... :pos:
Ќе дојде ден, кога сабајлечки ќе сватите, како спирисимус е патот, вистината и премудроста, отелотворена во Милоста чиста на Совршената Љубов и нејзиниот вечно несватен гласник - spiros!
Амин!
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Спирос одлично ги шибаш овие со Совршениот Ислам.
Но...
Библиските пророци и избраници се многу добро запишани и овековеченини но што врска имаат овие 144 000 не се минати пророци аи нема ниту да се наречат пророци во иднина?

.

1. Немам намера никого да шибам!
2. Сите пророци и пратеници - коишто под Божја инспирација делувале и упатувале на Совршената Вистина - не се запишани во 50тината Библиски Старозаветни Списи, исто како што 27те Новозаветни Списи не се сите списи, коишто сведочат за Новиот Завет во Крвта Христова!
3. Ти во твојот пост, покрај пророците и пратениците напиша и итн. Баш на тие итн. се однесуваше бројот 144 000, кој што е бројот на малото стадо израелево , кое Го препозна и консквентно Го следи Оној Кого светот (со исклучок на големото стадо) нити Го препознава, нити пак помислува да Го следи! (Јован 10:16)

Спире толку ли те научија јеховините?
Не само што ги шибаш туку и делуваш како ЕРЕТИК!

А Одговорот твој е ИТН!

Те прашувам Кој ти се овие 144 000? Што ти значи таа бројка?
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Спире толку ли те научија јеховините?
Не само што ги шибаш туку и делуваш како ЕРЕТИК!

А Одговорот твој е ИТН!

Те прашувам Кој ти се овие 144 000? Што ти значи таа бројка?

.

Поважни од Старозаветните Пророци е малото стадо Израилово (144 000 на број), кое Го препозна и прифати Спасителот!

А тоа, кој бил еретик, тефтерот ќе каже.

Оти ви велам: меѓу родените од жени нема ниеден поголем пророк од Јована Крстител;
но најмалиот во Царството Божјо е поголем од него!

(Лука 7:28)

п.с. “Сериозните“ истражувачи на Библијата (самонаречените сведоци) - кои што го негираат Тросветлиот БОГ - не се нити мои учители, нити меродавни за мене!

Батка повторно не ме разбираш?
Кој се тие 144 000 изминати,сегашни или идни?

ПС:Во тефтерот не пишува никаков Мухамед и Ислам така да остануваш Еретик!
 
spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Батка повторно не ме разбираш?
Кој се тие 144 000 изминати,сегашни или идни?

ПС:Во тефтерот не пишува никаков Мухамед и Ислам така да остануваш Еретик!
.

144 000 се од пред почетокот на земјата избрано мало стадо Господово!

Кога пишувам за тефтерот, тогаш зборувам за Книгата на Животот! А, што се работи за оној тефтер (Библијата) на кој што мислиш ти, да, таму не се споменува (по име) Мухамед, но затоа се зборува за правилната Богооддаденост (или на арапски јазик : Ислам), која што Совршениот БОГ ни Ја покажа во Исуса Христа!
.
 
Член од
9 март 2013
Мислења
1.313
Поени од реакции
580
.

144 000 се од пред почетокот на земјата избрано мало стадо Господово!

Кога пишувам за тефтерот, тогаш зборувам за Книгата на Животот! А, што се работи за оној тефтер (Библијата) на кој што мислиш ти, да, таму не се споменува (по име) Мухамед, но затоа се зборува за правилната Богооддаденост (или на арапски јазик : Ислам), која што Совршениот БОГ ни Ја покажа во Исуса Христа!
.

Арабскиот јазик ниту најмал удел нема во Израилот и зошто би имал?
Таа книга не е ниту најмалку не наликувана некаква матријална книга а гнасните имиња како мухамед и исламот ниту најмалку не се достојни да стојат таму.
Сето тоа е запишано од покрстените христијани во арабските држави!
Изопачувањето и извртувањето е познато само кај Исламистите и кај Еретиците и сектите кој се како тебе самонаречени христијани!
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

А кај атеистите:eek:?
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
А кај атеистите:eek:?
Атеистите се потпираат на здравата наука која е поткрепена со материјален доказ.Додека за сите тие "духовни работи",ангели,неба,престоли не постои никаков доказ,туку се тоа е само дел од имагинацијата,се дотогаш ќе биде оспорувано верувањето на сите верници без разлика на која вероисповест припаѓаат.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
.

144 000 се од пред почетокот на земјата избрано мало стадо Господово!

Кога пишувам за тефтерот, тогаш зборувам за Книгата на Животот! А, што се работи за оној тефтер (Библијата) на кој што мислиш ти, да, таму не се споменува (по име) Мухамед, но затоа се зборува за правилната Богооддаденост (или на арапски јазик : Ислам), која што Совршениот БОГ ни Ја покажа во Исуса Христа!
.
Спиро друже, чинам никој не те разбира изглеа :( Нит христијани, нит муслимани, нит атеисти.....

Евентуално, само Гурџи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom