Домашна журка - Crazy 80's :)

  • Креатор на темата Креатор на темата 436053
  • Време на започнување Време на започнување
Еи браво пријателе многу добри времиња, али мораш ова да го испоштоваш
 
Викни го Добро познат како маскота
 
Диско ерата не е повеќе присутна во 80тите, така да според мене диско топките и афро фризурите чувај ги за наредна журка (groove 70's) :D
Во 80тите се носеле тапирани коси и кожни јакни, нападна шминка и гоглеми аксесоари.
Освен дрес-кодот, според мене најбитна е музиката за да се доловат 80тите како деценија. Дали ќе одиш на варијанта- поп музика (Мадона, Мајкл Џексон, Синди Лопер..) ; на нешто како глам рок кој што мислам дека бил најслушан во тој период ; на метал од 80тите тоа е прашање на вкус ;)
 
disco-ball-o.gif
 
Ако тераш некоја мода во подоцнежните 80ти -
Истотака музиката да преовладуе new wave, нешо може и ала Дејвид Боуви.

Диското, ала биџиз, и таквите ствари се повеќе од 70тите и почетокот на 80тите.
 
во однос на музика, нема да одам на тоа што е сигнчр 80с, него нешто што би го знаеле сите. трилер ќе си помине цел, и уште пар денсинг тракици.
да не има некој голема количина на аудио касети и плочи, шо не му требет? :)
 
Сакам да си напраам ваква журка дома.
Добродојдени се секакви идеи, за декорации, дрес код идеи, пијачки...
за музиче знам, ама за другиве работи ми требаат идеи :)
журчето е во стан, да се има предвид
Баш пред некој викенд бев на ваква журка и ќе речам, една од најдобрите журки шо сум бил воопшто. Не ни знаев кој точно е хост, со пријател еден улетавме на журкава спонтано бидејќи тој се знаеше со некој од луѓето таму.
Сценографијата беше иста како амерички филм со тинејџери од 80-тите... облеката, музиката. Куќата да напоменам дека беше ко измислена за таква журка... со голем тревник, на приземјето голема соба целата со стакла, kicker поставено за играње и маса за beer pong (растур направив таа вечер :cool:)... во подрумот диџеј, со светлосни ефекти и fog machine, a на спратот горе, fuck rooms. Еден куп еблести жени, алкохол и дрога во изобилие.
Најбитна работа за ваква журка да ти успее --> фини, комуникативни луѓе и пропорционален однос мажи-жени.... и многу алкохол. Овде правило е секој да си носи од дома за пиење... ние таа вечер се протнавме меѓу редови :)
Познавајќи го нашиот менталитет, ваква журка да се приреди кај нас е рамно на невозможно. Ама како и да е, пробај се па кажи отпосле како поминало.
 
мислам дека со ова нема утка, ем смеење, ем штосно
kiss_band-wide.jpg
 
абе ај за совети ќе ти дадеме ама ние поканети сме? :rolleyes:
 
еее стари добри времиња! се одржуваа повремено журки и кај нас, имаше во месецот 1-2 (од тие што ги знаевме ние) грамофон (често позајмен) избор на плочи (немаше ди џеи па пушташе кој како ќе стигне, од ефекти, црвена ламба во фасонка а оние поекстравагантните имаа и неколку разнобојни сијалици кои се палеа и гасеа во ритам на музика (самоделски правени по шеми од списанија) во куќата во една соба напикана фамилијата, стара баба, мајка татко и помалото братче... на маса (со обавезно миље) домашни кифлички, салама, кашкавал, вратче, можеби и руска салата, рубинов вињак, бадел, водка (троика или казачок) домашно вино, пиво.... имаше и журки по куќи на поимотни печалбари од Аустралии Америки... е таму се сеќавам прв пат во живот видов биде во клозетот, ојдов да го исповратам цезарот со се сувомснати производи и кашкавалот и со мене дојде и кенгуро, тој се мочаше во лавобото јас повраќав во шољата и едно време ко ми се разбистри тро пред очи гледам на метро далечина - уше една шоља !! Алелуја! и одма ми се створи некоја слика како двајца од домашните си седат еден до друг си се какаат си прават муабет!! ми беше многу чудно, можи 2-3 недели ме прогонуваше таа слика додека една вечер веќе блед небричен, истоштен и ослабен од нејадење и неспиење ради тоа, му се доверив на еден приател кој имаше шетано низ светот, и тој се насме и ми објасна што е то всушност.... Имаа среќа таа вечер што не им се исповратив во бидето, мојш да замислиш сабајле стануваш и то затнато со каша од стомачни киселини, вињак, парчиња салами врат кашкавал...... и мора со раце да вадиш и чистиш.... забегав јас со муабеетот али ме врати темата 30 години назат кога (исто како и денес) бев убав неодолив паметен секси духовит...)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom