Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
се прашувам само кој ли ке ги казнува инспекторите и џандарите кај мене у маало и у чаир што си уживаат у цигарата додека пијат руски чај.... или па оние у собраните влада и парламент - кој ли ке ги казнува нив што си пушат у државни иснтитуци пред се.....
 
@мкд владе

До кога со глупави споредби од типот на смрдлив здив и испотени мишки, ајде барем се работи за загадувачи кога се збори за детергенти во канализација кои ја загадуваат некоја далечна плажа, чадот од автомобилите...

Аманте бе, смрдењето не влијае на физичко здравје... а овде не зборуваме за менталното здравје! ;)
За другите работи, колку кубни метри вода има во реките и морињата, колку кубни метри воздух има во атмосферата...?
Ај сега споредете ги нив, со кубните метри воздух во една типична јавна просторија.

Па најмногу и заради тоа вака се регулира пушењето во јавни ЗАТВОРЕНИ простории. Се работи за неспоредливо поголема концентрација на загадување од тој тутунски чад во кога загадувачот (читај пушачот) е во затворени простории. Наспроти неспоредливо помалата концентрација на детергентот на Лејди, или било кој друг поединец, во некое море или река. Или асупухот од автомобил што ја загадува атмосферата, и патем да не заборавиме, никако не е спроведен директно во јавни простории.

Ако веќе баш инсистирате на такви споредби пушачи vs автомобили ајде: како што на автомобилите им е дозволено да чурат надвор, така и на пушачите им е дозволено да пушат надвор. Внатре во јавни простории не е дозволено и на едните и на другите. Еднаквост?

Темава дури и не се однесува на други загадувачи, туку само за тутунскиот чад. Дури и така овие дигресии не ви носат аргументи во ваша полза.
Сериозно, се чуствувам поглупаво после вакви дискусии. Дајте малку да се подигне нивото на дискусијата, вака цел муабет се сведува на дисецирање на себичноста на пушачите.
 
Е до кога де?
И што ако е темата само за загадување од чад од цигари.
Јас можам да отворам тема за штетноста на чајот од камилица и ако не дозволам споредби ке испадни дека дури е чудно како досега никој не умел од конзумација на тој чај. Ако се заинаетам ке ти докажам и дека поздраво е да конзимураш детергент разблажен со шекер отколку чај.
И како тоа мислиш некоја далечна плажа. Ајде тркни до Вардар и носи си една чаша да се освежиш од питката вода и нискиот степен на загаденост. Или вардар од самиот извор е загаден. И кој ти рече дека смрдеата не влијае на физичкото здравје. Сакаш да кажиш дека носот го имаме само да мирисаме ружи и лалиња. Имаш мириснато загноена рана сега скоро? Баш миризбата ни укажува дека нешто не е во ред и треба да се избегнува. Му го имаш мириснато здивот на болен со белодробно заболување. Многу пријатен е, просто ке уживаш во атмосверата.
Само ете некој рекол дека чадот од цигари ова она и сите ајдееее ........ како овците кога ке ги викни овчарот. Дека тутнот бил и е присутен со векови и никому ништо е најмалце битно. И искрено не е толку проблем што наводно ние ке пушиме надвор туку колку некој е наивен и верува во се што ке прочита без разлика со која намера и во чии интереси била изнесена информацијата. Пред неколку години испадна дека и Ајварот е канцероген. И сега ти им веруваш или и понатаму ке го конзумираш најтрадиционалното јадење во државата.
Дај малце прстот на чело. Такви им требаат, лесни за манипулација каде можеш да им сервираш се што ке посакаш и тие слепо ке веруваат дека тоа е во интерес на нивното здравје и благосостојба. Исто како и бобмашите самоубијци. Некој им рекол дека ако го направт тоа и тоа ке одат во рајот каде ке ги чекаат еден куп девици и оди после докажи им дека ги лажат. Воопшто не ја гледам разликата помеѓу нив и вас. И двете групи сте еднакво подложни на маниплуации. Среќа наша што припаѓаш на оваа група, пошто да припаѓаше на другата најверојатно досега ке се имаше залетано во некоја амбасада или слично.
 
@мкд владе

Ауууу.... логика човече!
Демек среќа што сум непушач, пошто (вака лесно убеден од душманите) сигурно ќе бев фанатик, бомбаш самоубиец!! :P

Баче, логикава ти вришти. Јас не ти кажав дека со чулото за мирис не можеш да најдеш симптоми за болест. Ти кажав дека мирисање човечки смрдеи во јавност нема да те разболи. (барем мирисот сам по себе нема да те разболи)

Традиционално било, вакво било, такво било... Ни го „миеле мозокот„, не знам што ни правеле... не заебавај бе.
Смета. На многумина им смета чадот од цигари. Ај што смета, туку и апла штетен е за дишење, а пошто е внатре во затворени простории (јавни), концентрацијата на чадот е многу поголема од сите други загадувачи надвор.

Што се не ќе каже човек, за да ја оправда себичноста. Сето тоа за пушачот да не си го мрдне задникот, надвор да дува чадови.
Среќа што го донесоа законов, макар и што не се спроведува како што треба.
Нема убедување со вас, ниеден аргумент ниту факт не проаѓа. Но вака со законов, дури и со селективна примена, барем има места каде не мора да се расправаш, за можеш да дишеш воздух без тутунски чад.

Путин е за тука бе, таму кај него новиот закон не само што забранува пушење во јавни простории (и паркови, плажи, итн), туку забрането е пушење и на 100метри до влезот на такви јавни места. (y)
 
Сигурен си за болдираното ? Сакаш да кажиш самата миризба нема да те раболи, а никаде се немаш запрашано од што доаѓа таа миризба и зошто ни е непријатна? Ако мене логиката ми вришти , утешително е што јас барем имам некаква логика. Ти не се ни трудиш да размислиш, полесно ти е некој друг да мисли наместо тебе и да ти го пласира џвакано. Ти само да го голтниш. Тоа ти се вика лесно манипулативна личност а таквите служат за топовско месо.
Од таа гледна точка во ништо не се разликувате од фанатиците. Нити тие нити вие имате способност да размислувате со своја глава.
И интерсно е тоа за концентрацијата на отровни материи во воздухот. Ти се множиш со 1 и така нема потреба да си го тупиш мозокот. И незнам зошто чадот од цигари го токмиш со отровите надвор па уште и ја споредуваш концентрацијата. Сакаш да кажиш дека иста концентрација на чад од цигари со иста концентрација на циклон Б ( пример само колку тресиш зелени што искрено веќе досасен ми стана) ке има исте ефект врз твоето здравје. Сакаш да се кладиме за ова ?
Ете јас ке седам во една просторија каде масовно ке се пуши а ти седи во иста просторија со иста концентрација на циклон Б. Само сакаш да се поздравиме пред да влезиме или одпосле.
И така наместо да се бламираш и да се акаш од земја колку сме ние себични и не мислиме на твоето здравје, речи едноставно дека ти си себичен и наивен и дека од сите аргументи што ги приложи единствено ти држи вода дека ете можеби непријатно ти мириса, а тоа можеме сите да се сложиме дека е најглупиот аргумент што можи да постои за да се повикуваш на него. Се друго ти е гола вода.
П.с и пошто си многу по статистики , концентрации и информации од сигурни извори најдими барем еден пример каде човек се задушил од преголема концентрација на чад од цигари. Тука мислам на здрав прав човек кој си влегол во зачадена од чад од цигари просторија и умрел како последица од многу чад. Јас имам минимум 6 милиони примери каде здрави и прави луѓе влегле во соба полна со циклон б и умреле на лице место. И чудо едно тоа Германците глупи луѓе наместо да им дуват со чад од цигари тие се заебавале со циклон Б. Сигурно не го прочитале извештајот од СЗО. Арно ама ете ти го имаш прочитано и сега светот ке биди поубаво место за живеење.
 
@мкд владе

Не заебавај сеа со циклон Б, има и други, побезбедни начини, да мириса собата на бадеми. ;)

Пак цел муабет се сведува на себичност (и мрзливост да се излезе надвор). Зависноста не ви дава (лесно) да се престане со консумацијата на тутун и ајде сега до бесвест да дигресираме со бојни отрови, глобално загадување и испотени мишки.
Ми раскажуваш тука за некоја стара традиција, а уствари вистината е дека тутунската индустрија ви го има начукано така длабоко, да не ни размислувате за престанување со нешто што не ви ни дава некое задоволство, а ви го сјебува здравјето и вам и на тие окулу вас.

Кажи ми сега дека искрено сакаш твоите деца да пушат цигари, па размисли (во зависност од одговорот) дали треба сам на себе да си плукнеш во лице! (нема да биде лесно, ама велат дека е возжно)
 
Незнам мене па ко пушач ми е померак надвор да излезам од кафич/клуб и да запалам една него внатре, али мене не ме држи едно место може затоа , и ем секад имаш друштво за цигара дали старо или ново така да :icon_lol:.

А исто не ми се јасни луѓево што пропагираат демек пушењето штетно било зависници сме биле , ја незнаев дека може да ме убие еве уште сеа ќе се откажам :icon_lol:. Се пуши ради мерак бре, ради воља, кафето ми е друго без цигара исто и пијачката, како и ручекот. Има многу работи у животов што може да те убијат, ај сеа ќе се затворам у пластичен меур за нишо да не може да ми се деси :icon_lol:.

А муабетите дека вас некој ви го нарушува здравјето што пуши околу вас се стварно дебилни....мислам да те затвори човек у соба и да ти пуши онака по 2 пакла на ден месец дена па да кажеш штетно е...........па воздухов у Скопјево е мн поштетен него димот од цигара на некој рандом до тебе, али нели да има за што гомна да се јаде.....
 
А муабетите дека вас некој ви го нарушува здравјето што пуши околу вас се стварно дебилни...

Науката, а воедно и здравиот разум, не се согласуваат со тебе.

Целиот муабет со штетноста од цигарскиот чад е најмногу за локализираното и концентрирано загадување ВНАТРЕ во просторијата.
Општото загадување на воздухот не можеш да го споредуваш така. Освен ако не земеш да смукаш ауспух.
 
Сеа со сила се праиш мутав, ај постирај ми уверлив доказ за second hand smoking и ќе ти признаам. Да имало мн истражувања но ниедно он нив не е сигурно докажано. За да има баш загадување ко ти што викаш треба простроријата да биде 2 на 2 без можност за вентилација. Нормалните простории не се такви. Муабетов ти е what if......
 
Јас сум пушач и многу воопшто не ми пречи забраната за пушење, односно многу подобро ми е како што кажа Down да излезам надвор да запалам ако ми се пуши. Можеби затоа што не сум кузнеј колку зависен (до 5 цигари на ден) . На пример додека бев Македонија и потоа Бугарија има забрана за пушење излегуваш навечер во дискотека кафич со мерак си седиш ни зачадено нити јас му го рсипвам рајатот на некој непушач а и плус не смрдам на оџак . Дури и мене како пушач некогаш ми смета премногу чад особено ако некој до мене ја мава една пакета на брзина, да не зборваме во ресторани ти само што си почнал да јадиш , тие до тебе 5 души на маса палат цигара во исто време.

Како и да е поентата ми беше забраната за пушење во затворени објекти е добра и е со добра причина пуштена.
Инаку кај нас незнам дали во зависно од бројот на пушачи се крева и цената на цигарите и обратно.
 
@мкд владе

Не заебавај сеа со циклон Б, има и други, побезбедни начини, да мириса собата на бадеми. ;)

Пак цел муабет се сведува на себичност (и мрзливост да се излезе надвор). Зависноста не ви дава (лесно) да се престане со консумацијата на тутун и ајде сега до бесвест да дигресираме со бојни отрови, глобално загадување и испотени мишки.
Ми раскажуваш тука за некоја стара традиција, а уствари вистината е дека тутунската индустрија ви го има начукано така длабоко, да не ни размислувате за престанување со нешто што не ви ни дава некое задоволство, а ви го сјебува здравјето и вам и на тие окулу вас.

Кажи ми сега дека искрено сакаш твоите деца да пушат цигари, па размисли (во зависност од одговорот) дали треба сам на себе да си плукнеш во лице! (нема да биде лесно, ама велат дека е возжно)

Сега некој на некој им го чука. Дали мене тутнската индустрија или тебе некој друг. Па уште и ти е убо и се смешкаш:)
И која тутунска индустрија. Ајде сега ке речиме дека е добро развиена, ама да ми зборуваш за пред 100 години за некоја си развиена тутунска индустрија башка на овие простори каде секој дома си виткаше качак е смешно и да се споредува. Или според тебе и тогаш наседнале луѓето на тутнската индустрија. Или индијанците наседнале на уште непостоечката тутунска индустрија или можеби тие ја измислиле за да ги заебат белците за сите да испоцркаат. Е па некако слабо им оди, векови поминаја никако да испоцркаме.
И не се работи за мрзливост или себичност туку од што мака да ти удоволам и да си го расипам рајатот само затоа што те фатил бесот. Што ке ви пречи утре. Бела маица пошто си осетлив на бело или женски со голи папуци пошто тие се неморални а вас ви пречи неморалноста и индиректно те тера да мислиш на неморални работи. И видиш вака можиме да си играме до бескрај.
На моите деца ке пробам да им забранам се што мислам дека е штетно по нивното здравје, а искрено моментално многу работи ги сметам за многу поопасни по нивното здравје отколку цигарите. Напротив немам причина да мислам дека им штети пошто од свое искуство и искуство на моите најбилски до четврто колено не сум видел ама баш никакви штетни последици од пушењето нити од чадот од цигарите освем долговечноста.
Па какви работи има денес на улица треба да бидиш и среќен ако пушат само цигари .
Сега ако планираш ти твоите да ги држиш во карантин тоа е друга работа но искрено да те прашам. Што мислиш дека е поштетно по нивното здравје било директно или индиректно.
Да пушат или да се со пушач во возило или да пијат и да возат или да се со возач кој е пијан. Ете ако сакаш и статистика извадими колку луѓе загинале како последица на пушење при возење а колку како пијање при возење, сакаш директно сакаш индиректно. Така да искрено ако тоа е маката подобро да пушат отколку да пијат, да не споредуваме за другите пороци што ги има во секојдневниот живот.
 
колку да го зачинам муабетот дека законот е тапа (читај срање)
 
Слободата е единствено ограничена со слободата на другиот.Ти имаш слобода да пушиш се дур не ми ја попречуваш мојата слобода да дишам раат дур си го пијам кафето.Aктивните пушачи го иматaaт заборавено чувството кога чад од цигара ти влага у нос,ај батали последици по здравје,стварно оневозможува нормално дишење на непушачите.Башка и порано неможеше да се излезе од кладилница,кафич,компјутерница,диско без после да си ги стаиш алиштата у машина пошо бздеа на отров.Што е тешко да излезеш на две минути надвор и да си го напраиш ќефот?
 
а што е тешко да се има посебни дозволи (лиценци) за да може секој сопственик да си одлучи каков тип налокал ќе поседува? па тогаш кој каде сака нека иде, да има избор за сите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom