- Член од
- 7 мај 2013
- Мислења
- 1.581
- Поени од реакции
- 387
Прво за свесните:@hattab1
пошто гледам си ми лајкнал еден пост на темата за христијанството, истото прашање еве и на оваа тема.
дали се чита молитва на погреб на самоубиец?
е сега, да разграничиме два типа на самоубици, едните СЕ свеси, а другите НЕ се свесни, односно со психички проблеми.
значи две прашања се, бујрум!
По концензус на исламските учењаци,самоубиството во Исламот спаѓа во големи гревови и погрдни дела,кои не се сметаат како добар и убав завршеток за животот на еден муслиман.
Бидејќи Аллах во куранот вели:
29. О, верници, едни од други на недозволен начин имотите не присвојувајте ги, освен со трговија и со взаемна согласност, и самите себеси не се убивајте! Аллах е навистина Милостив кон вас!
30. Тој што тоа неправично и насилно ќе го стори, Ние во Огнот ќе го фрлиме, бидејќи тоа за Аллах е лесно.(сура Ен Ниса,29-30)
Но кога е во прашање погребот,исто така постои концензус дека муслиман кој се самоубил под непознати околности,се погребува како муслиман,и се спроведуваат сите обреди како и за останатите смртни случаи бидејќи тоа не е дело со кое излегува од исламот.
За луѓето со психички проблеми,односно за тие што немаат разум/памет.
Пратеникот Мухаммед вели: Перото на мелеците е кренато од тројца(значи не им се пишуваат гревови):
1. Малолетно дете додека не ја достигне својата полнолетност.
2. Човек кој спие додека не се разбуди.
3. и со човек кој нема разум се додека не му се врати разумот.
Луѓето со психички проблеми се ослободени од исламските прописи на Овој свет,и не одговараат за своите постапки,бидејќи не се во состојба да размислат,проценат,одберат,разликуваат добро од лошо.
Па така,не само за самоубиство туку и за се останато,човек кој има психички проблеми нема да одговара пред Аллах за тоа што го правел на Овој свет.
Тоа не значи дека директно ќе влезе во Рајот.
Исламските преданија кажуваат дека на таквите луѓе,на Судниот ден ќе им биде вратен разумот и можноста да одберат,па ако одберат лошо- лошо и ќе ги снајде.
Ако одберат добро - добро ги чека.
Се надевам дека бев јасен.
--- надополнето: 5 ноември 2013 во 20:45 ---
И во овој дел сосема друг одговор ми даде!
Ако вие како Муслимани кој сметате дека му слугувате на Алах и го сметате за боженство и мухамед негов пратеник исто и нему му се молите.
Зар тогаш не го сметате и вашиот Иса за пратеник зошто на нему не му се молите и не сметате ли дека и Рисијаните се молат на Бог а Иса негов пратеник тогаш како е можно да грешат?
Не ми ги вади зборовите од контекст,милион пати имам и кажано и повторено дека Муслиманите Единствено божество кое вреди да се обожува е Аллах.
И дека муслиманите не му се молат на Мухаммед.
Што не е јасно тука :/
За другиот дел не ни сакам да ти одговорам,не вреди тоа тебе да ти го одговарам

Поздрав.