Потполно те разбирам на што мислиш и што всушност ти се случува.Твојата случка ме наврати во средношколските денови и слична ситуација,после која веќе ништо не беше исто во врска со жените и научив вредна лекција.Имено,бев излезен со друштво од средно во една од скопскиве дискотеки,бевме строго машко друштво,веројатно така бевме договорени.Карши мене седеше анѓел,најубавата од сите,од оние анѓели кои ти предизвикуваат кнедла во грлото,нозете ти се отсекуваат а гласот ти се истенчува и почнува да ти трепери.Забележав дека анѓелот гледа во мене и ми се потсмевнува,а мене срцето ќе ми експлодираше во секој момент.Почнав и јас да и фрлам погледчиња и така едно време се шмекавме.Јас ја гледав,таа ме гледаше;јас ја гледам,таа ме гледа и ми се смешка;повторно ја гледам и таа ми возвраќа и така некое време јас гледам она гледа јас гледам она гледа јас гледам и она си отиде
Не знам да ти кажам што се случува,но ако не отидеш да воспоставиш контакт никогаш и нема да дознаеш.Еве јас ден денешен не знам што сакаше анѓелот од мене.Затоа не чекај,собери мудата и оди запознај се со девојчето.