Некои информации и податоци се точни за Војната,барем од она што ги имам и знам за 2001 се софпагаат со овие од текстов.
За време на конфликтот во Македонија Грчката Армија била во полна борбена готовност ,а елитните единици на Грчката армија биле поставени долж Македонско-Грчката граница, спремни за воена интервенција на сигнал од Атина.
Македонските безбедносни служби во тоа време го следеле секое движење на Али Ахмети , како физичко движење ,така и телекомуникациските контакти и од мобилните телефони ,така и од двата сателитски телефони кој ги имал добиено штабот на Ахмети од Грчката служба. Но додека македонските служби го следеле Ахмети , Грчката тајна служба ги следела целокупните комуникации на македонските безбедносни служби и на тајните служби на Македонија вклучувачи ги тука Агенцијата за разузнавање,УБК и Воената служба. На тој начин Грчката тајна служба навремено го известувала штабот на ОНА за сите операции на македонските безбедносни служби , што додатно ги усложнувале операциите на македонските безбедносни служби. Албанското лоби во Америка успева да изврши притисок врз Конгресмените кој наметнаа нова политика на Стејддепартментот врз Македонија и менување на америчката политика во нивниот став спрема терористичката ОНА.
Македонската армија успеја да се консолидира, командноштабниот кадар кој недостигаше во тоа време во Армијата , кој беше пензиониран беше повторно активиран со што Македонската армија повторно постана оперативна и ефикасна ,со што се нанесе голем удар на терористите. По итна постапка се набави оружје со дозвола на Русија од Украина со што се подобри оперативната моќ на Македонската армија и полиција.
Улогата на Франција во конфликтот во Македонија и тоа Како Турција ги помати есапите на Грција
Во Македонија војувавме со Легионери и со Америчките ФОКИ
Во 2000 година македонските безбедносни служби , Агенцијата за разузнавање , УБК и Воената служба добиваат веродостојни информации , кој доаѓаат до трите служби и истите се поклопуваат како точни од трите служби за припрема на воени дејствија во Реоните ,Брест,Малино Мало и Ваксинце, и дека се забележани униформирани лица во униформи на УЧК кој се групираат во овој регион на Макеонско – Косовска граница. Ваква информација Агенцијата за разузнавање добива и од Британската М6 како и од изреалската служба МОСАД во размена на информации.
Македонскиот Претседател Борис Трајковски е известен од Агенцијата за разузнавање , но се се премолчува ,а оперативците добиваат налог да ја следат ситоацијата и понатака!Кон крајот на 2000 и почетокот на 2001 година на дел од шарпланинскиот регион се приметуваат секојдневно тричлени вооружени групи во униформи кој на коњи пренесуваат одредена стока.Фотографии од овие групи се доставени до УБК, но сите се повикувале дека тоа се шверцерски групи кој сверц уваат стока према Косово?!Во 2001 година по нападот на патролите во Брест и Малино Мало , повторно ќе се огласат службите дека станува збор за сверцерска група ,и дека ќе се интервенира во тешки временски услови!Веќе во оваа време ситоацијата почна да бега од контрола на безбедносните служби на Македо нија, но во тоа време веќе и одпочнуваат воените дејствија од поголем интезитет. Повеќе никој не можеше да каже дека се работи за сверцерски групи со оглед дека тогаш УЧК јавно се огласи со своите Комуниќеја.Следуваше дејствие на Војската на Македонија која беше во тоа време задолжена за чување на државните граници , но се појави додатен проблем во вид на „пета колона„ од тогашните старешини од Албанска националност кој беа во редовите на АРМ. Така секое движење – операција на војската беше откриено од страна на УЧК благодарение на своите кртови кој ги имаа во АРМ и во Полицијата.Ситоацијата додатно се компликува со учеството на високо обучени војници од Легијата на Странци од Франција , кои од страна на УЧК беа платени да делуваат во Македонија.Покрај Француските Легионери на страна на УЧК во Македонија беа и дел од специјалците на УСА (Фоки) во својство на иструктори и обучувачи на борците на ОНА.Македонија пополека ја губи безбедносната ситоација од контрола , нарочито западниот дел долж целата граница,за сето тоа време Грција групира елитни единици на самата граница спрема Македонија , со посебен акцент на делот Воден, ЛЕрин и Ники, каде и ја концентрира својата прва елитна оклопно механизирана единица , како и специјално диверзантскиот батаљон.
Ваквата ситоација будно ја прати Турција, посебно го прати групирањето на грчките сили на Македонската граница.Во тој момент Турција на Македонија и прави лавовска услуга на начин што Генералштабот на Турција наредува воздушни прелети во Егејското Море на Турските воздушни сили, со посебен акцент длабинско нарушување на воздушниот простор на Грција.Ваквите прелети во 2001 година беа секојдневни, при што се запали црвеното светло кај Грчката влада , која во тоа време добива податок дека е можен напад на Турција на Кипар.Принудени од ваквиот потег на Турција , Грција ги повлекува елитните единици и ги насочува кон одбрана на Кипар,а со тоа и паѓа во вода намерата за воена интервенција во Македонија.По ваквиот неуспех Грција преку Рондос на УЧК му доставува додатна финасиска подршка од 10,000,000 долари со единствена цел да УЧК ги употреби за подмитување на Евродипломатијата , т.е. на поединци кој би вршеле меѓународен притисок на Македонија .Во 2001 година во Шпанија во Мадрид се состануваат Ричард Холбрук , Александрос Рондос и Франсоа Леотар, со единствена точка , а тоа е Македонија и Албанското прашање . На ова средба се носи одлука да УЧК се признае како формација за права на слободи на албанскиот народ ,и притисок на Македонскиот политички естабилишмент за признавање на правата на албанците во Македонија , со што албанскиот фактор би постанал равноправен со македонскиот во сите свери на живеење во Македонија....
Превземено од OhridSky