Балкан
Косовски исламист повикува на џихад
Повеќе од 150 џихадиски од Косово се борат во Сирија. Меѓу нив е Абу Абдулах ел Косови, кој ги повикува другите на борба во „сириските ровови„. „Најголемото задоволство во животот е џихадот„ вели Ел Косови во видеото кое го емитуваше Ал Каеда
Џихадист од Косово неодамна се појави на видео снимка „Исламската држава Ирак и Левант„ една од двете гранки на Ал Каеда во Сирија, во кое се промовира џихадот и поттикнува други да се борат во земјата, пишува Радио Телевизија Србија
Зборовите на косовскиот џихадист објавени се само една недела пред веста, дека повеќе од илјада Европејци, вклучувајќи и 150 од Косово, моментално се борат во Сирија.
Косовскиот џихадист, познат како Абу Абдулах ел Косови, се обраќа на својот мајчин јазик, од Азаз кај Алеп.
-Најголемо задоволство во животот е џихадот - вели Ел Косови, молејќи ги муслиманите во Европа и ширум светот да ги остават по страна западните задоволства и да се борат во сириските ровови.
-Исламската држава Ирак и Левант и порано емитуваше говори на борци од Кина, Саудиска Арабија, Тунис и Казахстан.
Пропагандата на таа терористичка група настојува да привлече потенцијални регрути од најразлични националности, вклучувајќи ги и оние надвор од Блискиот исток.
Групата на Ал Каеда печатеше на англиски јазик плакати со наслови како „добрата страна на џихадот„, „добрата страна на пукањето„ и „изведување на човештвото на вистинскиот пат„.
Ал Нусра, другата главна гранка на Ал Каеда во Сирија, исто така промовираше џихадисти надвор од Истокот.
Во пропагандите на Ал Нусра се појавуваат џихадисти од САД, Германија, Холандија, Турција, Израел, Палестина, Алжир и Тунис.
Дури и западњаците служеле како самоубијци во Ал Нусра. Неодамна џихадистите тврделе дека еден Французин извршил самоубиствен напад за Ал Нусра.
Европејците се придржуваат на борбите во Сирија
Известувачките функционери се повеќе се загрижени дека западните муслимани стануваат радикални во Сирија.
Безбедносните функционери проценуваат дека околу илјада волонтери џихадисти од Европа сега се во Сирија-во споредба со само 250, колку ги имало на крајот на 2012.
Според податоците, околу 90 доаѓаат од Велика Британија, 120 од Белгија, 50 од Данска и околу 150 од Косово.