Не забележав некој да ја има постирано своевидната трилогија филмови во режија на David Lynch - Mulholland Dr. ; Lost Highway и Blue Velvet .. на првите два имам налетено од поодамна и баш кога се водеше дебата на форумот за Малхоланд др. ги прегледав уште еднаш, со далеку повеќе "филмско" искуство и резон во мене и останав едноставно запрепастен од пресвртите и општо целата сторија, посебно во првиот наслов каде секој можен детал од почеток до крај (буквално од почетните секунди на филмот) наведува кон низа заклучоци (признавам, филмот го прегледав 3 пати). Вториот филм ми беше посфатлив и порационално можев да си го објаснам од првиот, сега ми преостанува Blue Velvet да го гледам деновиве, но не се сомневам во генијалноста на Линч и во ова дело.