2. Исто така, те учат дека е теорија и ти приложуваат докази во прилог за истата. Дали ќе ја прифатиш или не е небитно.
Двојни аршини имаш.
Ок било да се верува во теории кои не се докажани и врз нивна база да се исмејува верување на група на луѓе.
Имаш мал милион докази за чудата на исус на пример.
И сега верата ништо не докажала. Демек роман некој тоа е се, приказни за мали деца.
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 23:23 ---
Разликата е во тоа што науката никогаш не тврди дека го има конечниот одговор или дека ја знае апсолутната вистина. Науката е самокритична, континуирано се надоградува и е неутрална. Не поставува граници ниту услови што смее а што не смее да биде вистина. Доколку некој открие нешто кое ги менува дотогашните сознанија, не го напаѓа и осудува.
Религијата од друга страна, е комплетна спротивност на се погоре наведено.
Пак бегаме од темата.
Го напрајвме муабетот што е подобро, религија или вера.
Јас зборам дека тоа што се случува во ај да го наречеме западниов свет е една масовна антирелигиозна кампања од сите свери. Пушти тв 5 мин и гарант нешто антирелигиско ќе видиш.
Секој втор филм се исмејува исус или цркавата или папата.
Секој втор спот е нешто поврзан со исмејување на религија.
Се величат голем дел на работи кои еден верник не ги одобрува.
И тоа не е перење на мозок. Тоа е ок.
Ако некој се учи дека не треба да постои казино, дека жените треба да се покриени, дека треба да се пали свеќа, дека ако те удри да една страна сврти ја другата, тоа е перење на мозок и тоа е крајно опасно.