Во тоа како успева реченицава, се сфаќа дека и покрај тоа што жените сакаат еднаквост, од друга страна, сакаат кога мажот ќе го постави водството.
Да почнеме од почеток, пошо не ми беа сфатени претходните постови. Битно им е да се привлечни. Оттука поттекнуваат сите мазохизми од типот на штикли, маникири, гладувања, апчиња, фризери и фризури, пеглања секој ден, фарби за коса, депилации, накити и аксесоари, комбинирање и позајмување облека, хулахопки, покажување деколтиња, симињање миничи, бетонирање со пудри, фарбање очи со маскари креони сенки, пластични операции, забари, вежбање, шлапање медови и скапи креми на лице.
Ако сумираме што све треба да направи една жена на дневна база за да изгледа како повеќето девојки што ги гледаме низ град, ќе речеме премногу е. Епа толку (премногу) напор вклучуваат жените во тоа околината да ги смета за привлечни.
Жената го обожава тоа што некој маж и` кажал дека ја смета за привлечна.
Тоа што покрај инсинуирањето привлеченост, мажот укажува и дека би преземал нешто во врска со тоа, го вади него од зоната на пасивни мастурбатори кои се запалиле на неа како и на секоја втора, и од зоната на момци кои не преземаат иницијатива во полињата од животот.
Сепак, реченицата е деградирачка, оттука жената генерално не претпоставува дека со тој маж би градела врска и заедница, тоа не би го правела. Тука лежи проблемот зошто пријателот на Ставро не може да си ја најде вистинската, таа не би трошела време, ни една вечер, на некој кој ја деградира со таква реченица. Овој пристап не би успеал кај правите цури. Веројатно на вистинската, би палел сличен пристап кој ја претставува иницијативноста, неочајноста, самодовербата и сексуалната привлеченост од неа на мажот, меѓутоа наместо ебењето, би се спомнало нешто друго што укажува на тоа дека тој сака да направи нешто посериозно од едновечерен секс со неа.