Пред скоро две години имав сличен случај, силни главоболки кои траеа со денови и изгубив вид на лево око. Додуше моето беше краткотрајно некаде за саат време ми се врати видот, ама јас таква испаничена отидов на невролог и ме прати на магнет. За да не чекам земав болнички упат ме примија како да лежам во болница ама немаше место па си седев дома само на сабајле одев за испитувања. и за 2 дена имав направено од испитувања на крв, електролити, екг и магнет и ги добив резултатите. Кај мене немаше ништо страшно, така да колку и да ти се чини страшно немој да се паничиш. Еве ти начин како да завршиш побрзо работа за да не чекаш. Болнички упат и сакале неќеле мораат да те завршат побрзо. Со среќа и побрзо да пишеш добри резултати.
п.с Како што те посоветуваа веќе, најдобро ќе биде да прво одиш на офтамолог за да не испадне дека нема воопшто потреба од магнет.