Легализирање на марихуаната?

Да се легализира Марихуаната во РМ ?

  • Вкупно гласачи
    435
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Уругвај до крајот на годинава ќе ја легализира марихуаната

Уругвајските власти планираат наскоро во целост да го легализираат конзумирањето на марихуана.
Уругвај на овој начин смета дека ќе се намали насилството и криминалот. За таа цел властите планираат одгледувањето и продажбата на канабис да ја стават под своја контрола. Претседателот Хозе Мухика, исто така, ја поддржува оваа иницијатива.
Доколку властите успеат во својата намера, Уругвај ќе стане земја што е дури полиберална од Холандија.
Парламентот без никакви проблеми го прифати тој предлог, а останува да биде прифатен и од Сенатот. Доколку ова се оствари, до крајот на годината секој жител на Уругвај постар од 18 години ќе може легално да купи и да конзумира марихуана.
Марихуаната ќе се продава легално во аптеки, кои сепак ќе мора да извадат специјална дозвола за тоа.
Месечно секој жител ќе може да купи максимум 40 грама. Исто така, секој што сака би можел и сам да одгледува до шест стебла од човек.

---
Сигурно виделе дека има позитивно во сето ова.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Сакам да прашам колку слободно се користи марихуаната во вашиот град.
Иако е нелегална, јас мислам дека во Македонија прилично слободно можеш насекаде да запалиш џоинт. Јас со моите пријатели, кој сме либерално настроени спрема оваа билка, мислиме дека има значителна либерализација на марихуаната кај нас.
Пред некој ден во еден угледен ресторант осетивме остра миризба на марихуана, на неколку маси спроти нас екипата која што седеше запали џоинт и без око да им трепне пушеа цела вечер, без оглед што на терасата имаше 100-тина гости.
Иако мислам дека оваа не е културно, сепак мислам дека ова е добар потег за стекување на "марихуана култура". Се поголем број на спортисти, политичари, образовани луѓе, фамилијарни луѓе користат марихуана.
- "Кога ке си дојдам од работа, прво ручам, си играм со синчето и од кога ке го заспијам одам на балкон и палам џоинт. Малку ми префрла жена ми, ама што да правам, тоа ми е единствена релаксација." - Цитат на еден мој пријател. Се слагам со него. :)
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
New Marijuana Ruling Shows The Age of Deception On The Most Medicinal Plant In The World Is Coming To An End
Tuesday, 03 September 2013 08:36

Posted by David Icke
'More than a dozen U.S. states have now completely decriminalized the act of possessing marijuana and both Colorado and Washington have made it legal to possess, sell, transport and cultivate the plant. But soon it may be legalized across the entire country following a decision Thursday by the federal government.
In a historic and significant moment in American history, last November, Colorado became the first US state to legalize marijuana for recreational use. The impact of the decision could soon ripple across the entire country with vast opportunities to educate millions on the top health benefits of marijuana.'
 
Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Па не би кажувала многу многу на оваа тема. Сите сме колку толку запознаени :) некој од убав а некој од лош аспект :) Јас сум за да се легализира !
1. На Грујо ке му одговара, ке се полни буџетот.
2. Туристи во државава
3. Населениево ке се смири :) (барем мое мислење)

и многу други под точки што вие може да ги наведете :)

ДА или Не

Гласај за Својата Иднина ! :P:icon_lol:
1.На Грујо никако не му одговара да ја легализира марихуаната,затоа што вака многу повеќе си го полни џебот.
2.Туристи во држава ... :cautious:
3.Населението и онака си е мирно?Што му фали?Зарем гледаш немири некаде во МКД затоа што марихуаната не е легализирана??
--- надополнето: 3 септември 2013 во 22:53 ---
Сакам да прашам колку слободно се користи марихуаната во вашиот град.
Иако е нелегална, јас мислам дека во Македонија прилично слободно можеш насекаде да запалиш џоинт. Јас со моите пријатели, кој сме либерално настроени спрема оваа билка, мислиме дека има значителна либерализација на марихуаната кај нас.
Пред некој ден во еден угледен ресторант осетивме остра миризба на марихуана, на неколку маси спроти нас екипата која што седеше запали џоинт и без око да им трепне пушеа цела вечер, без оглед што на терасата имаше 100-тина гости.
Иако мислам дека оваа не е културно, сепак мислам дека ова е добар потег за стекување на "марихуана култура". Се поголем број на спортисти, политичари, образовани луѓе, фамилијарни луѓе користат марихуана.
- "Кога ке си дојдам од работа, прво ручам, си играм со синчето и од кога ке го заспијам одам на балкон и палам џоинт. Малку ми префрла жена ми, ама што да правам, тоа ми е единствена релаксација." - Цитат на еден мој пријател. Се слагам со него. :)
Да,но исто така има и доста личности кои сметаат дека марихуаната е штетна и дека води кон потешки дроги... (не дека грешат многу).
Не знам во кој град живееш ти, но еве во мојот град..сепак сеуште никој не се осмелил да запали туку-така џоинт на сред ресторант или било каде на јавно место,каде што лесно би можел некој да примети и пријави.
Искрено не ги оправдувам "возрасните" личности кои конзумираат марихуана,посебно оние со деца... сметам дека личностите над 21-22год одамна би требало да го имаат надминато тоа...
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
1.На Грујо никако не му одговара да ја легализира марихуаната,затоа што вака многу повеќе си го полни џебот.
- Јок. Со легализирана марихуана автоматски се легализира и индустрискиот коноп кој има мал милион употреби (види подоле слика).
2.Туристи во држава ... :cautious:
- Апсолвентските екскурзии во МК не случајно почнаа да го ставаат и Амстердам во програмата. Најди статистика колку само туристи од земји со нелегален канабис ја посетуваат Холандија годишно... токму заради што кај нив е нелегален и ќе го согледаш бенефитот.
3.Населението и онака си е мирно?Што му фали?Зарем гледаш немири некаде во МКД затоа што марихуаната не е легализирана??
- За психички немир се работи. Затоа во топ 3 најтрошени лекови во МК е Дијазепамот (за смирување).

Да,но исто така има и доста личности кои сметаат дека марихуаната е штетна и дека води кон потешки дроги... (не дека грешат многу).
Канабисот водел кон потешки дроги. Yeah right. :pos:
Не знам во кој град живееш ти, но еве во мојот град..сепак сеуште никој не се осмелил да запали туку-така џоинт на сред ресторант или било каде на јавно место,каде што лесно би можел некој да примети и пријави.
Само неедуцирани и неинформирани личности би пријавиле консумирање на канабис на јавни места. За жал поголемиот дел од МК популацијата се токму такви, brainwashed до тој степен што инстинкивно посегаат по мобилниот да го пријави уживателот на оваа билка.

Искрено не ги оправдувам "возрасните" личности кои конзумираат марихуана,посебно оние со деца... сметам дека личностите над 21-22год одамна би требало да го имаат надминато тоа...
Марихуаната убива 0 луѓе годишно во светот. Алкохолот од друга страна убива (според Светската здравствена организација) околу 2,5 МИЛИОНИ луѓе годишно. И ти се фати да коментираш баш за марихуаната?

Се повеќе земји ја декриминализираат за медицинска употреба, а некои и за рекреативна. Постојат мал милион студии за лековитите дејства на канабисот (со 0 нус-ефекти).
:свиркам:

Член од
30 април 2013
Мислења
674
Поени од реакции
1.293
Дали ти мислиш дека на македонскиот народ би можела да му се долови поентата и дека македонците туку-така би прифатиле нејзина легализација?На основа на тоа дека "се фатив баш за марихуаната" ???
Затоа што искрено сметам дека поголемиот дел од нив го делат моето мислење.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Да,но исто така има и доста личности кои сметаат дека марихуаната е штетна и дека води кон потешки дроги... (не дека грешат многу).
Не знам во кој град живееш ти, но еве во мојот град..сепак сеуште никој не се осмелил да запали туку-така џоинт на сред ресторант или било каде на јавно место,каде што лесно би можел некој да примети и пријави.
Искрено не ги оправдувам "возрасните" личности кои конзумираат марихуана,посебно оние со деца... сметам дека личностите над 21-22год одамна би требало да го имаат надминато тоа...
Да, многу луѓе сметаат дека марихуаната е штетна и води кон потешки дроги, но колку се тие во право? Јас никој пат пат не сум посегнал кон потешки дроги бидејки ме натерала марихуаната, дури ни цигари не пушам. Има многу луѓе што ке ти кажат дека освен марихуана не сакаат да размислат за друго.
Го почитувам твоето мислење во врска со родеители и деца, но тука не гледам проблем ако марихуаната се користи одговорно. Исто како и со алкохолот.
Марихуаната смирува, не е насилен стимулант. Помага за многу здравствени проблеми, верувај ми. И најдобро од се, немаш мамурлук сабајлето! :P
Тоа за 20-21 година не ти држи вода. Оди на некој поголем форум или страна на ФБ за марихуана, ке ја видиш старостната граница на просечните конзуматори. Тоест еве јас ке ти постирам.
Oва е прашање поставено вчера од админите на страната. Има околу 40 одговори на прашањето дали сте стари за марихуаната и има коментари во врска со родителите и марихуаната.

P

parvati

Гостин
Ми у Куманоо дувамо куде стигнемо и сс кога стигнемо и не се криемо едни од други(искрено)
За разлику од други места куде што знам дека се криеф и ке ти треа саат време за да средиш едн џоинт да изфафаш
Куде нас врие од дилери и потрчкофци на дилери
Мирише на ганџу на сфи стране : )))
Али не би бија тј штимунг ако би се легализирала мара
не би било тој тој, тј шарм док да средиш џокофче да га испафкаш.
Устфари мене исто ми се фаќа , дувам кд сакам, како да е легализирана, исти мити кур
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Јас сум ЗА,само за користење во медицински сврхи....:)
Ако може да спаси нечии живот :)
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Дали ти мислиш дека на македонскиот народ би можела да му се долови поентата и дека македонците туку-така би прифатиле нејзина легализација?На основа на тоа дека "се фатив баш за марихуаната" ???
Затоа што искрено сметам дека поголемиот дел од нив го делат моето мислење.
Епа тука лежи зајакот: поголемиот дел има закоравени сфаќања (како што ги имав и јас до пред едно 5-6 години).
Замисли дури беше Тито жив, во Југославија сеуште се одгледуваше коноп (марихуана) за индустриски цели. По смртта на Тито и тоа умре, со што доаѓаме до денешново дереџе.

Но, не му се секирај, игнорантноста повторно ќе ја искорениме од народот. ;)
 
Со лесно нека ви е!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Видов у продавница протеини од семе од коноп (hempseed proteins). На 100 грама 25-30 гр протеин. Дали вака обработено семе смее да се јаде да кажеме 50-100 грама, дали не предизвикува реакции слични на класично пушење марихуана?
И друго прашање ако знаете ми е -која е разликата од hash oil до cannabis oil, да кажеме за медицинска намена.
 
Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.789
Поени од реакции
11.359
Дали ти мислиш дека на македонскиот народ би можела да му се долови поентата и дека македонците туку-така би прифатиле нејзина легализација?На основа на тоа дека "се фатив баш за марихуаната" ???
Затоа што искрено сметам дека поголемиот дел од нив го делат моето мислење.
Извини, ама Македонците не се глуп и уназаден народ како што ти мислиш дека се.
Секој втор Македонец пуши или пробал трева.
21ви век, информации на сите страни, оптички интернет итн...Седни поразговарај со некој доктор да го чуеш неговото мислење.
Овде е развиена свеста околу ова прашање само што факторите како власт и црква не дозволуваат да исплива на површина и да се реши, зошто е спротивно нели на религијата и нивната сива економија.
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Видов у продавница протеини од семе од коноп (hempseed proteins). На 100 грама 25-30 гр протеин. Дали вака обработено семе смее да се јаде да кажеме 50-100 грама, дали не предизвикува реакции слични на класично пушење марихуана?
И друго прашање ако знаете ми е -која е разликата од hash oil до cannabis oil, да кажеме за медицинска намена.
Да, во СК може да се најде и шампон, сапун, тестенини, брашно, чај од коноп (освен за чајот и шампонот, за останатите производи се користат семките од коноп).
Во овие производи нема значително количество на фамозниот психоактивен нелегален канабиноид delta 9 THC што значи дека со употреба на истите продукти не постои никаква шанса да се здобие човек со т.н. high сензација. ;)

Можно е минимално присуство на дел од останатите канабиноиди: CBD, CBG, CBC, CBN, но истите не се психоактивни, така да немаш гајле во тој поглед - нема да се надуваш од јадење семки или пиење чај!

Органското нелупено семе од коноп е најдобриот извор од растително потекло на избалансиран сооднос на Омега 3 и Омега 6 есенцијалните масни киселини.

Hash oil се добива од исушената смола (хашиш) од цветот на женскиот коноп, за разлика од cannabis oil при кое се користат целите цветови (туфки) од женскиот коноп. Процедурата во двата случаи бара употреба на липофилна супстанца ( масти, масла, липиди) или неполарен растворувач (пентан, хексан, изопропил алкохол, толуен...).

Од медицински аспект и двете масла се одлични за лечење на лесни и тешки болеси но и чисто од превентивнен аспект, но, по мене cannabis oil е покомплетно масло поради присуството и на останатите лековите канабиноиди.

При лечење/превенција го строго препорачувам cannabis oil кое од 2008 год. е уште познато и како Rick Simpson Oil, за чијешто производство/дозирање/употреба можеш да најдеш туторијали на интернет (phoenixtears.ca).

П.С. Се надевам ти беше од некаква корист постов. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom