Се тоа во ред, тотално си во право. Арно ама во некои работи можеби е пожелно да се размислува малце неконвенционално и да се проба да се заобиколи таа мана на системот.
Значи да го занемариме фактот( ако е и факт воопшто) дека перманентните магнети ке ја изгубат силата со тек на време, тогаш единствена мана на системот е постигнувањето на рамнотежа. Тоа во пракса се покажало како многу тешко да се избегни. И сега замисли дека покрај сите тие перманентни магнети поставиш и еден електромагнет кој стално системот ке го вади од баланс така да никогаш нема да постигни рамнотежа. Како тој електромагнет ке си ја врши функцијата и каде ке биде поставен( и дали воопшто би бил еден) е работа за дискусија но со самото негово постоење и неговиот променлив поларитет кој може да се контролира од надвор би бил доволен постојано да го исфрла системот од рамнотежа. Со тоа теоретски го лажиме системот и со тоа ја анулираме неговата мана тоест постигнувањето на рамнотежа со најниско ниво на енергија.
Што би било ако вака гледаме на работите, што би се случило?