Станари кои не плаќаат

  • Креатор на темата Креатор на темата Wolf-Rayet
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 август 2012
Мислења
4
Поени од реакции
0
Возраст
32
Вака, само на кратко би сакал да прашам која е најбрзата постапка против станари кои имаат потпишано договор но неплатиле веќе два месеци а не сакаат да си одат?
Дали може со полиција да им се отиде или со извршител или каков било начин?
Благодарам однапред
 
Ако ти се пријавени кираџиите и плаќаш данок,тогаш полиција викај,а ако не,незнам...
 
се плашиш а? :P ако не ве има пријавено како станари не можи да викни полиција или извршител пошо нелегално ве држел кај него...ке биди тој прво казнет оти не ве пријавил...
 
Не, обратно е, не сакаат да си одат..се е пријавено, во договор пишува дека може да го раскинам ако не плаќаат (и не плаќаат), но кога прашав еден адвокат по телефон ми рече тужи ги и за 9 месеци ке добиеш извршител..А за време на тие 9 месеци треба они бесплатно да живеат таму и да не плаќаат сметки??
 
Вака, само на кратко би сакал да прашам која е најбрзата постапка против станари кои имаат потпишано договор но неплатиле веќе два месеци а не сакаат да си одат?
Дали може со полиција да им се отиде или со извршител или каков било начин?
Благодарам однапред

извади им ги осигурачите, и следниот пат пази какви подстанари земаш
 
Оди кај адвокат и поднеси тужба за иселување( ако веќе е раскинат договорот) брза е постапката,
 
Ако имате потпишано договор, деновите се одбројани!

Шала на страна, со договорот правац кај НОТАР!
Нотарите од лани изиграваат адвокати.
 
додека викаш полиција викни си ги другарите и фатите ги, кој низ врата кој низ прозор како знаете на клоци напоље сви ! :mad:
се шалам :) чим имате договор нема тука што пријави ги прво во полиција па отаму во суд, додека тече судската работа и да седат они у станот и да не плаќаат сметки ќе бараш во тужба се тоа да се подмири и ќе мора да си платат и кирија и сметки и се, ти имаш договор на нотар нема што да се секираш нека се секираат они твое е само да пријавиш ;)
 
Не, обратно е, не сакаат да си одат..се е пријавено, во договор пишува дека може да го раскинам ако не плаќаат (и не плаќаат), но кога прашав еден адвокат по телефон ми рече тужи ги и за 9 месеци ке добиеш извршител..А за време на тие 9 месеци треба они бесплатно да живеат таму и да не плаќаат сметки??
е друже, јас имам кираџии и со нив имам договор, али договорот е со солемизација. така да, ако тебе ти е обичен договор, и не е со солемизација, ... многу си се заебал. не само што ќе се тегнеш по судови, него и трошоците за суд и сметки ти ќе си ги платиш. не сакам да изгледа дека те плашам, но тоа е вистината. најубаво, иди кај адвокат, консултирај се со него (нормално и таа консултација се палќа) и види што ќе ти каже. и следен пат, ...... информирај се за мојот тип на договор, плати си адвокат и мирна глава. сега навистина не би сакал да сум ти у кожа. :(
 
1.Појди во полиција, пријави.
2.Стегни му тужба, се додека трае судскиот процес, тие ке седат во станот, но тоа значи дека си се збира сумата, камати над камати... доколку паднат на суд, ем што ке ги платат судските трошоци ем и тебе ке ти платат, доколку немаат пари да платат на време... ке си се таложат камати над камати... ке му ги запрат сметките по банките шо ги имаат :D и плус ако дојди извршител со самото негово идење и присуство се наплатува над 100 евра:D
3.Крајот, доколку си потполно во право ти... нив ке му биде следново: присилно истерување од станот, ке си заминат без ништо(доколку имаат нивен мебел и сл), ке си останат и без пари долг период... едноставно црно му се пишува доколку немаат каде да заминат :D
П.с подмост :)

Го кажувам ова од лично искуство, на ваков начин сум средил јас станари :D и шо е нај нормално мора да имаш некој пријател во суд/ за секој случај де :D
 
Wolf-Rayet ти немаш ли клуч од станот? Оди кога знаеш дека не се дома, смени ја бравата, па кога ќе ти ги платат кириите што ти ги должат дај им ги работите. Што ве гледам будали, ќе одите со фино, смени брава и реши си го проблемот.
 
Фино лепо да им го накрши а !?
Само тие колку што мислам чим не плаќаат кирија, сигурно си ја имаат сменато и бравата за секој случај, мене така ми имаа направено.
 
Wow, и што мислат тие што не сакаат да си идат од станот? Дека онака ќе си останат да си живеат до кога сакаат лаганица?:eek: Толку да се глупи...
 
Фино лепо да им го накрши а !?
Само тие колку што мислам чим не плаќаат кирија, сигурно си ја имаат сменато и бравата за секој случај, мене така ми имаа направено.

Е не, ќе ги моли? Кога тие мајмуни се доволно безобразни да не плаќаат кирија, зарем тој треба да биде фин со нив?
Ако му ја имаат сменето бравата може да ги пријави во полиција дека му го имаат бесправно окупирано станот, ако не платиле кирија немаат веќе право да живеат таму. Или уште поедноставно, да си викне бравар кој за неполна минута може да ја обие старата брава и да стави нова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom