Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Да беше и тој како пријател на Горан Мујо и тој се приклучи,ама не беше од голема помош и значење.
--- надополнето: 12 септември 2013 во 16:43 ---


Како се презива овај Жика, дали е истот тој Жика што мислам јас ?
--- надополнето: 12 септември 2013 во 16:48 ---
Прегледај го приврзокот 72277

Дур сме кај Лавовите еве уште една слика од обуката на Пониква.

На сликава е ако го знаеш до Стојков

284763_251597158201062_1681905_n.jpg
--- надополнето: 12 септември 2013 во 20:34 ---
Стојков требаше да биде многу јак во МВР, ама не искочи таа работа.
--- надополнето: 12 септември 2013 во 19:43 ---



Гиго, после 2001ва Лавовите ги трансформираа во СЕБР. Единицата доби командант директно од редовите на ЕСЗ. Човек со перфектна кариера. Од нив се роди денешната ЕБР, единица спремна да одговори на секаков предизвик. Колку и да ги плукате, тие луѓе имале муда и срце. Тоа не може да им се одземе.
--- надополнето: 12 септември 2013 во 19:49 ---

:D

П.С Сегашниот Командандт на ЕБР е поранешен припадник на ЕСН ВОЛЦИ
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
238
Поени од реакции
333
На сликава е ако го знаеш до Стојков

Прегледај го приврзокот 72294
--- надополнето: 12 септември 2013 во 20:34 ---



П.С Сегашниот Командандт на ЕБР е поранешен припадник на ЕСН ВОЛЦИ
Игор мислам дека е тој само да не спомнувам презиме кажи ми дали е од Кичево?
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Баже брат јас те прашав за вампирот тој дали е бил во есз.Инаку брат Во лавовите нејвеќе прелив имаше од есз како инструктори и команданти и командири.Плус Блаже лавовите се растуруваат во 2003 а во 2004 се создава СЕБР подоцна ЕБР.А во ебр се до 2008 имаше највеќе прелив од волците,командантот на ебр е бивш волк,пошо имаше мн волци единицата тогаш носеше име и воено-полициска единица.Ама од 2008 го укинаа префрлувањето од арм во мвр.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Некој избришал мислење темава ми е чудна.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Ок мислењето на баже е една страна понапред.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
сакам да прашам дали постои уште списанието штит...ако не.. дали има некое ново армиско-воено списание...и ако можеби некој има преку електронска форма некој број од списанието нека прати за download...
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
238
Поени од реакции
333
сакам да прашам дали постои уште списанието штит...ако не.. дали има некое ново армиско-воено списание...и ако можеби некој има преку електронска форма некој број од списанието нека прати за download...
Да постои сеуште Штит.http://www.morm.gov.mk/content/?ID=F81D920B54A11803CF6D932FB44CF0BF93E61E16&lang=mk овде ти се сите броеви на штит достапни за читање.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
сакам да прашам дали постои уште списанието штит...ако не.. дали има некое ново армиско-воено списание...и ако можеби некој има преку електронска форма некој број од списанието нека прати за download...
За жал сите се со очаен квалитет и здодевни прилози.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
За жал сите се со очаен квалитет и здодевни прилози.
За жал сите се со очаен квалитет и здодевни прилози.

Грешка си погледнете ги броевите 38 и 41 на овај линк и после кажи дали се здодевни еве дел од нив ке постирам текст има работи кои сигурно не ги знаете
а за повеке имате на линков на 38 и 41 број

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=F81D920B54A11803CF6D932FB44CF0BF93E61E16&lang=mk

Текст од 38 број

За да се стане „волк“, „ренџер“ или друг при-падник на пСО треба „многу леб да се изеде и многу планини да се изодат“.


Легендата во ЕСН ВОЛЦИ за кој сигурно не сте знаеле

Кога веќе зборуваме за искуство, еден од најискусните во пСО, од којшто учат помладите генерации, е

главниот подофицер во бСН наредникот Драган Стојановски.



Во пСО како професионален војник е од 1 март 1994 година, кога и се формирани македонските „волци“. Покрај другото, во 2002 година завршил курс за воени подофицери во САД, а во 2009/2010 година – академија за подофицери во Хрватска. И тој, како и многу други припадници на пСО, бил учесник во мисијата ИСАФ од крајот на 2006 до пролетта 2007 година. Учествувал во повеќе директни акции, за што добил „ARCOM medal”.
Главниот наредник Стојановски зборува сигурно и авторитетно, небаре ги подучу-
ва тукушто пристигнатите припадници на пСО коишто останале „живи“ по 24-часовни
от, деноноќниот селективен курс. Впрочем, подучувањето и помагањето на професионалните војници, е една од главните задачи на главниот подофицер.
Како главен подофицер, наредникот помагал во решавањето на проблемите на припадниците на бСН, без разлика дали се работи за професионални
или за приватни работи.
„Овде живееме како едно семејство, потенцираше наредникот. И во добро и во лошо, секогаш сме заедно“. кој бил дел од нив знае!!!

Знаете ли што е најтешко за еден припадник на пСО, се додава со прашање потполковникот Лафчински, а потоа самиот дава одговор: „Тоа не е кога е во мисија, или на друга задача, туку кога треба, по кој било по-вод, да замине од единицата во друга еди-ница, или нешто слично. Сите живееме како еден, и тоа остава неизбришливи траги“


Не случајно народот рекол дека „јунаците се препознаваат по делата“. Оваа народна мисла како да е за припадниците на пСО.Има многу случаи во коишто припадниците на пСО го постигнале она што другите не го можеле. Типични примери за тоа се извлекувањето на телото на рударот од јамата во „Бучим“, а вториот е извлекувањето на телото на давеникот од акумулацијата „Мавровица“, потоа извлекување планинари од места каде што никој друг не се нафаќа и многу други познати и непознати за јавноста акции.


Пролетта 2010 година на, со тимот од бСН, предводен од тогашниот командант Орце Јордев, учествуваше во извлекувањето на телото на рударот од рудникот „Бучим“ кое веќе 5 дена се наоѓаше за-главено во рударското окно. Претходно тоа се обидоа да го направат и припадниците на МВР и на ЦУК, но неуспешно.
„Тогаш преку ‘Сител’ беше изнесено дека во ‘Македонија нема маж што може тоа да го направи, вели мајорот Велков. Тоа беше предизвик за нас во бСН. Направивме план, се опремивме со маски и со боци од ПП бригадата на Скопје и пристапивме
кон реализација на задачата. Во тешко достапната дупка, тимот од четворица влегуваше на двапати, во текот на два дена. Првиот пат, за да го
извлечеме телото на несреќниот рудар, а вториот пат за обезбедување на потребните докази“. За овој потфат припадниците на тимот од бСН добија Орден за храброст од претседателот на РМ.



Припадниците на пСО го направија невозможното и во случајот со извлекувањето на телото на давеникот во вештачката акумулација „Мавровица“. И таму тие настапија тогаш кога се откажаа припадниците на МВР и припадниците на Заштита и
спасување. „Условите за извлекување на телото, вели капетанот Тони Темелков, офицер за борбена готовност во бСН, учесник на многу меѓународни вежби
на нуркачи од специјалните единици,беа извонредно тешки. Немаше никава
видливост во студената вода во езерото, а имаше и многу природни и вештачки препреки“.Инаку, капетанот Темелков, како и другите нуркачи од тимот на бСН
кои го извлекоа телото на давеникот, претходно имаат поминато макотрпна обука со странски инструктори. Нуркачкиот тим располага и со современа скуба-опрема за нуркање врз база на воздух, како и со борбена нуркачка опрема со чист кислород.
„Успеавме за многу кратко време, кога почнавме да го пребаруваме вториот сектор, да го најдеме телото на несреќникот“. Нашите соговорници додаваат дека телото го нашол токму тој, Темелков, и дека е премногу скромен за да го каже ова.
И во оваа акција, како и во сите други, до израз дојде снаодливоста на припадниците на пСО. Доволно е да им се даде задача и потоа тие самите ја планираат и ја
реализираат. За тоа не случајно за нив се вели дека се „најдобри меѓу најдобрите“.
За припадниците на пСО има уште многу што да се каже и да се пишува.
Кај нив секогаш има нешто ново, дотогаш невидено. Овојпат се обидовме да претставиме само дел од нивните активности.
Другите активности и онака, како и кај сите специјални сили, се држат во најстрога тајност.



А во 41 број од Штит има за специјалностите и специјалистичката обука на БСН
Разгледајте ги има сигурно информации кои не сте ги знаеле
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
238
Поени од реакции
333
Далеку од тоа дека нема што да се прочита во Штит.Редовно го пратам секој излезен број итоа како има што да се види.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Извини Игор има и исклучоци.
Но концепциски е на нивото на фронт кој го печатеше ЈНА.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 17:23 ---
nezavisno od se ima li nekoj slika na vlekach na tenkovi na ARM
po mozhnost da ne e iveko tuku maz.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 17:52 ---
А-стан
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Shtom vi se dopagaat slikive eve ushte

--- надополнето: 13 септември 2013 во 22:03 ---

--- надополнето: 13 септември 2013 во 22:05 ---
.Slikite se pozajmeni od forumite MAF i odbrana od userot Momak od Gorche.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
141
Поени од реакции
71
вака сега :сакам да прашам...не сум доволно информиран за воена академија и доколку има некој нешто повеќе да ми каже би му бил благодарен.Јас планирам да се запишам на воена академија, но би сакал да имам повеќе способности (знаења) кој ќе ми користат доколку одам за некаде околу 2 години.Физичка подготвеност - тренирам веќе година и пол.со секојдневни напорни тренинзи od 1,5-2 часа.Од 3-3,5 год мислам дека ќе ја имам физичката подготвеност, но сепак немам знаења па затоа сакав да побарам некој совет.Имам мал број на информаци кој ќе ми бидат потребни па некој кој знае и најмала информација пр:списание,книга што било ќе ми биде добредојдено :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom