Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ја пратив пријавата, ама сум заборавила да пишам нешто. Ќе ми се важи ако препратам ?
И фала многу за се. Во голем хаос сум....
Шо е разликата меѓу овие 2 и како се набавуваат?Не се праќа повеќе пати, туку истата пријава само си се ажурира.
Иначе еве уште еднаш, мислам дека ова се сите потребни документи:
1. Извод
2. Државјанство
3. Свидетелство плус диплома за завршена матура
4. Универзитетска пријава
5. Таа што е како интерна пријава за на факултет
6. Уплатници од тоа за уписот и за административната такса
7. За ова не сум сигурен, ама мислам дека треба: изјава за неподигање на документи
Шо е разликата меѓу овие 2 и како се набавуваат?
Шо е разликата меѓу овие 2 и како се набавуваат?
Универзитетска пријава е таа што пишува Пријавен лист, со црвените букви што се купува од книжарите кај факултетите, за други места искрено не знам кај има. А интерен лист е за факултетот на кој се запишуваш. Е сега не знам дали тоа се купува или само го принташ она што ти го прави системот при електронското запишување.
Само го принташ, тоа ти е доказ + дека си пријавен електронски ете во случај ако “падне“ системот како нас лани на Економски дека прва година па триста компликации имаше, иако бев пријавен мене таа нервната тетка од студентски не можеше да ме најде во компјутерот, пријавата иако ми беше успешна на крај таму ја немаше![]()
задолжително е тоа да го испринташ или може и да се купи не ми е јасно многу малку информации даваат
Со 74-75 поени на кој смер на економски може да влезам со државна квота?
Имам план нешто такво да направам, па после у 2ра година да се префрлам на менаџмент.
И уште едно прашање. Дали би ми ги прифатиле предметите овие од менаџмент ако пред тоа на пример сум учел Економија? И така у прва година сегде се учат истите предмети така![]()
Зборот ми беше, ако пример 1 година завршам економија, а 2, 3 и 4 та година менаџмент, у дипломата ќе пишува дека сум завршил сите 4 години менаџмент или 3 менаџмент и 1 година економија? Нешто што не ми е логично.Во прва година сите учиме исто така да нема што да ти прифаќат кога во втора на било кој смер имаш сосема нови предмети, а во втора можеш на што сакаш да се префрлиш, ниту просек ти барат, ниту ништо друго, си продолжуваш само со тој смер од втора.
Еве сега ги гледам ланските резултати од уписи (тоа ти е најверодостоен начин да си провериш, ваљда ќе биде тука некаде), со овие поени можеш да влезеш во државна само на смеровите Економија и Надворешна трговија, и евентуално Маркетинг ако има послаби лани гледам најслабиот таму во државна имал 77 поени. Еве ти линк
Зборот ми беше, ако пример 1 година завршам економија, а 2, 3 и 4 та година менаџмент, у дипломата ќе пишува дека сум завршил сите 4 години менаџмент или 3 менаџмент и 1 година економија? Нешто што не ми е логично.
Фала ти за второто.![]()
Државјанство кај се вади?
Абе требало и нешто да се принта од електронскава пријава? Ја неам принтер бре у пм... зашо вака...