Прашања и одговори

  • Креатор на темата Креатор на темата back_rest
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали го поставувам на право место прашањево ама валда ќе се најт некој да ми одговорит. Која е разликата помеѓу студиите на Педагошки факултет, и студиите на институтот за Педагогија при Филозофски факултет?
 
На Педагошки факултет добиваш диплома за наставник зa предучилишна или училишна настава, а на Педагогија на Филозофски си со диплома, дипломиран педагог. Верувам дека знаеш што е разликата меѓу овие две професии :)
 
Дали треба да се испечати електронското пријавуванје или таму ке проверат?
 
Дај бе нека каже некој под средно име дали треба татково име? Гледам на тоа видеото место средно име пишува татково име. Вака сеа збукна ептен праат, глупа работа у пичку матер. Средно име пишале мислиш шпанци сме. Прашувам во фб сите викат ништо не пишале, ама не знам...
 
Дали треба да се испечати електронското пријавуванје или таму ке проверат?

Не треба, она што треба да го знаеш е серискиот број. Таму ќе проверуват како ќе ги давате документите.
 
Дајте линкче за да се пријавам електронски на Факултет за безбедност .... и ме интересира дали треба да се вади нов извод и ново државјанство за уписот ?
 
http://www.upisi.uklo.edu.mk/Account/Login.aspx?ReturnUrl=/ (ако мислиш на овој на УКЛО шо е) и шо е сварно финтата со тоа моминско презиме... ?
 
море зошто се буните тоа е за девојките пошто има премнгу мажени девојки кој се пријавуват на фах и за тоа треба името и презимето од поранешните родители
 
Како може на калкулаторот на финки ги пресметувам поените и ми покажува 75.7 а на УКЛО кога ке ги внесам оценките ми пишува 72.4(пишувам дека ги имам соодветните предмети полагано на матура) ? Каде е проблемот ?
 
Калкулаторот на iknow е поточен и немајте гајле не се буните, баталите финки минки.
 
Постари, што како на денов на уписиве? Кај, што, како, кај се зимаат уплатнициве? Што треба освен од тие наведени документи плус да се носи?
Прашувам за Кирил и Методиј Скопје, за Филолошки конкретно.
 
Ова ти е најубаво да си уплатиш ден пред тоа оти на факултетот во банките ќе има доста гужва. Уплати си и само копијата за нив од уплатницата достави му ја со документите.
Универзитетската пријава ќе си ја купите на факултет од книжара.
 
Книжарите што се во тој кампус, карши Битпазар, продаваат пријави заедно со уплатници (си кажуваш за кој факултет) и ти треба да пополниш само име и презиме со ембг (и уште нешто друго ако фали, она главното го има веќе). Извод, државјанство, свидетелства, диплома, пријавата и мислам дека треба тоа изјава за неподигање на документи. Крај краева, пријавите и било какви изјави да ти требаат на самиот упис може да се среди, но ти препорачувам да си средиш однапред за да не се туткаш тогаш. Сигурно ќе биде весело во четврток, нема да се знае кој пие, а кој плаќа. :D
 
Може ли во Куманово да уплатам, и да си однесам само копија од сметка?
--- надополнето: 12 август 2013 во 20:32 ---

Појма немам што и како се наоѓа таму, ко изгубен германец ќе сум. Седнувам во четврток у Куманово на бус и идам за СК. Што и како, ќе се снаоѓам таму, појма немам ни кај да го барам Филолошки таму кај универзитетите.
 
Можеш да уплатиш во Куманово секако, само ќе треба некој да ти сликне или пише жиро сметка на факултетот и остали заебанции што ги има на уплатниците (имаш една за уписот и една административна такса).

За болдираното, знаеш кај е кампусот на тие факултети што е карши Мавровка така? Епа ќе ја пратиш реката луѓе кои идат, прво поминуваш студентски клуб и ректорат па доаѓаш до факултетите. Лево е Економски, десно Правен, а право се Филолошки и Философски, нема утка. :) Плус и пишува на секој од нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom