Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Jacob's Ladder

24020884-24020890-large.jpg


Филмов ми го предложија дури тројца форумџии и воопшто не згрешија што ми го предложија, ептен ме бендиса. Тоа ме потсети дека и јас треба да го предложам, зашто не смее да се пропушти. Барајќи филм со Тим Робинс наидов на неочекувано добар филм, кој искрено не ни знаев дека постои додека не ми го предложија ( тенк ју вери мач инаку за предлогот).Ова е филм од старата филмска школа. Вакви филмови денес веќе не се прават. Ова е време на римејк - филмови, затоа чисто се сомневам дека освен добра драма и трилер новата холивудска продукција може да произведе ваков психолошки филм кој сериозно ќе ве замисли. Уште од старт да ве предупредам да не му го барате крајот, а богами ни почетокот. Само гледајте, зашто дури последната сцена ќе ви покаже што всушност се случува. Некако се сомневам дека некој би го предвидел текот, а камоли пак крајот.

Инаку изведбата на Тим Робинс е феноменална. Човекот го има оној симпатичен лик со кој не може да не сочувствувате. Секогаш кога го гледам на екран кај мене го предизвикува истото чувство, на симпатија и емпатија. Мислам дека може да глуми психопат и пак ќе го предизвика истиот впечаток (барем кај мене). Ова е навистина добар актер. Не ги сакам неговите филмови заради него, туку го засакав него заради неговите филмови. Робинс во филмов е војник кој се борел во Виетнам и одненадеш почнуваат да му се случуваат чудни работи кои не може да си ги објасни. Единствената асоцијација која кога ќе се спомене Виетнам се секако траумите кои ги доживеале војниците, а кои се причинител на нивниот стрес. Меѓутоа, оваа приказна е сосем нетипична кога станува збор за војничкиот синдром, зачинета е со теорија на заговор која е толку замрсена, што гледачот на моменти се прашува што е реално, а што резултат на сон или халуцинација.

Ова е одличен филм за луѓе кои сакаат филмови со психологија и мистерија.

jacobs-ladder-1990-tim-robbins-pic-2.jpg
 
MV5BMTgxNTEwNzI1OV5BMl5BanBnXkFtZTcwMjU5MDAyMQ@@._V1._SY317_CR6,0,214,317_.jpg


Peter Weir како режисер ме освои со Picnic at Hanging Rock , филм кој за мене лично претставува ремек дело и се наоѓа на мојата листа за најубави филмови. Во неговата филмографија можат да се најдат два типа на филмови , едни во кои ја вклучува својата имагинација и талентот да создаде филм кој воедно бара и голема ангажираност од гледачот , и во вторава група се наоѓаат филмови кои се поедноставно прикажани и во кои гледачот има пасивна улога. Овој филм спаѓа во втората група , но тоа ни најмалку не го прави лош !
Харисон Форд го игра Али Фокс , лик кој во очите на неговиот син е претставен како гениј на се што може да се изгради со сопствените раце . Незадоволен од светот во кој што живее и во постојан конфликт со околината , се решава на драстичен чекор, со своето семејство заминува да живее во џунгла , место кое според него ги нуди идеалните услови во кои може да го изгради сопствениот свет за кој мечтае.
Актерската екипа во филмот е супер , Харисон, познавајќи го неговиот'' талент'' пријатно ме изненади , за прерано починатиот Ривер Феникс и Хелен Мирен нема да трошам дополнителни зборови. Филмов топло ви го препорачувам !The Mosquito Coast
 
The professor and his beloved equation (2006)

the-professor-and-his-beloved-equation-kadokawa.jpg


Уште еден азиски филм во низата од 14 кои досега ги изгледав :) и уште еднаш не останав разочаран :) Станува збор за многу убава, нежна драма која ќе ви го разведри умот со многуте добри мисли кои се кажуваат во филмов. Имено еден професор по математика живее со својата снаа за брат, но во одделни куќи. Доживеале несреќа по која таа е скоро инвалид, а тој добил некаков потрес на мозокот најверојатно, пошто најголемиот проблем му беше што го губи краткото памтење, односно не памти настани кои се случиле непосредно пред неколку часа. Си има и ливче запишано на себе: Памтењето ми трае само 80 мин. Снаа му најмува куќна помошничка за да се грижи за професорот, а пошто тој брзо заборава тие стално секој ден се запознаваат одново и одново. Многу убави мисли, дел од нив и на математички начин, беа кажани во филмов и тоа е она што најмногу ми се допадна.

Од мене една солидна 7/10 :)
 
Kill The Irishman
KillTheIrishman-movie-poster.jpg

Филмов на прв поглед ми изгледаше дека ќе биде со некоја досадна приказна, веќе видено за мафијата низ Америка. Се решив да го гледам само поради Вал Килмер (како за беља не ни имаше некоја забележителна улога во филмов), ама пак филмчево испадна баш супер со добра актерска екипа.
Филмов е правен по вистинска приказна Дени "Ирецот" Грин, кој после многу работи кои му се случуваат во животот ќе стане дел од мафијата во Кливленд која во 70тите години владеела со овој град. По голем број на случки ќе се спречка со погрешните луѓе и почнува интересното во филмот.
За да испаднел подобро можеби можеле повеќе да се посветат и на семејниот живот на Дени, кој е застапен ама на кратко низ целиот филм.
Актеров кој го игра Ирецот првпат го гледам во филм, ама добро си ја изигра улогата.
Се на се вреди да се погледне филмчево, посебно оние што сакаат крими филмови и за оние кои сакаат филмови со мафијашки убиства и глупости :)
7/10
 
sin_city_nancy.jpg

филмчево е постаро, го имам гледано уште од кога излезе на двд, причината што го рецензирам е прекрасното атаптирање од стрип во филм,одличниот кастинг и самата приказна е прилично интеересна а и главните ликови ми се поими за badass :)
приказната е поделена на три дела, во секој дел има по еден лик кој е наратор и ја разкажува приказната во градот на гревот. филмот содржи експлицитни сцени, секс, насилство итн. што и не е препорачна за луже под 17 год.
самата уметност и сценариото ми се допадна и тие ефекти што ги имаше во боја (иначе филмот е претежно црно-бел) ми беа суперкул :)
неверувам дека има многу луже кои го имаат пропуштено филмот, но за тие кој го немаат е MUST SEE филм, секако ако сакате ваков стил на филм се разбира :wink:
ОЦЕНКА 8.5/10
 
All About Eve (1950)
073AllAboutEve.jpg


Една обожавателка и се улизува на позната актерка. Актерката, Марго е во фаза кога веќе старее за улогите кои ги глуми, е во врска со помлад драмски писател и се дружи со елитата на драмскиот театар. Фимот е со ретроспекција, и почнува со тоа како Ив (обожавателката) ја добива наградата за најдобра актерка, и од тука веќе знаете што се случило.
Не е толку битна содржината на филмот колку дијалозите кои се во него. Ептен ми се допадна ликот на Марго, колку и да е емоционално нестабилна, несигурна, параноична и полна со цинизам, има толку страст и мудрост во тоа што го збори. Филмот има се што една драма треба да има за да е одлична. Плус глумата на актерките е неверојатна, нешто што го нема во модерните филмови особено кај женските улоги, денес некако сите знаат само добро да глумат секс и флертување.
9/10

Наредните рецензии се за филмови кои се во главно женски :pipi:

Roman Holiday (1953)

518EPG6E91L._SL500_AA300_.jpg

Одри Хедбрн е принцеза чиј живот се сведува на должност кон нејзината држава да мафта насекаде низ Европа, на една посета на Рим решава да избега. Сигурно сте гледале некој од преработките од филмов, па така Грегори Пек е новинар во Рим кој случајно ја наоѓа и погодете што, се заљубуваат. Разликата меѓу новите преработки и ова главно е во тоа што ова е Грегори Пек (многу јака фаца во свое време) И Одри Хедбрн, класика филм, добра глума, немаат секс па потоа да се заљубат, односно во филмот отсуствуваат денешните клишеа, и е оригиналната идеја. И лично мислам дека не може да се спореди сексапилот на денешните со шармот на тогашните глумци.

My Fair Lady (1964)
my_fair_lady.jpg


Содржината на овој филм ја имам видено копирана или преработувана во неколку серии и филмови. Професор по фонетика се обложува дека може да направи дама од една цвеќарка. Така почнува да ја учи на правилно држење и однесување и најважно, правилно говорење, како никој од високото друштво не би познал од каде таа потекнува. Што значи дека никакво друго посебно знаење или искуство во нешто не ви треба за да влезете таму, освен секако пари. Симпатичен филм, професорот е полн со шовинизам, зинизам и мизантропија, девојката е простодушна, што изгледа доста симпатично, и така би го опишала овој филм, симпатичен.

Factory Girl (2006)

factory_girl.jpg


Биографски филм за музата на Енди Вархол ( еден од најпознатите поп- арт уметници и режисер на андерграунд филмови во Америка). Иди Седвик била феме фатал, модна икона која има пари, има харизма и сексапил. Ова е филм за сексот, дрогата и рок ен рол. Добро се опишува хедонизмот, пореално од колку во Доријан Греј.
Сепак има доста добри психолошки моменти, филозофија и филозифија на уметност. Не е толку женски филм колку што е филм посветен на уметноста, затоа би го поврзала со Cradle will rock и Frida Khalo. До толку ви се допаднале овие филмови, сигурно ќе ви се дoпадне и овој.
8/10
 
Limitless (2011)

Дефинитивно едно од најдобрите филмски остварувања во последниве 5 години, според мене.

Се работи за писател, кој открива дрога (апчиња) која го активира мозокот до 100%
Нели, се тврди дека всушност ние користиме само 20% од нашиот мозок... епа, апчињата во филмов се главната тема.
Но да не откривам повеќе, дефинитивно вреди да се погледне.
Бредли дефинитивно си ја знае работата. Овој филм така му легна, неможеше подобро.

Од мене 10/10 без двоумење. :smir:
 
Halloween 1978

Ми се допадна бидејќи убиецот е од крв и месо, значи овде нема зомби и слични срања.
Го гледав оддамна (кога имав 6-7 години) мислам содржината му е следна:
Се работи за реално шоу, група од млади луѓе влегуваат во една морничава куќа која се претпоставува дека е куќа на еден сериски убиец.
Внатре наоѓаат ножеви секири и слични работи кои му служеле како оружја на убиецот и нормално се зезаат со нив.
Карактеристично за убиецот е што има една маска (како на сликата) и еден од членовите ќе ја носи маската да ги плаши другите, одеднаш ќе се појават двајца со истата маска и нормално едниот ќе настрада. Серискиот убиец се враќа во својата куќа...
Финишот догледајте го сами

halloween-1978-extended-tv-version-oop-horror-dvd-66e52.jpg
 
Марли и Јас (2008)

Филмов го гледав пред некој ден на HBO и беше прекрасен, многу ми се допадна.

Marley-and-me.jpg

Еве на википедија е опишан кратко.

Додека снегот упорно паѓа ноќта на нивната венчавка, младиот брачен пар, Џон (Овен Вилсон) и Џени Гроган (Џенифер Анистон), одлучуваат да ја напуштат лошата зима во Мичиген и да се упатат на југ и да започнат нов живот на Флорида. Двајцата се вработувааат како новинари во конкурентски локални вести, го купуваат својот прв дом и заедно тргнуваат на авантура на бракот, нова кариера и нов живот. Инаку Џон и Џени се сложуваат одлично, но кога е во прашање “проширувањето” на семејството, нивните ставови се спротиставуваат. Несигурен во тоа дека е спремен за деца, Џон својот страв му го признава на пријателот и колега Себастијан, кој му нуди совршено решение, тој да и купи на Џени, куче. Звучи како добра идеја, но тогаш на сцената настапува Марли.
Тие го купуваат слаткиот златен лабрадор, кој за многу кратко време пораснува во огромно куче полно со енергија, претворувајќи го нивниот дом во вистински хаос. Го исфрлаат на натпревари за кучиња, гризе ѕидови, го јаде троседот, ги превртува кантите за ѓубре, ја кради мисирката на Денот на благодарноста и т.н. Дури ни најновата огрлица на Џени не е сигурна покрај острите заби на Марли. И покрај тоа, хаосот кој со текот на годините успеал да го направи, Марли и понатаму го следи нивниот живот. Заедно со промените на работа, куќните адреси и бројот на членовите во фамилијата. Џон, Џени и Марли и покрај сите незгоди ќе останат заедно.


Еве и траилер.
 
Пошто доста критикувам во последно време да не испадне дека не правам ништо друго, еве ке дадам и некоја препорака од добри филмови што сум изгледал во последно време.

1. Kung Fu Panda :) http://www.imdb.com/title/tt0441773/
Не се шалам, цртанов е супер. Го гледав со машко/женско друштво и уживавме сите во филмов. Одличен за релаксација или за во друштво.

Се работи за панда што ке мава кунг фу. - Ете вака се пишува рецензија за филм, а не како ке заврши. Поради некои од вас тука на форумот незнам сега дали да го гледам (а планирав) Пиратите од Карибите последниот дел или Skyline пошто ми го раскажавте крајот. Фала ви многу.

2. Alien Autopsy http://www.imdb.com/title/tt0466664/

Филмов е сниман според вистинит настан, комедија за двајца типови кои што ке продаваат снимка на која се прикажува аутопсија на вонземјанин што се урнал во познатата Area 51. Добар и мрднат филм :)

3. Limitless http://www.imdb.com/title/tt1219289/

Имам еден другар што кога ке ми каже дека некој филм е добар, навистина е добар. (не ми е јасно само зошто го гледа и Хари Потер :) ). Но овој филм навистина вредеше. Се работи за еден тип што ке придобие некои способности. Трилер - научна фантастика - акција. Прва лига.

Толку од мене. И уште еднаш ве замолувам да не се посирате со рецензиите, не е работата на човек да му го раскажеш цел филм или дека ке завршел незнам неочекувано или незнам што. Оставете ги луѓето сами на раат да си уживаат.

Поздрав.
 

30i8diw.jpg

Ауууу филмов! Дефинитивно еден од најдобрите странски филмови за 2010 година и покрај тоа што немам гледано многу :D. Каква само уметност е филмов... Филм за злобата, филм за bullying, филм за одмаздата, филм за улогата на мајките во нашиот живот. Што и да кажам нема да биде доволно, филмов мора да се погледне. Го има тоа што најмногу го сакам во филмовите, да добијам излив на емоции(Mr. Nobody!!). Филм кој ќе те држи на работ од столчето и ќе те натера неколку пати да се фаќаш за глава.​

Тежок е... мрачен е, но прекрасен. Саундтракот е одличен. Базиран е на некоја книга(ретко има утка кај ваквите :)). Глумата е ОК но во филмот не ни беше потребна којзнае каква глума. И сепак, има деца. Ах тие деца... полни со омраза. Полни со желба да се истакнат без разлика дали ќе повредат некого. Натпревар за кој ќе направи нешто позлобно. Но се се враќа, се се плаќа. Или не? :)
 
The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford (2007)

the-assassination-of-jesse-james-by-the-coward-robert-ford-soundtrack.jpg


Филм за последниот период од животот на Џеси Џејмс. Идолизиран од страна Роберт Форд чии симпатии кон Џеси ќе прераснат во глад за слава. Тоа Џеси го сфаќа и го допушта бидејќи му е здосадено од неговата грчевита недоверба и претпазливост од сите. Брилијантен портрет на неговиот лик од страна на Бред Пит. Не би сакал да пишувам многу за да не ја откријам целосно содржината. Филмот трае долго, околу 2 часа и 40 минути. Топло го препорачувам.
 

Ме освои филмот. Одлична работа завршил Шон Пен.
Првин пофалби за актерот Emile Hirsch:love: кој зрачи со харизма а и глумата е за чиста 10ка само ме чуди зашто воопшто не ми е познат.
Филмот се базира на вистинска приказна и започнува со тоа како еден студент огорчен од луѓето зависни од материјалните средства ја напушта цивилизацијата и го започнува своето патешествие од кое крајна цел му е Аљаска. Она по што трага пред се‘ е пронаоѓање на себеси односно пронаоѓање на сопствената среќа надвор од се она што порано го опкружуваше.

Прекрасни инсерти и фотографија и одличен саундтрак.
Филмот секако дека има своја порака ама оставам секој да ја согледа на свој начин.
Од мене блага препорака за филмот.
 

30i8diw.jpg

Ауууу филмов! Дефинитивно еден од најдобрите странски филмови за 2010 година и покрај тоа што немам гледано многу :D. Каква само уметност е филмов... Филм за злобата, филм за bullying, филм за одмаздата, филм за улогата на мајките во нашиот живот. Што и да кажам нема да биде доволно, филмов мора да се погледне. Го има тоа што најмногу го сакам во филмовите, да добијам излив на емоции(Mr. Nobody!!). Филм кој ќе те држи на работ од столчето и ќе те натера неколку пати да се фаќаш за глава.​

Тежок е... мрачен е, но прекрасен. Саундтракот е одличен. Базиран е на некоја книга(ретко има утка кај ваквите :)). Глумата е ОК но во филмот не ни беше потребна којзнае каква глума. И сепак, има деца. Ах тие деца... полни со омраза. Полни со желба да се истакнат без разлика дали ќе повредат некого. Натпревар за кој ќе направи нешто позлобно. Но се се враќа, се се плаќа. Или не? :)

WOW!!! Фала за препораката, конечно по подолго време еден филм навистина да ми го задржи вниманието. Имав поприлично проблеми со преводот на почетокот, јапонците зборуваат брзо и многу па не е лесно да се стигне. Тоа ми создаде малку проблеми и веројатно малку ми влијае на крајниот ефект, но добро.

Филмов е значи mindblowing, не е за тоа дали ќе кажеме доволно, туку тешко се опишуваат вакви филмови со збор. Не сум гледал вака убав мрачен а-да-не-е-хорор филм од The Virgin Suicides (1999), ако не сум заборавил нешто измеѓу. Иако се работи за сосема различен концепт.

Филмот, како што кажа Anon, те држи на работ на столчето. Обично филмови тоа го постигнуваат со акција или со тензија, а овде приказната, или начинот на кој што е раскажана, ни го држи вниманието. Во исповедите на една млада наставничка и неколку нејзини ученици се отсликани проблемите на цела една загубена генерација, деца за кои никој не води грижа и кои подоцна имаат тотално искривени морални вредности. „Никој не ми кажа дека убивањето луѓе е погрешно. Мајка ми беше научник и ми кажуваше многу за електрониката...“ Вака отприлика одеше дел од исповедта на Shuya Watanabe, ученик кој никој не го цени за неговиот талент. Во моментите на неговиот најголем успех, кој е објавен во весник, никој не му обраќа внимание, а целото внимание во весникот оди на лик кој извршил убиство. Па така, Shuya решава да убие за да го добие потребното внимание...

За содржината нема да пишувам повеќе, но дејството е исполнето со шокантни и неочекувани моменти. Да се навратам на вториот болд кај Anon, саундтракот е одличен, а мене како фан на Radiohead баш ми направија мерак со


Два пати. Radiohead е перфектен бенд за вакви филмови, мрачни, уметнички, комплексни, тешки... Има мали спојлери на видеото но ништо што ќе го разберете на негледан филм.​

Значи, мислам дека се подразбира дека препораката за гледање е за филмоманијата на форумов. Филмот е мрачен и по дејство и по фотографија/камера, саундтрак и се тоа... Темите се тешки: насилство, силеџиство, деликвенција... Од мене има одлична 9-ка, имам некои замерки за кои не сакам да трошам време, па му симнав малце.​

P.S.​
@Tallahassee, не го гледај жити се, кој ќе се расправа после... :)
 
Thank You for Smoking
Незнам дали е до тоа што немав гледано филм месец и неколку денови па ми се допадна или па стварно е добар ,филмов вреди да се погледне. Иако го имав ставено во bookmarks долг период , видеово беше клучно да го спуштам и гледам .

Да не откривам многу и да не ја упропастам убавината на филмов , само ќе кажам дека не е филм чија цел е да ве натера да ги откажите цигарите .

За актерскиот тим само пофални зборови и би го пофалил тука младиот Cameron Bright(кој ми оставил позитивен впечаток и во Running Scared ).

мал минус е неговото кратко времетраење ,се се одвива брзо ,малце пребрзо за мој вкус, па кога заврши сакав уште :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom