Невработен си? Ништо од бракот!

  • Креатор на темата Креатор на темата Plavooka
  • Време на започнување Време на започнување
Погледнувам околу себе бе! Сите мои другарки се на високи позиции. Другариве ми се по кладилници, нешто набавка, по некој у државна администрација. Дали вие гледате околу себе е прашањето?

Оноа кога феминистка и шовинист со хитлер на аватар тресат ноторни глупости...
 
Затоа ти ќе кажеш нешто вакво паметно и остроумно и ќе ја решиш дискусијата во еден потег.
--- надополнето: 30 јули 2013 во 23:25 ---
Ме интересира само околу втората точка.
Ако мажот бил вработен и земал поголема плата тогаш ете по некојси ваши закони е привлечен и мажествен. Што ако во меѓувреме ја изгуби работата ? Нема повеќе да ви биди привлечен, мажествен ? Ако ја изгуби работата заборава и да љуби и да води љубов ? Време е жената да си бара друг партнер со поголема плата ?
Ако двајцата се невработени, а по извесно време жената се вработи , тогаш автоматски мажот станува жена во врската ?
Ако некој, тато или чичо го клале на работа автоматски му ја покачуваат машкоста ?
итн итн
Ми се спие утре ќе ти одговорам да не ме мислиш :)
 
Оноа кога феминистка и шовинист со хитлер на аватар тресат ноторни глупости...

Грешка си.Мојот аватар нема никаква врска со моите политичко-општествени убедувања.
Па дури до таа крајност што воопшто не сум приврзаник на национализмот.
 
Од последниве некакви поста можам да заклучам дека имало интересна дискусија поназад. :icon_lol:

Како и да е, мене не би ми сметало. Се додека јас сум вработена и мојата плата е доволна за да ги покриеме месечните трошоци - е во ред.
Пред да почнете да ми серете, ќе ви раскажам една случка.. Еден ден, се враќа мојот дома многу порано, со натажена фаца... Исплашено го прашав што се случило, рече дека ја изгубил работата. Јас само го гушнав и му реков да не се секира, ќе се снаоѓаме некако со мојата плата(која за разлика од неговата беше мизерна). Шизикот почна да се смее, МЕ ТЕСТИРАЛ! :mad:
 
Штознам јас баш сакам моќна жена, ме асоцира на паметна, па ако е попаметна или помоќна од мене воопшто нема да ми пречи, ако јас сум задоволен со моменталната работа. Напротив би бил горд што сум со нејзе.

Ти сигурно си од Балканов? :icon_lol:
 
Еден ден, се враќа мојот дома многу порано, со натажена фаца... Исплашено го прашав што се случило, рече дека ја изгубил работата. Јас само го гушнав и му реков да не се секира, ќе се снаоѓаме некако со мојата плата(која за разлика од неговата беше мизерна). Шизикот почна да се смее, МЕ ТЕСТИРАЛ! :mad:

Кога ќе чујам дека овие "тестови" уште се користат, ми иде да се обесам.
 
Ме интересира само околу втората точка.
Ако мажот бил вработен и земал поголема плата тогаш ете по некојси ваши закони е привлечен и мажествен. Што ако во меѓувреме ја изгуби работата ? Нема повеќе да ви биди привлечен, мажествен ? Ако ја изгуби работата заборава и да љуби и да води љубов ? Време е жената да си бара друг партнер со поголема плата ?
Ако двајцата се невработени, а по извесно време жената се вработи , тогаш автоматски мажот станува жена во врската ?
Ако некој, тато или чичо го клале на работа автоматски му ја покачуваат машкоста ?
итн итн

Затоа и оваа дискусија ја почнав со терминот лигуши. Значи од мал човек се познава дали работи или не работи. Кога почнува од 18 години да чепка по нешто пример келнер, аплицира на размена на студенти со желба да заработи, иде на брод, преку лето иде до Црна Гора, оди во стовариште, печуркари и слични примери нема да има тој човек проблем во животот. Почнал сам да ја искусува парата, создава, работи. Проблемот се јавува кај оние мамини синчиња / ќерки кои со прст не мрднале да си заработат џепарац. Завршил факултет, му го платиле факултетот (што да се разбере воопшто не е мала сума ако студира во друг град, според некои пресметки за 4 години се трошат околу 10 000 евра за студирање), аплицира за работа и си игра игрици, брка женски, дома му готват, чистат, итн. Тешко се наоѓа работа, тоа е факт. Но во рок од 5 години ако не најдеш ниту една работа треба да се засрамиш. Не пробале ни како волонтери. Едноставно се облегнале на своите и чекаат работа од небо да им падне. Што треба да очекуваш од таков човек? Утре да ти гледа куќа и деца? Не бе пријателе, тој ќе го избркаат од мрза уште на првото работно место, ќе се увлече у стан и ќе кука по цел ден за државата. Тој нема работна навика, амбиции нула.

Друга работа е ако остане без работа, му намалиле плата, тоа е секојдневие во Македонија. Затоа велам поддршка е главната релација во врска. Нема животот една линија, таа иде нагоре, па надоле кон дното, па потоа нагоре, итн. Ако денес не заработи тој човек, утре сигурно ќе заработи, зошто човекот сака да работи.

Ако го ставила партија или тате му наместил он уште да ја опне е избор на секого. За мене тие ликови воопшто не се инспирација за пар.

Дојде време во кое никој никого не рани на долги релации, немој нека не се залажува некој дека ти ќе лежиш а некој ќе те рани 10 години дали си маж или жена небитно. Освен ако не си некој дебелокожец и цела храна низ нос да ти испаѓа при прва кавга.
 
Парите ви го испраа мозокот. :sick:
И после се чудиме кога видиме дека некоја 25-годишна манекнка се омажила за некој 50-годишен што работи во НБРМ, а го оставила дечко и оти бил невработен. :icon_lol:
Ако не работи ете ја европа таму сигурно ќе најде работа, па морало да останат да живеат тука во оваа пустелија. :D
 
После оваа дискусија предлагам да се смени насловот на форумот „Љубов и секс“ во „Пари и секс“ а сите оние „семе синапово“ коментари дека не се важни парите туку љубовта да се избришат. Веќе нема место за такви патетики во ова современо либерално време во 21 век. Зборуваме за современи жени/мажи.

Ме интересира само околу втората точка.
Ако мажот бил вработен и земал поголема плата тогаш ете по некојси ваши закони е привлечен и мажествен. Што ако во меѓувреме ја изгуби работата ? Нема повеќе да ви биди привлечен, мажествен ? Ако ја изгуби работата заборава и да љуби и да води љубов ? Време е жената да си бара друг партнер со поголема плата ?
Ако двајцата се невработени, а по извесно време жената се вработи , тогаш автоматски мажот станува жена во врската ?
Ако некој, тато или чичо го клале на работа автоматски му ја покачуваат машкоста ?
итн итн

Ништо, тогаш мажот автоматски губи од маженственоста и инспиративноста. Нели сме современи треба да се привикнува и мажот на новите трендови. Современата жена нема што да се замара да му дава поддршка и да биде тука за него, да ги цени неговите амбиции или таа да превзема одговорност во врската или семејството. Тоа не е нејзина работа. Она треба да биде послабиот и да се потпира на појакиот – мажот. Нејзината улога е да си ја брка кариерата(ако ја има) и да се потпира на својот инспиративен маж, се додека е инспиративен. Ако се случи мажот да ја изгуби работата на подолг рок и да нема можност да пронајде саглам работа, или да мора да работи за мали пари, што е многу веројатно во оваа партиска повраќаница од држава или во услови на економски кризи, тогаш жената размислува современо и ги превзема следните современи чекори:
Се зачленува во партијата на власт, станува активист, се разминичува, излегува со другарките, си го пимпа фејбукот, се регистрира на форуми и флерта ширејќи ги нозете со некои така по инспиративни мажи од владеачката партија или некој гастербајтери, и во некој од нив се вљубува инстантно не поради слични сфаќања или афекција туку поради неговата инспиративност , а одма го откачува веќе неинспиративниот невработен маж кој се мачи со барање работа. Оти нели автоматски врската се разнишува ако мажот невработен или ако работи ама не зема голема плата.
Така е тоа денес кај современите жени. А, бидејќи современите вредности и либерализмот наметнуваат супер слобода, таа после може да си дозволи и аферичка со некој не толку инспиративен ама јебозовен колега или келнер, threesome или оргиичка чисто заради стрес менаџмент или зачинување на сексуалниот живот во духот на современоста.

Тоа треба да го сфатиме ние мажите денес. Жените затоа селективно бираат партнери. Не е доволно да сте на иста фреквенција, да имате исти сфаќања или да е вработен оти многу е веројатно некој што е вработен утре да биде невработен односно недоволно маженствен и инспиративен.
 
Немој да го губите тлото под нозе и да влегувате во кукачки филм, од тоа полошо нема. Неспособноста на секоја индивидуа да создаде, не смее да се префрла врз партнерот. Ако неможете да создадете и не ви се допаѓа ситуацијата во која сте, не ви е крив женскиот свет. Туку потрудете се да бидете подобри од она што сте. Толку е едноставно. Немоќта се манифестира токму на овој начин: Жените се изменија, само пари сакаат, спонзоруши, курви, ќе ме фрли за прв подобар. А вистината е немоќен си.
 
Затоа и оваа дискусија ја почнав со терминот лигуши. Значи од мал човек се познава дали работи или не работи. Кога почнува од 18 години да чепка по нешто пример келнер, аплицира на размена на студенти со желба да заработи, иде на брод, преку лето иде до Црна Гора, оди во стовариште, печуркари и слични примери нема да има тој човек проблем во животот. Почнал сам да ја искусува парата, создава, работи. Проблемот се јавува кај оние мамини синчиња / ќерки кои со прст не мрднале да си заработат џепарац. Завршил факултет, му го платиле факултетот (што да се разбере воопшто не е мала сума ако студира во друг град, според некои пресметки за 4 години се трошат околу 10 000 евра за студирање), аплицира за работа и си игра игрици, брка женски, дома му готват, чистат, итн. Тешко се наоѓа работа, тоа е факт. Но во рок од 5 години ако не најдеш ниту една работа треба да се засрамиш. Не пробале ни како волонтери. Едноставно се облегнале на своите и чекаат работа од небо да им падне. Што треба да очекуваш од таков човек? Утре да ти гледа куќа и деца? Не бе пријателе, тој ќе го избркаат од мрза уште на првото работно место, ќе се увлече у стан и ќе кука по цел ден за државата. Тој нема работна навика, амбиции нула.

Друга работа е ако остане без работа, му намалиле плата, тоа е секојдневие во Македонија. Затоа велам поддршка е главната релација во врска. Нема животот една линија, таа иде нагоре, па надоле кон дното, па потоа нагоре, итн. Ако денес не заработи тој човек, утре сигурно ќе заработи, зошто човекот сака да работи.

Ако го ставила партија или тате му наместил он уште да ја опне е избор на секого. За мене тие ликови воопшто не се инспирација за пар.

Дојде време во кое никој никого не рани на долги релации, немој нека не се залажува некој дека ти ќе лежиш а некој ќе те рани 10 години дали си маж или жена небитно. Освен ако не си некој дебелокожец и цела храна низ нос да ти испаѓа при прва кавга.
Зашто мислите дека во брак ако едниот не работи пред се мислам на жената дека ја рани мажот а таа се излежава и некои употребуваа дури и спонзоруша ... јас израснав во семејсто каде мајка ми и покрај тоа што завршила факултет по желба на татко ми таа останала дома да биде домаќинка зашто на татко ми му беше таква работата да биде често отсутен од дома ,и покрај тоа што мајка ми не работеше татко ми се што изгради купи ,куќа ,стан ,кола викендица.. се ги заведуваше како заеднчки на него и мајка ми,сметката беше заедничка .Мајка ми јас никогаш не се секавам да имаше време доволно само за себе дури едвај ке одвоеше време за фризер ,козметичар ... од обрските што ги имаше , дома околу нас ,одржување на куката ,перење ,пеглање,секогаш топол домашен доручек ,ручек, вечера ,пазарење...додека бевме мали носење во школо ,учење со нас ......и навистина и сум благодарна денес за тоа тоа што ни го пружи ,пред се за лубовта и несебичната грижа за нас ,што направија да израснеме во нормални особи со убаво детство во еден“топол“ дом полн со љубов ,и секогаш кога ке одам дома секогаш за мене е тоа како смирувачка терапија .А директно за насловот на тема ,мслам дека е апсурдно ако некого вистински сакаш да не се мажиш за него затоа што не е вработен односно поради финансиите . Па ако немаш тука можности имаш можности да заминеш во странство ,парите се менлива категорија ,најважна е љубовта за да опстои еден брак на долги стази
 
Имало доволно, немало потреба да иде на работа. Дали мислиш дека денес е такво време каде еден има доволно пари за цело семејство? Ајде да речеме дека јас сум нереална, дали има фамилија која може да се издржи од една просечна Македонска плата и да создаде онолку колку што создал татко ти?
 
Од последниве некакви поста можам да заклучам дека имало интересна дискусија поназад. :icon_lol:

Како и да е, мене не би ми сметало. Се додека јас сум вработена и мојата плата е доволна за да ги покриеме месечните трошоци - е во ред.
Пред да почнете да ми серете, ќе ви раскажам една случка.. Еден ден, се враќа мојот дома многу порано, со натажена фаца... Исплашено го прашав што се случило, рече дека ја изгубил работата. Јас само го гушнав и му реков да не се секира, ќе се снаоѓаме некако со мојата плата(која за разлика од неговата беше мизерна). Шизикот почна да се смее, МЕ ТЕСТИРАЛ! :mad:

Не знам за тебе ама мене ептен смешно ми падна приказнава.Во моментот да ми се деси вакво нешто и јас би бил :mad: ама отпосле ќе пукнам од :pos:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom