Светско првенство во водени спортови - Барселона 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.049
Поени од реакции
16.577
BCN2013_PVCL_RGB.jpg
Oд 19ти јули во Барселона ќе започне 15то Светско првенство во водени спортови, и ќе трае се до 4ти август. Барселона по 10 години повторно ја доби организацијата на ова првенство.
Под категорија водени спортови се наоѓаат пливањето, ватерполото, синхронизирано пливање, скокови во вода и пливање на отворено (маратон, полумаратон..).
Први што ќе го отворат првенството се скоковите во вода, синхронизираното пливање и пливањето на отворено, подоцна т.е на 21ви јули започнува и првенството во ватерполо, каде ќе привлече најголемо внимание после пливањето, пливачите своите настапи ќе ги започнат една недела подоцна од ватерполистите.

Распоред на групите во ватерполото
Група А - Грција, Црна Гора, Нов Зеланд, Шпанија
Група Б - Хрватска, САД, Јужна Африка, Канада
Група Ц - Австралија, Кина, Србија, Унгарија
Група Д - Италија, Германија, Казахстан, Романија

Иронија е тоа што сите репрезентации се пласираат понатаму, и ќе се игра 1/8 финале. Ќе вкрстат група А со група Б и група Ц со група Д.
Титулата од Шангај 2011 ја брани репрезентацијата на Италија, среброто им припадна на Србија, а бронзата на Хрватска.

Како главен фаворит е Србија, која пред неполн месец ја освои Светската лига, и тоа со подмпладен состав и со нов тренер. Тука секако ќе се и Црногорците, Хрватите, Италијанците, па и репрезентацијата на Унгарија. Не смее да се заборави и на САД чии селектор е Дејан Удовичиќ.

Натпреварите ќе се играат на овој базен кој е со капацитет од 3000 гледачи -
piscines-bernat-picornell-stade-_-olympique-bercel_400_300.jpg
Како што напоменав погоре, можеби и главниот настан од сите спортови, а тоа е пливањето и пливачките натпревари, ќе започнат на 28 јули и ќе траат се до крајот на првенството.
Ќе се доделат вкупно 40 медали во машка и во женска конкуренција, ќе се плива како што сме запознаени во четири стила, слободен, грбно, градно и делфин.
Пливачките натпревари ќе се одржат во салата Сан Жорди, која е мултифункционална и во неа се одржуваат повеќе спортови, но овој пат ќе биде наменета за најдобрите пливачи на денешницата -
seus-sant-jordi.jpg

Според првичните најави ќе гледаме доста возбудливи трки на првенството.
Преноси од овој настан ќе врши Еуроспорт, квалификации и финални натпревари. За Ватерполото немам информација која тв куќа ќе го пренесува настанот.
 
Во планови ми е да ги следам водениве спортови, ако даваат на Еуроспорт каналите одлично.
 
На еуроспорт најверојатно се освен ватерполото ќе биди, како и до сега што правеле.
 
Ватерполо гледам, другиве ми се здодевни.
 
Штета се распаднаа нашите ватерполисти, нема пари нема спорт... од љубов никој не игра, а беа првите спортисти на национално ниво што освоија медал (бронза) во групни спортови (на универзијадата во Кина) и тоа никој не знае уште за тоа, а не па пари да добијат или дочек како што беа кошаркарите или ракометарите.
 
И ватерполото ќе биде пренесувано на Еуроспорт, мислам дека за прв пат ќе вршат преноси, барем од кога следам СП во водени спортови, никогаш не пренесувале ватерполо.
Иначе започнаа некои од спортовите, далечинско пливање, 5 километри. Скокови во вода, синхроно пливање..
 
Започнаа натпреварите во ватерполо, се одиграа 2 кола, 2 коло е во тек, некои од натпреварите се завршени, некои ќе започнат подоцна. Во дербито на денот Србија после пресвртот во првата четвртина ја совлада Унгарија со 13-10.
Во првото коло изненадување приреди репрезентацијата на Грција, која ја совлада Црна Гора со 6-4.
Другите резултати се очекувани, фаворитите ги освоија првите поени.
 
Слабо коментирате на темата, а денеска започнуваат натпреварите и во пливање, од 18 часот се закажани полуфиналните/финалните трки.
Што се однесува до ватерполото, веќе сме во втората фаза, како што напоменав погоре, сите репрезентации се пласираа понатаму и се прават 8 двојки.
1/8 финале:
Грција - Јужна Африка 13-5
Црна Гора - Канада 12-4
Хрватска - Нов Зеланд 21-4
САД - Шпанија 6-10
Србија - Романија
Унгарија - Казахстан
Италија - Кина
Германија - Австралија
 
Слабо се пратат спортовиве кај нас..

едит:
За малце Ледецки ќе го срушеше рекордот на Пелегрини од 2009, ама изгуби снага на крај неможеше. За 7 десетинки изгледа не го сруши рекордот, како што разбрав од коментаторот на Еуроспорт.
 
Avstralija ja upropasti stafetata so poslednata izmena :(
--- надополнето: 28 јули 2013 во 19:43 ---
Kakva pobeda na Francija vo stafetata :vozbud:
 
Француска штафета им го начука на Америте и Русите.:icon_mrgr: Мерачки, не дека ги сакам и тие, ама, далеку подобра опција отколку овие две.
 
Французиве :cuc: а воедно и тркава беше за :cuc:. Одлично каков завршеток имаше ауф. (y)
 
Криво ми е за женската штафета на Австралија , но Алиша Кутс потфрли во последната измена можеби и поради што претходно настапи во полуфинале на 200м мешано.
 
Мене ми е многу криво што дури денеска почнав да го следам првенствово ако не ја отворев темава случајно немаше ни да го гледам.
Ето вчера сум пропуштила победа на Французите на штафетата 4х100 слободно. Моментално на Еуроспорт се квалификации пливање дека денеска ми е прв ден како ги следам во колку се полуфиналињата/финалињата?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom