Bodhidharma
Avatara
- Член од
- 17 септември 2011
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 15.399
Машала, ја сам поприлично изненаџенМислам дека во суштина сите на форумов имаме еднакви ставови или во најмала рака се толку слични да може да се групираат во едно множество.
Сите дискусии се сведуваат на теоретска основа и прифаќање докази, факти, или некакви експерименти кои нудат поголема веројатност од некои други докази, факти и експерименти.
Се е калкулација. Се е теорија.
Го дебатираме Биг Бенгот а не знаеме што допринело да се случи.
Дебатираме за Теорија на еволуција (посебно помеѓу видовите) а не знаеме како дошло до создавање на првото множество праклетки, то ест ВЕРУВАМЕ дека СЛУЧАЈНО се наредил ланецот што живот дава, ама тоа не не интересира како настанало туку од него натака ќе разговараме..
Дебатираме за абиогенеза, а само претпоставауваме какви биле условите на првобитната земја.
Дебатираме за (не)постоење на Господ, Бог, Повисок Е нтитет а не знаеме што подразбираме под тој поим.
Дебатираме дали Исус Воскреснал а не знаеме што подразбираме под воскреснување.
Дебатираме дали Библијата е точна или не, а не знаеме во дискусијата дали ќе говориме во буквален или во метафоричен стил.
Вистината е дека сме пионери во областите кои ги тангираат овие прашања.
Се е можно од наведените дискусии, и во исто време ништо не е можно.
Ако еволуцијата на пример (јеби га мене омилената дискусија ) има многу повеќе приврзаници и нуди далеку поголема веројатност, од неа спротивставената тероија на креација, тогаш воопшто не значи дека е вистината гледана од некој друг апсолутен систем.
Затоа велам дека овие дискусии имаат и доста философија во нив.
Најубаво се решаваат дилемите во дружба и пијачка
Ова е квантен скок веќе во набљудувањето на феномените.