- Член од
- 26 септември 2011
- Мислења
- 539
- Поени од реакции
- 2.371
УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ПРЕАМБУЛА
Тргнувајќи од историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот
народ и од неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање
своја држава, а посебно од државно-правните традиции на Крушевската република и
историските одлуки на АСНОМ и уставно-правниот континуитет на македонската држава
како суверена република во Федеративна Југославија, од слободно изразената волја на
граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година, како
и од историскиот факт дека Македонија е конституирана како национална држава на
македонскиот народ во која се обезбедува целосна граѓанска рамноправност и трајно
сожителство на македонскиот народ со Албанците, Турците, Власите, Ромите и другите
националности кои живеат во Република Македонија, а со цел:
- Република Македонија да се конституира како суверена и самостојна и како граѓанска
и демократска држава;
• да се воспостави и изгради владеењето на правото како темелен систем на
власта;
• да се гарантираат човековите права, граѓанските слободи и националната
рамноправност;
• да се обезбеди мир и сожителство на македонскиот народ со националностите
кои живеат во Република Македонија и
• да се обезбеди социјална правда, економска благосостојба и напредок на
личниот и заедничкиот живот.
Собранието на Република Македонија, донесува
УСТАВ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
I. ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Член 1
Република Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава.
Суверенитетот на Република Македонија е неделив, неотуѓив и непренослив.
Член 2
Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на
граѓаните.
Граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани
претставници, по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.
Член 3
Територијата на Република Македонија е неделива и неотуѓива.
Постојната граница на Република Македонија е неповредлива.
Границата на Република Македонија може да се менува само во согласност со Уставот.
2
Член 4
Граѓаните на Република Македонија имаат државјанство на Република Македонија.
На државјанин на Република Македонија не може да му биде одземено државјанството,
ниту да биде протеран или предаден на друга држава.
Државјанството на Република Македонија се уредува со закон.
Член 5
Државни симболи на Република Македонија се: грб, знаме и химна.
Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се
донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Член 6
Главен град на Република Македонија е Скопје.
Член 7
Во Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско
писмо.
Во единиците на локалната самоуправа во кои како мнозинство живеат припадниците
на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и кирилското
писмо, се и јазикот и писмото на националностите на начин утврден со закон.
Во единиците на локалната самоуправа во кои како значителен број живеат
припадниците на националностите, во службена употреба, покрај македонскиот јазик и
кирилското писмо, се и јазикот и писмото на националностите, под услови и на начин
утврдени со закон.
Член 8
Темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се:
• основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати со меѓународното
право и утврдени со Уставот;
• слободното изразување на националната припадност;
• владеењето на правото;
• поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска;
• политичкиот плурализам и слободните непосредни и демократски избори;
• правната заштита на сопственоста;
• слободата на пазарот и претприемништвото;
• хуманизмот, социјалната правда и солидарноста;
• локалната самоуправа;
• уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на
животната средина и на природата и
• почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право.
• Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането.
II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ
3
1. Граѓански и политички слободи и права
Член 9
Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од
полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и
верското уверување; имотната и општествената положба.
Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви.
Член 10
Животот на човекот е неприкосновен.
Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.
Член 11
Физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени.
Се забранува секој облик на мачење, нечовечко или понижувачко однесување и
казнување.
Се забранува присилна работа.
Член 12
Слободата на човекот е неприкосновена.
Никому не може да му биде ограничена слободата, освен со одлука на судот и во
случаи и во постапка утврдена со закон.
Лицето повикано, приведено или лишено од слобода мора веднаш да биде запознато со
причините за неговото повикување, приведување или лишување од слобода и со
неговите права утврдени со закон и од него не може да се бара изјава. Лицето има
право на бранител во полициската и судската постапка.
Лицето лишено од слобода мора веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од моментот на
лишувањето од слобода, да биде изведено пред суд, кој без одлагање ќе одлучи за
законитоста на лишувањето од слобода.
Притворот може да трае по одлука на суд најдолго 90 дена од денот на
притворувањето.
Притвореното лице може под услови утврдени со закон да биде пуштено да се брани од
слобода.
Член 13
Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не
биде утврдена со правосилна судска одлука.
Лицето незаконито лишено од слобода, притворено или незаконито осудено, има право
на надомест на штета и други права утврдени со закон.
4
Член 14
Никој не може да биде казнет за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со
закон или со друг пропис како казниво дело и за кое не била предвидена казна.
Никој не може повторно да биде суден за дело за кое веќе бил суден и за кое е
донесена правосилна судска одлука.
Член 15
Се гарантира правото на жалба против поединечните правни акти донесени во постапка
во прв степен пред суд, управен орган или организација или други институции што
вршат јавни овластувања.
Член 16
Се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на
мислата.
Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното
основање на институции за јавно информирање.
Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и
пренесување на информации.
Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање.
Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно
информирање.
Цензурата е забранета.
Член 17
Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење.
Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост
на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го
бараат интересите на одбраната на Републиката.
Член 18
Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци.
На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што
произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.
Член 19
Се гарантира слободата на вероисповеста.
5
Се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на
верата.
Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се
одвоени од државата и се еднакви пред законот.

слободни во основањето на верски училишта и на социјални и добротворни установи во
постапка предвидена со закон.
Член 20
На граѓаните им се гарантира слободата на здружување заради остварување и заштита
на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања.
Граѓаните можат слободно да основаат здруженија на граѓани и политички партии, да
пристапуваат кон нив и од нив да истапуваат.
Програмите и дејствувањето на здруженијата на граѓаните и политичките партии не
можат да бидат насочени кон насилно уривање на уставниот поредок на Републиката и
кон поттикнување или повикување на воена агресија или разгорување на национална,
расна или верска омраза или нетрпеливост.
Забранети се воени или полувоени здруженија што не им припаѓаат на вооружените
сили на Република Македонија.
Член 21
Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без
претходно пријавување и без посебна дозвола.
Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и
вонредна состојба.
Член 22
Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право.
Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори
со тајно гласање.
Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.
Член 23
Секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавни функции.
Член 24
Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите
јавни служби и на нив да добие одговор.
Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици
за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.
6
Член 25
На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот
личен и семеен живот, на достоинството и угледот.
Член 26
Се гарантира неповредливоста на домот.
Правото на неповредливост на домот може да биде ограничено единствено со судска
одлука кога е во прашање откривање или спречување, на кривични дела или заштита
на здравјето на луѓето.
Член 27
Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на
територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште.
Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во
Републиката.
Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите
кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на
кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.
Член 28
Одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин.
Остварувањето на ова право и должност на граѓаните се уредува со закон.
Член 29
Странците во Република Македонија уживаат слободи и права гарантирани со Уставот,
под услови утврдени со закон и меѓународни договори.
Републиката им гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство,
прогонети заради демократско политичко уверување и дејствување.
Екстрадиција на странец може да биде извршена само врз основа на ратификуван
меѓународен договор и врз начелото на реципроцитет. Странец не може да биде
екстрадиран заради политичко кривично дело. Дејствијата на тероризам не се сметаат
за политички кривични дела.
2. Економски, социјални и културни права
Член 30
Се гарантира правото на сопственост и правото на наследување.
Сопственоста создава права и обврски и треба да служи за добро на поединецот и на
заедницата.
7
Никому не можат да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои
произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон.
Во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на
сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од
пазарната вредност.
Член 31
Странско лице во Република Македонија може да стекнува право на сопственост под
услови утврдени со закон.
Член 32
Секој има право на работа, слободен избор на вработување, заштита при работењето и
материјална обезбеденост за време на привремена невработеност.
Секому, под еднакви услови, му е достапно секое работно место.
Секој вработен има право на соодветна заработувачка.
Секој вработен има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права
вработените не можат да се откажат.
Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и
со колективни договори.
Член 33
Секој е должен да плаќа данок и други јавни давачки и да учествува во намирувањето
на јавните расходи на начин утврден со закон.
Член 34
Граѓаните имаат право на социјална сигурност и социјално осигурување утврдени со
закон и со колективен договор.
Член 35
Републиката се грижи за социјалната заштита и социјалната сигурност на граѓаните
согласно со начелото на социјална праведност.
Републиката им гарантира право на помош на немоќните и на неспособните за работа
граѓани.
Реубликата им обезбедува посебна заштита на инвалидните лица и услови за нивно
вклучување во општествениот живот.
Член 36
Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката
војна и од сите националноослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди,
на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и
8
неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за
материјална и социјална егзистенција.
Посебните права се уредуваат со закон.
Член 37
Заради остварување на своите економски и социјални права, граѓаните имаат право да
основаат синдикати. Синдикатите можат да основаат свои сојузи и да членуваат во
меѓународни синдикални организации.
Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на синдикално
организирање во вооружените сили, полицијата и органите на управата.
Член 38
Се гарантира правото на штрајк.
Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во
вооружените сили, полицијата и органите на управата.
Член 39
На секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита.
Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и
здравјето на другите.
Член 40
Републиката му обезбедува посебна грижа и заштита на семејството.
Правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница се уредуваат со закон.
Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на
децата. Децата се должни да се грижат за старите и изнемоштени родители.
Републиката им обезбедува посебна заштита на децата без родители и децата без
родителска грижа.