Македонски специјални единици (полициски и воени)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
12 години од смртта на БЛАШКО ТОЛЕВ од Кавадарци

Кобен беше 1ви јули 2001 година за младиот војник од с. Марена. По отслужувањето на воениот рок, 21-годишниот Толев не се вратил во родното село, туку останал да ја брани татковината. Загина во напад на терористите на тетовското Кале.

Блашко Толев беше прва жртва од овој крај во конфликтот од 2001 година. Толев беше припадник на редовниот состав на Армијата на Република Македонија кој наместо да му се радува на младешкиот живот, ја облече воената униформа и го загуби животот за родната земја.

Претседателот на Совет на општина Кавадарци, Илија Тренчев, посочи дека наскоро на седница на Совет на општина Кавадарци ќе биде донесена одлука за преименување на улица во Кавадарци со името на Блашко Толев.
Да беше жив, Блашко Толев ќе имаше 31 година, но загина млад и ни остави аманет да ги почитуваме херојските подвизи и да ги воздигнуваме високите идеали.

ПОЧИВАЈ ВО МИР ЈУНАКУ!

998987_403359123115542_522804220_n.jpg
 
БИТКА ШТО ТРАЕ ЦЕЛИ 12 ГОДИНИ

Загинаа за државата, а нема кој да ја исправи неправдата за нивните семејства
На ова злокобно место, на гробиштата на скопското село Брњарци, во јуни пред 12 години загинаа тројца бранители, припадници на полицијата, Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев.

На истото место на 23 јуни 2001 година, во акција за ослободување на Арачиново кај гробиштата, од артилериски оган тешко беше ранет Оливер Китановски, припадник на Единицата за специјални задачи „Тигар“ Почина по пет дена, а имаше само 21 година. Грамадата од гробни плочи искршени од експлозијата на гранатата сведочи за овој трагичен настан, за кој со пресуда на Врховниот суд, по долгата и мачна битка, мајките што останаа без синови и децата што останаа без родител, не добија целосно обесштетување.


Четворицата бранители, како што сведочат нивни колеги, доброволно се пријавиле да учествуваат во првите редови во акцијата за ослободување на Арачиново.

Ако пред 12 години околностите под кои загинаа беа криени под назнаката „строго доверливо“, сега веќе отворено се зборува, а тоа го знаат и членовите на семејствата, дека полицајците загинале од пријателски оган. Поранешни разузнавачи повикувајќи се на официјалната документација, која досега не е обелоденета, тврдат дека поради некоординираност на Министерството за одбрана и на Министерството за внатрешни работи, кои функционираа во тогаш формираната широка влада, во акцијата за ослободување на Арачиново полицајците загинале од граната на македонската армија, а не во борба со припадниците на ОНА.


Дали овој строго чуван извештај би можел да фрли ново светло и да отвори нова постапка за обесштетување на семејствата засега е неизвесно.


Бранителите на правдата велат дека независно од овој факт, за семејствата на трагично загинатите припадници на МВР во конфликтот во 2001 година што не добија целосно обесштетување треба конечно да се отвори патот до правдата, а Врховниот суд да си ја признае грешката направена поради политички притисок, а не поради правично судење.


mkd-61988.jpgmkd-61982.jpgmkd-61984.jpgmkd-61985.jpg


Гробиштата на скопското село Брњарци 2013
 
Братче нашиот беровски специјалец никола пехчевски што беше во тигрите умира на гробиштата од АРМИСКА артилериска граната.Само среќа шо гранатата го погодила директно него инаку да било некаде измеѓу и повеќе би умреле.Инаку гранатата го погодува точно во главата и до стомакот од него ништо и ова шо го напишав сакам да е строго доверливо само ние членовите на темата само да го знаеме.Инаку информацијата ја знам оти и јас сум од берово и тој живееше малку подалеку од мене.Шо ви кажував чичко ми у тигрите шо беше инструктор целата 2001 рамо до рамо на растојание од 1 метро цело време се и на Брњанци никола лежел лево а чичко ми десно гранатата паѓа директно во никола.Повеќе не ни кажувам а има уште многу што чичко ми ми кажа.И тој самиот си рече рацете ни беа врзани да ни дадеа за 2 саати ќе ги згазевме. :mad:
 
Братче нашиот беровски специјалец никола пехчевски што беше во тигрите умира на гробиштата од АРМИСКА артилериска граната.Само среќа шо гранатата го погодила директно него инаку да било некаде измеѓу и повеќе би умреле.Инаку гранатата го погодува точно во главата и до стомакот од него ништо и ова шо го напишав сакам да е строго доверливо само ние членовите на темата само да го знаеме.Инаку информацијата ја знам оти и јас сум од берово и тој живееше малку подалеку од мене.Шо ви кажував чичко ми у тигрите шо беше инструктор целата 2001 рамо до рамо на растојание од 1 метро цело време се и на Брњанци никола лежел лево а чичко ми десно гранатата паѓа директно во никола.Повеќе не ни кажувам а има уште многу што чичко ми ми кажа.И тој самиот си рече рацете ни беа врзани да ни дадеа за 2 саати ќе ги згазевме. :mad:

И во сон да ме прашаш, ќе знам дека чичко ти бил во тигрите :нинџ:
 
Уште 2 страни и се близи јубилејната 200 та страна од оваа тема,гледам опаѓа интересот на оваа тема,па ке отварам нова тема за БСН Волци наскоро и ке ве известам после 200 та страна.
Еве како изгледаше книшка на припадник на Единици за Специјална Намена во моето време ЕСН Волци

1013496_10152063781042575_1429853275_n.jpg

1010991_10152063780417575_1318272813_n.jpg
 
11.07.2013, 14:32
Приведени полицајци и командири на гранична полиција



Двајца командири на гранична полиција и неколку полициски службеници се приведени во полициска акција во западна Македонија која се спроведуваше во текот на денешниот ден. Според првичните информации уапсени се повеќе од 15 лица, меѓу кои двајца командири на граничната полиција и неколку полициски службеници.

Извршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција. Акцијата е дел од борбата против организираниот пограничен криминал - круимчарење на добиток, над 1000 грла добиток од Македонија нелегално биле пренесени во Албанија. Групата главно се бавела со шверц на добиток од Албанија и противправно заработила милионски суми. Штетата по буџетот изнесува неколку стотици милиони евра.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека во тек е полициска акција и повеќе детали најавуваат за денеска.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1EF6A7A67CD2744886155B6A501AAAA3
--- надополнето: 11 јули 2013 во 16:53 ---
Во полициска акција во западна Македонија, која е во тек, досега се приведени 15 – тина лица од кои неколку полициски службеници, а двајца од нив командири, кои нелегално криумчареле добиток од Македонија за Албанија.


Извршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција.
--- надополнето: 11 јули 2013 во 16:54 ---
bravo
--- надополнето: 11 јули 2013 во 16:56 ---
--- надополнето: 11 јули 2013 во 16:58 ---
--- надополнето: 11 јули 2013 во 17:14 ---
малку офтопик ама интересно
http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=59719#.Ud7LJeXfLTo
 
Уште 2 страни и се близи јубилејната 200 та страна од оваа тема,гледам опаѓа интересот на оваа тема,па ке отварам нова тема за БСН Волци наскоро и ке ве известам после 200 та страна.


Зашто нова ? Дискусијата опаѓа... Тие се материјалите што ги имаме, едни те исти слики-клипови се вртат цело време.
Да не правам сега споредба со Србите, ама луѓето имаат баааѓи рекламен материјал, општи информации, слики-клипови, песни, маички, респект за своите единици.

п.с.Ја спремам збирката на амблеми, ми фали само од ПЕП. Ако има некој, може да менуваме нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom