На светов има многу убави плажи – секоја со некоја своја посебна карактеристика. Но според искуствата на многумина, сепак концентрација на најмногу уникатни и ’рајски‘ места има во Тајланд. Токму затоа и го направивме овој прилог...
Овде неможе да се каже дека постојат стандардни предели со песок, овде посетителите откриваат цели дини како од прав, а кристалните води на океанот се со врвна чистина. Со други зборови, може да се рече дека дури Робинсон Крусо би има позавидел на местава. Но да започнеме по ред, да ве запознаеме со нашиот избор, а вие потоа ќе одлучите која од овие убавици најмногу му одговара на вашиот стил и карактер, односно дали ги поседува сите квалитети кои што вие ги барате за идеално место за одмор.
Hat Phra Nang
Убавината на местово прво ве става во состојба на шок и неверување. Перфектен песок, природно исклесани карпи, пештери, вода со боја на смарагд на кои пловат шарени бродчиња. Овој агол на индискиот океан е многу повеќе од само удобно местенце, овде во сезоната едноставно врие од туристи.
Hat Khao Lak
На оваа налик бескрајно закосена златна плажа, окована со камења, се доживуваат најубавите зајдисонца и се поминуваат бескрајно мрзеливи денови, во кои освен уживање и нема што друго да правите.
Ko Tao
Доколку барате и не можете да се решите помеѓу ’парче‘ врел песок и место на кое комплетно ќе ги одморите мозочните ќелии во еден пријатен ’испоснички‘ агол, далеку од сите останати – тогаш оваа е перфектното место за вас кое ги нуди обете задоволства.
Ko Mak & Ko Kut
Ова претставува типична класика за Тајланд. Плажа која што остава впечаток дека е на крајот од светот, со кристално чисти води и првобитен и несменет песок, како да е од самото настанување на земјата.
Ko Ngai
Ако имате желба сами да си готвите, место полно со риби, па така треба само да ископате дупка во песокот за оган, и откако ќе завршите, да посипете кофа со вода (по која не треба да одите стотици метри). Е ова токму таков вид на плажа. Овде кулирате, а на хоризонтот единствено се гледа делот од копното наречен Krabi.
Ao Bang Thao, Phuket
8 километри на бел песок, каде што морето по традиција е најмирно во текот на шпиц сезоната, а потоа пак се претвора во рај за секој сурфер, каде што мирните бранови стануваат мааалку поголемки. На оваа плажа се наоѓа по нешто за секој...
Ko Pha – Ngan
Секој месец, на ноќите со полна месечина, аџиите им оддаваат почести на Боговите на забавувањето (опс, ур!!), во ритмовите на Trance музиката, и обоени во неонски бои. Местово веќе повеќе од 15 години важи за најпарти плажа на светот, која што привлекува илјадници, илјадници посетители од целиот свет.