Не мислев дека Тевез ќе беше вишок као Робињо, во квалитативна смисла, туку ќе се створеше вишок во квантитативна смисла. Поготово ако над тоа, не успееа да го продаат Робињо. Мислев дека е глупо и несериозно да грмадиш играчи во тим, да не си сигурен дека ќе успееш да ги продадеш тие кои со тоа ќе бидат апла вишок (Робињо), а да си притиснат во ситуација да МОРАШ да ги продаеш.
Ако мислиш дека останувањето на Абијати и Бонера е несериозно, не е некој аргумент, затоа што јасно беше дека не можат да ги исчистат сите стари одеднаш. Не е ни здраво. Нема да ми смета Бонера во тим, ако не го глеам пречесто на терен. Ги тргнаа Амброзини, Јепес и Фламини. Не можеш да речеш дека нема подмладување. Има, иако тек треба да се оцени квалитетот на младите кои се промовираат во тим наместо овие.
Промовирање на Шарави и Де Шиљо, нивно носење до тоа ниво да чак одма влезат во репрезентација, а Де Шиљо па уште дрско се наметнува као стартер е подмладување. Носење на Балотели кој е стандарден првотимец во репрезентација, со одлични бројки е подмладување. Носење на Нијанг, кој на 18 години имаше блиску 30 настапи во Милан (најверојатно толку во Каен немаше да има) итоа солидни настапи ако се земе предвид возраста, неприродната позиција и дебитанската сезона во Италија е подмладување.
Од неиспробаните, замена на Јепес со Вергара наместо со Цивели е подмладување. Какво, тек ќе видиме.
Промоција на Кристанте во прв тим е подмладување. Сапонара е подмладување. Поли наместо Фламини е подмладување. Ќе повторам, колку квалитетни ќе видиме, ама се подмладувања. Искуствата од минатава сезона ми даваат за право да се надевам дека барем двајца од овие нови четворица засега, ќе се покажат солидни. А ни двајца не се малку. Замисли барем еден од овие догодина да дојде на ниво као Шиљо, да стане првотимец во репрезентација? Кој го очекуваше тоа од Шиљо?
Се согласувам дека треба да се тргне по централен дефанзивец затоа што ни јас не би им ја оставил одбраната во раце на Мексес и Запата. Ама ај кажи како да тргнат отсега кога моментално имаме 6 штопери во тим? Еве Саломон во договорот за Поли, нека го тргнат и Закардо и верувам дека ќе се ангажираат да донесат квалитетен штопер.
Засега не се влечат глупи потези какви што беа Траоре и Мезбах и слични. Искрено сум на штрек, да не не “изненадат“ со нешто такво, ама ај..

Летово не почна као ланското со “Траоре трансфер“ и со продажба на двајцата најдобри во тим. Полека... Ќе заклучуваме некаде пред Нова Година за потезите.
Јас искрено не видов дигање во небеси на Поли. Цитирај ми, ако ми избегало..
Што е до мене, јас Поли го гледам како засилување за овој среден ред на Милан. Според мене, тој знае појше фудбал од Фламини, од Траоре, од Ночерино, а верувам дека не е субјективно ако речам и од Мунтари.

На ваков среден ред во Милан, Поли е засилување во квалитативна смисла на зборот.

Најверојатно не е доволно, најверојатно треба уште некое поголемо, ама Поли е трансфер кој го подобрува средниот ред на Милан.
Ми се свиѓа што е млад, со простор за напредок, италијанец веќе со искуство и во репрезентација и што е технички подобар фудбалер од пола овие копачи кои Милан ги има за тој дел на теренот. Ми се свиѓа што дојде наместо Фламини и што во секој случај значи подмладување.
А и ... дали можда чувствувам страв, разочараност и несигурност во твојов пост? Дали можда најмалку сакаше да дојде во Милан откако вие одлучивте да не му давате шанса?
Духови прошлости?
Не верувам дека го сметаш за толку лош играч. Можда појше сакаш да не успее и да разочара отколку што си сигурен во тоа.